|
Одборот на Центарот за континуирана едукација на ЗСРМ врз
основа на член 6 и од Правилникот за работа на Центар за континуирана
едукација при Здружението на судиите на Република Македонија и членот 8 од
Деловникот за работа на Одборот на Центарот за континуирана едукација при
Зружението на судиите на Република Македонија, на седницата одржана на ден
23.12.1999 година ги усвои следните
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА
на
Деловникот за работа на Одборот на
Центарот за континуирана едукација при
Зружението на судиите на Република Македонија
Член 1
Во членот 3 од Деловникот
зборовите "Претседателот на Собранието на ЗСРМ" се бришат.
Член 2
Овие измени и дополнувања на
Деловникот за работа на Одборот на Центарот за континуирана едукација при
Здружението на судиите на Република Македонија влегуваат во сила со денот на
нивното донесување.
|