ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДИИТЕ
Здружението на судиите на Република Северна Македонија ги има следниве цели и задачи:
- унапредување и јакнење на независноста и самостојноста на судиите и судската власт во Република Северна Македонија;
- заштита на достоинството и угледот на судијата и судиската функција;
- заштита на материјалните и професионалните интереси на судиите;
- јакнење на судиската етика;
- стручно усовршување на судиите;
- поттикнување на развојот во судството со унапредување на законите за организацијата и работата на судовите;
- соработка со сродни асоцијации во земјава и во странство;
- развивање на колегијални и пријателски односи меѓу судиите.
ДЕЈНОСТИ СО КОИ СЕ ОСТВАРУВААТ ЦЕЛИТЕ
Остварувањето на своите цели Здружението ги постигнува:
- со дејствување на членовите во органите и работните тела на Здружението;
- со давање иницијативи и предлози, со заземање ставови по одделни прашања во врска со целите и задачите на Здружението и со нивно објавување;
- со поттикнување на иницијатива за стручно усовршување на судиите;
- со издавање стручни и научни публикации во кои се третираат задачите и положбата на судството.
|