<< почеток

М И С И Ј А   И   Ц Е Л И

 
Mисијa и цели
Организациона структура
Органи на управување
Акти
Програма за работа
Извештаи за работа
Стручна служба
Финансирање
Публикации
надворешен линк
Законска регулатива
Контакт
 

 

 

 

 
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 

Мисијата на Центарот за континуирана едукација при ЗСРМ е да обезбеди високо-професионално и независно судство и доследно почитување и промовирање на принципите на владеење на правото преку едукација, публикации, дисеминација на информации и заложби за промени.

Основните цели и задачи на Центарот за континуирана едукација, насочени кон остварување на неговата определба, опфаќаат:

Цел 1: Постигнување на високи стандарди на професионалност, компетентност, стручност и морално-етичко однесување на:

- Судии
- Стручни соработници
- Административни работници
- Други субјекти кои учествуваат во постапките пред судовите

Цел 2: Следење, едуцирање и интегрирање во современите трендови од областа на правото

- Нова законска регулатива во РМ
- Европското право
- Учество и организација на домашни и меѓународни форуми
- Соработка со слични центри во светот

Цел 3: Прифаќање и промовирање на нови информациски технологии во судството

- Курсеви за странски јазици
- Курсеви за компјутери
- Електронска база за судиите
- Web-страница за ЗСРМ и ЦКЕ
- Градење на Интранет
- Електронска библиотека

Цел 4: Подобрување на пристапот на судиите до закони, судски одлуки и друга стручна литература

- Надградување на библиотеката со правна литература
- Воведување стручен прилог/судска практика во Судискиот информатор
- Користење на Интернет
- Постепено развивање на издавачка дејност

Цел 5: Анимирање на институциите за јавно информирање во врска со работата и функционирањето на судството

- Широка дистрибуција на Информаторот до медиумите
- Медиумско покривање на семинарите и активностите на ЦКЕ
- Прес-конференции
- Соопштенија до јавноста
- Брошури

Цел 6: Прераснување во Школа за судии и Регионален центар за земјите на југоисточна Европа

- Воспоставување соработка и размена на искуства со слични центри за судиска едукација
- Координирање на мрежата на соработка
- Учество и организирање на регионални конференции
- Студиски патувања

Цел 7: Издавачка дејност

Цел 8: Истражувачка дејност во врска со примената на правото

<< оди горе

 

     

_______________________________________________________
©
2001 Здружение на судиите на Република Македонија