Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник

Годишна програмa



ПРОГРАМА ЗА РАБОТАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2015 ГОДИНА

  • Поттикнување на стручната јавност за теми важни за развој на правната мисла преку објавување на стручното списание „Судиска Ревија“.

  • Афирмација на континуираните заложби за унапредување на судството преку соодветно одбележување на Денот на правосудството.

  • Заложба за подобрување на квалитетот на судските постапки преку изготвување на Прирачник за странки без полномошник во парнична постапка и други форми на доближување на постапките пред судовите до јавноста.

  • Зголемување на професионалноста на судиите и усогласување со европските стандарди во поглед на антикорупција и судир на интереси преку работата на Советодавното тело за судиска етика на Здружение на судиите на Република Македонија.

  • Продолжување на проектот за испитување на мнението на странките кои поминале некоја судска постапка, со цел да се дојде до конкретни податоци во поглед на нивното искуство и мислење за независноста на судството и владеењето на правото. (Ангажирање на професионална агенција која ќе ја спроведе анкетата и ќе ги обработи добиените податоци).

  • Перманентно учество и активна улога во градењето стратегија за реформа во правосудниот систем.

  • Јакнење на капацитетите на судството.

  • Размена на искуство во градењето на капацитетите на Здружението со компаративни предности на земјите во ЕУ.

 

ПРОГРАМА ЗА РАБОТАТА НА ЗДРЖЕНИЕТО НА СУДИИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2014 ГОДИНА

  • Потребата од донесување на нов Кодекс за судиска етика, усогласен со стандардите на Европската Унија.

  • Транспарентност на судовите преку промовирање на судските одлуки и афирмација на канцелариите на судовите за односи со јавност, како и ажурирање на веб страната на Здружението на судиите на Република Македонија, со цел зголемување на довербата и јавната перцепција за судство.

  • Пракса на Европскиот суд за човекови права и нејзино доближување до судиите.

  • Подобрување на општиот капацитет на судовите за справување со случаи на корупција и судир на интереси, особено во случаите со висок профил на корупција.

  • Продолжување на проектот „Насоки за воедначување на казнената политика и практична примена на спогодувањето“, особено институтот спогодување за казна (вина).

  • Довршување на подпроектот „Развивање соодветни измени на оценување на работата на судиите и дисциплинските постапки“.

  • Започнување нов проект за испитување на мнението на корисниците на услуги, кои поминале некоја судска постапка, со цел да се дојде до конкретни податоци во поглед на нивното искуство и мислење за независноста на судството и владеењето на правото. (Ангажирање на професионална агенција која ќе ја спроведе анкетата и ќе ги обработи добиените податоци).



f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)