за работа
на Центарот за континуирана едукација при
Здружението на судиите на Република Македонија
Член 1
Центарот за континуирана едукација при Здружението на судиите на
Република Македонија (во понатамошниот текст Центарот), ја спроведува
програмата за едукација и стручно усовршување на судиите и
другите кадри во судството и за таа цел организира предавања, семинари,
советувања и други форми на работа во функција на остварување на целите и
задачите на Здружението на судиите на Република Македонија (во понатамошниот
текст ЗСРМ).
Член 2
Заради успешно остварување на своите цели и активности, Центарот
соработува со судовите, Министерството за правда, Републичкиот судски совет,
Врховниот суд на Република Македонија и другите сродни органи и организации
со цел стручно усовршување на сите субјекти инволвирани во постапките пред
судовите.
Член 3
Во рамките на својата работа и заради следење на современите трендови
на планот на едукацијата Центарот остварува соработка со меѓународни
институции, органи и организации.
Член 4
Со работата на Центарот раководи Одбор составен од 7 члена и тоа: 4
членови на ЗСРМ од кои, по функција, Претседателот на ЗСРМ и Претседателот
на Собранието на ЗСРМ, и по еден претставник од Министерството за правда,
Републичкиот судски совет и Врховниот суд на Република Македонија.
Во работата на Одборот учествуваат и Раководителот на Центарот кој непосредно раководи со извршувањето и реализацијата на
програмата за едукација, како и претставници на други органи и организации
кои допринесуваат за остварување на целите и активностите на Центарот како
надворешни членови без право на глас.
Член 5
Управниот одбор на ЗСРМ, со одлука:
-
го именува Претседателот и
членот на Одбор на Центарот од редот на членовите на ЗСРМ;
-
го верифицира изборот на
Претседателот на ЗСРМ и Претседателот на Собранието на ЗСРМ како членови
по функција, и членовите претставници на Министерството за правда,
Републичкиот судски совет и Врховниот суд на Република Македонија; и
-
го верифицира изборот на
членовите без право на глас како претставници на органите и
организациите кои со одлука ги определува Управниот одбор на ЗСРМ.
Мандатот на членовите на Одбор на Центарот со право на глас изнесува
4 години, со право на повторен избор.
Мандатот на членовите на Одбор на Центарот без право на глас е неограничен
во зависност од одлуката на органот или организацијата што ги делегира.
Член 6
Одборот на Центарот донесува Деловник со кој ја уредува својата
работа.
Член 7
Работите на Центарот ги извршува стручната служба на ЗСРМ чија работа
се уредува со посебен правилник.
Член 8
Измените и дополнувањата на овој правилник се вршат на начин и во
постапка како и за неговото донесување, на предлог на Управниот одбор на
ЗСРМ, Одборот и Раководителот на Центарот.
Овој правилник влегува во сила со денот на неговото донесување.