<< почеток

А К Т И

 
Мисија и цели
Организациона структура
Органи на управување
Акти
Програма за работа
Извештаи за работа
Проекти
Финансирање
Публикации
надворешен линк
Законска регулатива
Контакт

Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија, врз основа на член 32 од Статутот и член 8 од Правилникот за работа на Центарот за континуирана едукација при Здружението на судиите на Република Македонија, на седницата одржана на ден 23.12.1999 година ги усвои следните
 

ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА
на Правилникот за работа на Центарот за континуирана едукација при Здружението на судиите на Република Македонија

Член 1

Членот 4 од Правилникот се менува и гласи:

Со работата на Центарот раководи Одбор составен од 9 члена, од кои, по функција, Претседателот на ЗСРМ, 5 членови од ЗСРМ и по еден претставник од Министерството за правда, Републичкиот судски совет и Врховниот суд на Република Македонија.

Член 2

Во членот 5, точка 1 од Правилникот, зборот "членот" се брише и се заменува со зборот "членовите".

Во членот 5, точка 2 од Правилникот, зборовите "Претседателот на Собранието на ЗСРМ како членови по функција" се бришат, а по зборовите "Претседателот на ЗСРМ" се додава запирка и зборот "како член по функција".

Член 3

Овие измени и дополнувања на Правилникот за работа на Центарот за континуирана едукација при Здружението на судиите на Република Македонија влегуваат во сила со денот на нивното донесување.
 

 

 

     

_______________________________________________________
©
2001 Здружение на судиите на Република Македонија