Во просториите на Здружение на судии се одржа работна средба на Претседателот на Здружение на судиите на РСМ,судија д-р Џемали Саити и судија Шпенд Деваја, претседател на Советодавното тело за судиска етика, со министерот за правда Кренар Лога, на која се разговараше за актуелните состојби во судството, со акцент на последните случувања во Судскиот совет на РСМ.
На состанокот се разговараше за состојбите во судството и актуелните случувања во Судскиот совет. Беше истакната заедничката заложбата за итни законски интервенции во Законот за судски совет и потребата од воспоставување на видливи и ефикасни механизми за утврдување на евентуална одговорност, односно отповикување на членовите на Судскиот освет, притоа промовирајќи ги механизмите на судска саморегулација преку зголемување на улогата на Здружението на судии.
|