Организациона структура
Основната дејност на Здружението на судиите на Република Северна Македонија се одвива преку неговите секции и подружници.
Подружница на Здружението се формира во секој суд и во неа членуваат сите активни и пензионирани судии од тој суд - членови на Здружението.
Со подружницата раководи Претседател кого го избираат членовите на подружницата по пат на јавно гласање, ако не одлучат поинаку.
На седницата на Подружницата се расправа за прашања кои се од значење за работата на ЗСРСМ и на самата Подружница и тоа за прашања по иницијатива на членовите на Подружницата или по прашања иницирани од ограните на Здружение на судиите на Република Северна Македонија.
За водената распава на седницата на Подружницата се води записник, при што во зависност од прашањата за кои се води расправата се доставува до Управниот одбор на ЗСРСМ.
|