|
|
Здружението на судиите на Република
Македонија се залага за јакнење на
професионалниот и општествениот статус на
судиите и на судството во целина, за
поттикнување на демократските реформи и
процеси и за доследно почитување на
принципите на владеење на правото.
Основни статутарни цели и задачи на ЗСРМ,
насочени кон остварување на нејзината
определба, опфаќаат:
-
залагања за доследно
спроведување и почитување на уставноста и
законитоста во Република Македонија и за
нејзино јакнење како правна држава;
-
јакнење на независноста
на судиите и на судската власт во целина;
-
залагање за јакнење на
угледот и општествениот статус на судиите
и грижа за нивните општествени и
материјални интереси;
-
поттикнување реформи во
организацијата на судството и учество на
судиите во подготвување на законите од
областа на правосудството;
-
давање иницијативи за
измени и дополнувања на закони и други
прописи и давање мислење во постапката за
нивно донесување;
-
преземање активности за
стручно усовршување на судиите;
-
донесување и примена на
Кодексот на судската етика;
-
преземање на активности
за зближување и соработка меѓу членовите
на ЗСРМ;
-
развивање и соработка
со слични здруженија и сојузи од
територијата на Република Македонија и од
странство.
<< оди
горе
|