|
Основната дејност на Здружението на судиите на Република Македонија
се одвива преку неговите секции и подружници.
Подружница на Здружението се формира во секој суд и во неа членуваат
сите активни и пензионирани судии од тој суд - членови на Здружението.
Со подружницата раководи Претседател кого го избираат членовите на
подружницата по пат на јавно гласање, ако не одлучат поинаку.
На седницата на Подружницата се расправа за прашања кои се од значење
за работата на ЗСРМ и на самата Подружница и тоа за прашања по иницијатива
на членовите на Подружницата или по прашања иницирани од ограните на
Здружение на судиите на Република Македонија.
За водената распава на седницата на Подружницата се води записник,
при што во зависност од прашањата за кои се води расправата се доставува до
Управниот одбор на ЗСРМ.
Мандатот на Претседателот трае 2 години, со право на повторен избор.
|