Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник


  Д-р Џемали Саити
- судија во Врховен суд на Република Северна Македонија


 

     Претседател на Здружението на судиите на Република Северна Македонија

  Д-р Џемали Саити е роден на 14.09.1966 година во Глумово, Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Правен факултет Скопје– правосудна насока на 21.03.1991 година. Се стекнува со Уверение за положен правосуден испит на 24.06.1996 година. Постдипломски студии: - Магистар на правни науки – Правен факултет при Државниот Тетовски Универзитет на тема: “Примената на посебните истражни мерки“. На 06.11.2012 година на Правниот факултет “Јустинијан први“ Скопје ја одбранува докторската дисертација  под наслов “Алтернативните мерки наспроти новите облици на криминалитет“ и се стекнува со академската титула доктор на правни науки. 
Професионалната кариера ја започнува во 1992 како новинар во МРТ - Радио Скопје. Една година потоа, започнува да работи како адвокат. Во 1999 година е избран за министер за локална самоуправа во Владата на РМ. Оваа функција ја извршува до 2001 година. Од 2002  до 2016 година е член на Државна изборна комисија. Од 2010 до 2011 година е член на Државна пописна комисија на РМ.
На 18.8.2011 година е избран за судија во Виш Управен суд. На 25.12.2012 година е избран за судија во Врховен суд на РСМ.



ПОРАНЕШНИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ


Николчо Николовски – Претседател на оддел за судење во разумен рок при Врховниот суд на Република Македонија



Претседател на Здружението на судиите на Република Македонија - 2010-2016
 Член на Комисијата за полагање на правосуден испит

Роден на 14.12.1955 година во Скопје. Во 1980 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Правосуден испит положил 1986 година во Скопје. Избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија на 11.7.2002 година. Работел како самостоен правен референт во РО Македонијаспорт Скопје во период од 1982-1985 година; во 1985-1986 година како секретар на Млад Борец-весник на ССММ; од 1986 до 1989 година како директор на Сектор за правни, општи и кадровски работи во РО Црвена Ѕвезда Скопје и од 1989 година до изборот за судија во Врховниот суд на Република Македонија, како директор на Сектор за правни, општи и кадровски работи во ТД Макошпед АД Скопје, каде воедно обавувал и функција на неизвршен член на Одборот на директори во ТД Макошпед АД Скопје и во АД за осигурување Макошпед Осигурување Скопје. Во 2000 година избран за заменик член на Државната изборна комисија. Во 2002 година избран за член на Државната изборна комисија од редот на судиите на Врховниот суд на Република Македонија. Активен член на Управниот одбор на Здружението на правниците од стопанството на Република Македонија во три мандата, првпат избран 1992, 1996 и 2000 година. Во периодот од 1988 до 1992 година, секретар на претседателството на Сојузот на здруженијата на правниците на Македонија. Има посетувано повеќе семинари и работилници од областа на Трговското право, како активен учесник со свои трудови. Женет, татко на две деца.


 Д-р Драган Тумановски – судија во Врховен суд на Република Македонија





Претседател на Здружението на судиите на Република Македонија - 2006-2010

Драган Тумановски е роден  на 18.11.1951 година. Oсновно образование и гимназија завршил во Струмица. Во 1975 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ Скопје, како најдобар студент на генерацијата, за што добил награда на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ Скопје. Во 1975 година се вработил како судски приправник во Општинскиот суд во Струмица. По положениот правосуден испит во 1976 година е назначен во стручен соработник, а во 1977 година е избран за судија во Општинскиот суд Струмица и како судија работел се до 1984 година. Потоа е именуван за Општински јавен обвинител, а во 1988 година повторно е именуван за Општински јавен обвинител. Во 1989 година е именуван за потсекретар во Републичкиот секретаријат за внатрешни работи за јавна безбедност. Во 1991 година е именуван за потсекретар во Министерството за правосудство и управа, водејќи го Секторот за судство. Во 1995 година повторно е именуван за потсекретар во Министерството за правда. Има завршено постдипломски студии по кривично право и криминологија на Правниот факултет во Скопје. Магистрира во 2001 година на тема “Постапка на Јавниот обвинител по кривични пријави“, а во 2007 година докторира на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје. Во 1997 година е избран за судија на Врховен суд на Република Македонија. Тумановски е непосреден учесник во изработка на повеќе закони од областа на судството, има објавено голем број книги и коментари, добитник е на повеќе награди и признанија. 

Агим Мифтари -  судија во Врховен суд на Република Македонија

Претседател на Здружението на судиите на Република Македонија - 1998 -2006

Роден на 25.10.1944 година во село Видуше-гостиварско.
Во 1971 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Правосудниот испит го положил во 1974 година, кога е избран за судија во Општинскиот суд Скопје I Скопје, каде работел како судија во кривичниот оддел. Во 1982 година е избран за судија во Окружниот суд во Скопје. Од 1987 до 1992 година бил заменик на Претседателот на Окружниот суд во Скопје. Во периодот од 1992 до 1995 година ја вршел должноста на Претседател на Окружниот суд во Скопје. Во судот работел исклучиво на предмети од кривичната материја.
Во 1995 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија, во кривичниот оддел.
Афим Мифтари е еден од иницијаторите за формирање на Здружението на судиите на Република Македонија. Член е на Управниот одбор на Здружението од неговото формирање во 1993 година. Во периодот од 1993 до 1998 година бил потпретседател на Здружението на судиите. Во 1998 година е избран за претседател на Здружението, а во 2002 година е реизбран на истата функција. Член е на Одборот на Центарот за континуирана едукација при Здружението на судиите. Едукатор е во реализацијата на програмите за едукација на Здружението на судиите и Центарот за континуирана едукација, како и предавач од областа на кривичното право на повеќе одржани семинари. Има објавено повеќе написи во “Судиска ревија” од кривичната област. Бил член во повеќе состави на комисиите кои работеле на изготвување на новите текстови на Кривичниот законик и на Законот за кривичната постапка. Избран е за судија во постојаниот Арбитражен суд во Хаг-Холандија, како претставник на Република Македонија од 2002 година. Во 1984 година е одликуван со Орден на трудот со сребрен венец.



f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)