Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
XVI Седница на Управен одбор - СООПШТЕНИЕ
 
December 20, 2022
 

                                                                                С О О П Ш Т Е Н И Е

Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија на денешната седница, расправајќи за новонастанатата ситуација во Апелационен суд Скопје, а по повод конкретна судска одлука, повикува на воздржаност и професионално однесување на сите чинители на општествено политичкиот живот, особено носителите на јавни функции од сите власти. Воедно ги повика надлежните судски власти, да ја разјаснат конкретната ситуација, согласно нивните законски овластувања и навремено да ги презентираат наоѓањата пред пошироката јавност, а во насока на намалување на шпекулациите, кои не го рушат само судскиот интегритет туку и севкупното функционирање и доверба во државните институци.

Различните државни власти овозможуваат функционалност на една демократска државата само доколку секоја пооделно се фокусира на своите надлежности, притоа исполнувајќи ги должностите кои произлегуваат од нивната Уставна поставеност.

Управниот одбор најостро ги осудува нападите врз судиите од било која страна, вклучително и говорот на омраза, кој прераснува во хроничен дефокус од потребите и заложбите на правосудниот сектор. Од друга страна, Управниот одбор ги повикува судиите да го потврдат својот интегритет, преку нивните одлуки и секојдневно однесување, истовремено охрабрувјќи ги медиумите на сеопфатно и објективно пренесување на случајот, со цел овозможување соодветни предуслови за реална перцепција од страна на општата јавност.

Скопје, 20 декември 2022 година.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)