<< почеток

СУДИСКA РЕВИЈА

 

    
 

Мисија и цели
Организациона структура
Органи на управување
Акти
Програма за работа
Извештаи за работа
Проекти
Финансирање
Публикации
надворешен линк
Законска регулатива
Контакт
 

         Како дел од својата работа ЗСРМ издава стручно списание „Судиска ревија“ во која се објавуваат трудови и статии од разни области на правниот живот, толкувања и примена на правните прописи и правила, меѓународни договори и конвенции, погледи врз организацијата на судството, статусот на судијата и судот во општеството и др.

          Заради запознавање на јавноста со страниците на списанието се објавуваат и начелни ставови и начелни правни мислења што ги утврдува Врховниот суд на Република Македонија на Општа седница по одделни правни прашања кои се од значење за обезбедувањето на единство во примената на Законите од страна на судовите.

          “Судиската ревија“ своето прво издание го имаше во 1995 година, а оттогаш се издаваат по четири броја годишно. По потреба се издава и тематски број. Претплатата за физички лица изнесува 800,00 денари, за правни лица 1600,00 денари, а за странство изнесува 40,00 ЕУРО.

          Претплатата се извршува на:

Здружение на судиите на Република Македонија
Жиро-сметка 300000000447109
ЕДБР 4030994178564
Банка депонент - Комерцијална Банка АД Скопје

<< оди горе
 

 

 

 

     

_______________________________________________________
©
2001 Здружение на судиите на Република Македонија