Институтот за европска политика успешно го спроведе проектот „Национална дебата за демократија“ во кој на дводневен настан кој се одржа на 22-23.06.2019 околу 150 граѓани дискутираа на теми за демократските институции и еднаквоста за сите.
Судијата д-р. Џемали Саити одговараше на прашањата на граѓаните од целата држава поврзани со демократските процеси во државата на националната дебата за демократија, организирана од Институтот за европска политика – Скопје во соработка со универзитетот Стенфорд од САД.
„Зружението на судии придонесе за реформските процеси во делот на правосудството. Голем дел од нашите забелешки беа прифатени од Министерството за правда. Во делот на реформите се направени пдобрувања, односно државата обезбеди процесни гранции за статусните права на судиите избор, унапредување, разрешување и оценување. Реформските процеси во делот на правосудството беа поздравени во Извештајот на Евроспката комисија. Европската Комсија го поздрави и формирањето на Судско медиумскиот совет од Здружението на судии, како прво тело вакво во регионот кое ќе придонесе за зголемување на транспарентноста на судството.“ – одговори судијата Саити на прашањето поставено од граѓанин во однос на системските реформи во судството.

|