Во текот на тринеделната програма, делегацијата посети повеќе институции во состав на правосудниот систем на САД, помеѓу кои: Врховниот суд на САД, Стејт Департментот на САД, Американската адвокатска Комора, Национален Судски Колеџ во Невада, како примарна институција за обезбедување едукација на судиите од САД и останатите земји во светот.Со цел запознавање со концептот на ресторативна правда, беше остварена посета во повеќе судови и судиски комисии во Колорадо Спрингс, Колорадо. Човековите права и социјалните прашања беа тема на посета на институциите во Синсинати, Охајо, каде беа посетени: Институтот за човекови права Урбан Морган, Првиот окружен апелациски суд, Правниот Факултет на Универзитетот во Синсинати, како и Полицискиот департман на Синсинати. Одговорноста во правниот систем, улогата на медијацијата, правни обуки и борба против корупција беа прашања кои се разгледаа преку посета на инстутциите во Њу Јорк, каде делагацијата имаше можност да се запознае со етичките практики, обезбедување транспарентност во правниот систем на САД, обука и професионален развој на судиите и обвинителите. Владата на САД поддржува програми кои имаат за цел да обезбедат заедничко осознавање помеѓу претставниците од двете држави. Специфична цел на работната посета беше запознавање со судскиот систем на САД во рамки на федералниот систем и поделбата на власта, унапредување на фер, транспарентно и независно судство, системот за менаџирање со судовите, мониторинг на судски процеси, како и системот на доедукација на судиите во САД.


|