Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
дводневна работилница за судска етика
 
November 27, 2018
Здружението на судиите во соработка со Холандската Амбасада преку проектот за обука на Советодавното тело за судиска етика, во периодот од 26-27.11.2018 година ја одржа првата дводневна работилница на тема „Судска етика, Советодавно тело за судска етика и статусот на судиите“. Работилницата, предвидена со проектната методологија, беше спроведена во соработка со Холандското здружение на судии и Здружението на судии на Р. Србија, преку учество на  судии со искуство во областа на судиската етика.

Целта на нивното учество е да се разменат ЕУ и регионални искуства во однос на статусот на судиите, статусот на судиската етика и како етичкиот кодекс се применува во практика, како во кодексот е регулиран начинот на примање на протоколарни подароци и други нематеријални бенефиции, каков е статусот на судиите поротници во нивните етички кодекси, како и други прашања поврзани со препораките на ГРЕКО.

На крајот од работилницата, учесниците донесоа соодветни заклучоци кои понатаму ќе бидат земени во предвид при утврдување на насоките за работа на Советодавното тело за судиска етика на Здружението на судиите на Република Македонија.
Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)