за работа на Одборот на Центарот за континуирана едукација при
Зружението на судиите на Република Македонија
Член 1
Одборот на Центарот за континуирана
едукација при ЗСРМ (во понатамошниот текст Центарот) раководи со работата на
Центарот.
Член 2
Одборот на Центарот:
утврдува годишна програма за
едукација и истата по потреба ја надополнува;
утврдува финансиска програма,
пред почетокот на годината за која се однесува, истата по потреба ја
надополнува и се грижи за нејзината реализација;
се грижи за обезбедување на
материјалните и финансиските средства за работа на Центарот, самостојно
и заедно со сите органи и организации кои партиципираат во Одборот;
поднесува извештај за работата
на Центарот до Управниот одбор на ЗСРМ, најмалку шест месеци;
поднесува финансиски извештај
за средствата одобрени за работа на Центарот до Управниот одбор на ЗСРМ;
ја насочува работата на
Раководителот на Центарот;
презема други активности од
делокругот на својата работа.
Член 3
Одборот на Центарот работи на
седници, кои ги свикува Претседателот на Одборот, по потреба, на барање на
Претседателот на ЗСРМ, Претседателот на Собранието на ЗСРМ, на барање на
мнозинството членови на Одборот или на барање на Раководителот на Центарот.
Седниците на Одборот се јавни и на истите може да присуствуваат лица
вклучени во програмата за едукација на Центарот.
Член 4
Одборот може да работи доколку на
седниците присуствуваат повеќе од половината од членовите со право на глас.
Одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од присутните членови со право
на глас, при што ќе се има предвид мислењето на Раководителот на Центарот,
кој ќе води грижа за предлозите и укажувањата на лицата вклучени во процесот
на едукација.
Програмата за едукација, финансиската програма, извештајот за работа на
Центарот и финансискиот извештај се утврдуваат со мнозинство гласови од
членовите на Одборот на Центарот со право на глас.
Член 5
Во случај на несогласување со
одлуката на Одборот на Центарот, членот со право на глас или Раководителот
на Центарот може да побара од Управниот одбор на ЗСРМ да расправа по тоа
прашање.
Одлуката на Управниот одбор на ЗСРМ по тоа прашање е конечна и обврзувачка
за Одборот на Центарот.
Член 6
Одлуките на Одборот на Центарот,
програмата за едукација и другите цели и активности на Центарот непосредно
ги спроведува и извршува Раководителот на Центарот, со помош и насока на
Претседателот на Одборот.
Член 7
Претседателот на Одборот или членот
на Одборот што тој ќе го овласти, во договор со Раководителот на Центарот
самостојно одлучува за тековните работи и прашања сврзани со реализацијата
на планираните активности на Центарот.
На првата наредна седница, Одборот на Центарот ќе биде инфомиран за
преземените активности во смисла на став 1 од овој член.
Член 8
Измените и дополнувањата на овој
деловник се вршат на начин и во постапка како и за неговото донесување.
Овој деловник влегува во сила со
денот на неговото донесување.