
Дата: 31.10.2025
Здружение на судиите на РСМ го одржа XVIII – тото Редовно годишно собрание на кое присуствуваа претставници од сите судови во земјата како и членови на Судски Совет на РСМ.
Покрај усвојување на Годишниот извештај за работа на Управниот одбор и финасискиот извештај на Здржението, средбата беше искористена за истакнување на сите предизвици и проблеми со кои се соочува судството во земјата како и предлози за идни активности и проекти со кои би се унапредила и дигитализирала работата на судовите, би се зголемила ефикасноста во постапките, избор на нови судии и пополнување на недостатокот во стручна служба, а сето тоа во правец на поголема доверба на граѓаните во судскиот систем.
Во тој правец, Претседателот на Здружение на судиите на РСМ истакна дека :
„Кратењето на средства од меѓународните донатори во невладиниот сектор, а со тоа и во Здружение на судиите, надополнета со се почестите неосновани и тенденциозни критики и напади упатени кон судската власт, кои неретко доаѓаат од претставниците на другите две власти, особено зачестени во предизборниот период, дополнително ги усложнуваат состојбите во судството. Искрено, не можам да разберам зошто некој со деградирање на судиите, манипулирање со јавноста и поткопување на владеењето на правото мисли дека ќе ја зацврсти својата позиција и доверба пред граѓаните, а воедно ќе го унапреди угледот на земјата во нејзините Европски аспирации.
Напротив сметам дека со пристрасните напади и реплики едни на други, како три носечки столба на земјата, единствено си наштетуваме едни на други, ја уништуваме и онака кревката доверба не само во судската туку и во извршната и законодавната власт и земјата ја носиме во ќорсокак.
Мора да бидеме реални, мора да сватиме дека довербата во судството дефакто и дејуре е всушност и доверба во државните институции, тоа е едно исто. Па од тука не ги разбирам државните претставници кога го напаѓаат судството и пласираат факти за состојбите во судството кои во многу нешта се невистинити.“
Во тоја правец Здружение на судиите на РСМ ги повикува сите како судии и како професионалци следниот период да го искористат за заедничка акција, наплив на идеи и проекти и соодветна застапеност на судиите во јавноста, а особено тука се очекува заложба од младите судии.