за организација, систематизација и работа на
стручната служба на ЗСРМ
Член 1
Со овој правилник се уредува
организацијата на работата и систематизацијата на работите и работните
задачи на вработените лица во стручната служба на Здружението на судиите на
Република Македонија (во понатамошниот текст ЗСРМ).
Член 2
Стручната служба на ЗСРМ ја
извршува и реализира програмата за работа на ЗСРМ и ги спроведува одлуките
на органите и телата на ЗСРМ.
Член 3
Стручната служба на ЗСРМ ја
сочинуваат лица вработени на неопределено и определено работно време,
согласно Законот за работни односи.
Управниот одбор на ЗСРМ донесува одлука за потребата од вработување на лица
во стручната служба.
Член 4
Стручната служба на ЗСРМ ја
сочинуваат:
Раководител на Центарот за
континуирана едукација на ЗСРМ - еден извршител;
Стручен соработник - двајца
извршители;
Технички секретар - еден
извршител;
Сметковител - еден извршител;
Систем оператор - еден
извршител.
Член 5
1. Раководителот на Центарот за
континуирана едукација на ЗСРМ:
изготвува нацрт програма за
едукација и проекти за едукација, финансиска програма, извештај за
работа и финансиски извештај за работата на Центарот;
непосредно ја спроведува
програмата за едукација;
го претставува Центарот во
рамките на своите овластувања;
се грижи за секојдневното
работење на Центарот;
потписник е на дел од буџетот
за тековни работи до износ што ќе го определи Управниот одбор на ЗСРМ;
изготвува предлог проекти;
учествува во работата на
Одборот на Центарот;
дава предлози и мислења во
смисла на одредбите на Деловникот за работа на Одборот на Центарот;
врши други работи што ќе му ги
довери Управниот одбор на ЗСРМ и Одборот на Центарот.
2. Стручниот соработник непосредно
ги извршува работите и задачите во врска со реализацијата на програмата за
едукација и програмите и активностите на ЗСРМ, според насоките на
Претседателот на Управниот одбор на ЗСРМ, Претседателот на Одбор и
Раководителот на Центарот.
3. Техничкиот секретар врши
административно-технички работи, како и работи од непосреден интерес за
реализација на програмата за едукација.
4.
Сметководителот го води целокупното сметководство на ЗСРМ, сметководствените
работи на Центарот и на другите тела на ЗСРМ.
5. Систем операторот се грижи за
одржување и функционирање на компјутерите и компјутерската мрежа на ЗСРМ и
Центарот, врши обука и други работи што ќе му бидат доверени.
Вработените во стручната служба на
ЗСРМ одговараат пред Управниот одбор на ЗСРМ, а Раководителот на Центарот и
пред Одборот на Центарот.
Член 6
Покрај општите услови за засновање
на работен однос предвидени во Законот за работни односи, лицата вработени
во стручната служба треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:
1. Раководителот на Центарот за
континуирана едукација на ЗСРМ треба да е:
Дипломиран правник, со просек
на студии најмалку 8,5;
Да има најмалку 5 години
работно искуство;
Организаторски способности;
Одлично познавање на англискиот
јазик, со способност за симултан превод;
Искуство во изготвување на
предлог проекти;
Работа со компјутер и Интернет
(Windows 95, Microsoft Office: Word, Excel, Acces, Power Point, Word
Perfect, Microsoft Publisher, Internet Explorer)
2. Стручен соработник:
Дипломиран правник, со положен
правосуден испит;
Познавање на англиски јазик;
Работа со компјутер и Интернет
(Windows 95, Internet Explorer).
3. Технички секретар:
Завршено средно образование;
Познавање на англиски јазик;
Работа со компјутер (Microsoft
Word).
4. Сметководител:
Искуство во вршење на
сметководствени работи;
Познавање на западно-европските методи и
правила за водење на сметководство, како и на посебните
сметководствените правила за дотации и грантови.
5. Систем оператор:
Завршен електро-технички или
природно-математички факултет, смер КТИА и смер информатика;
Познавање на Windows 95,
Microsoft Office, Windows NT, Microsoft Front Page, Internet Explorer;
Да има најмалку 3 години
работно искуство;
Познавање на програмски јазици;
Познавање на англиски јазик;
Искуство во инсталирање и
одржување на компјутерски мрежи.
Член 7
Работните места ќе се огласуваат
преку средствата за јавно информирање. Постапката за вработување ја
спроведува Комисија за вработување формирана со одлука на Управниот одбор на
ЗСРМ.
Одлуката за вработување ја донесува Управниот одбор на предлог на Комисијата
за вработување.
Член 8
Платата на лицата вработени во
стручната служба се определува со одлука на Управениот одбор на ЗСРМ, а во
согласност со предметниот проект и финансиските средства на ЗСРМ.
Член 9
Лицата предвидени во член 8 од овој
Правилник имаат право на плата по основ на нивниот придонес и учество во
реализацијата на програмата за работа и активностите на ЗСРМ и Центарот, во
согласност со закон и колективен договор.
Член 10
Измените и дополнувањата на овој
правилник се вршат на начин и во постапка како и за неговото донесување.
Овој правилник влегува во сила со
денот на неговото донесување.