Средба на претседателот Саити со експерти од Оценската мисија на Европската Комисија
15.12.2017 година
На 15.12.2017 година претседателот Саити оствари средба со експертите од Оценската мисија на Европската комисија, чија цел е да се обезбеди на ЕК и земјата-корисничка проценка за капацитетот на земјата за ефикасно решавање на случаи на корупцијаи организиран криминал од висок профил, вклучително и перењето пари, преку анализа на случаи и како по нив е постапено во текот на фазата на истрага, гонењето и судскиот процес до правосилноста на пресудата, вклучувајќи ја и конфискацијата на приноси од криминал.
На средбата, соговорниците разговараа за моменталните предизвици во судството и идните чекори. Во таа насока, претседателот Саити ги информираше експертите за напорите на Здружението на судиите во правец на реформата на правосудниот сектор, како и за заложбите за подобрување на статусните прашања на судиите и градење на релевантни механизми за независност на судството.
Соговрниците заклучија дека идните реформски активности треба да бидат транспарентни и во овој процес да се вклучат сите релевантни фактори на правосудсниот сектор.
|