Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник

Судиски информатор

Судскиот информатор е официјално издание на Здружението на судиите на Република Македонија кој за прв пат излезе во текот на септември 1997 година. На таков начин Здружението на судиите на Република Македонија за прв пат од своето постоење е во можност преку Судскиот информатор да ги информира членовите за своите секојдневни и разновидни активности.

Финансирањето на неговото издавање е основна пречка за реализирање на таквата издавачка дејност. Од овие причини, за жал, многу значајни активности останаа не регистрирани на страниците на Судскиот информатор.

Па затоа во концепциијата за развој на Судскиот информатор е замислено истиот да се издава во електронска форма , на кој начин се смета дека ќе бидат задоволени сите аспекти на добро инфорирано и едуцирано судство, ако се има предвид навистина богатата содржина на активности на Здружението на судиите на Република Македонија и неговото членство.

Издавањето на овој Информатор на интерактивната веб-страна на Здружението на судии на Република Македонија, од друга страна, значи движечка сила за активности на Здружението. И не само тоа, Судскиот информатор покрај тоа што овозможува подобра работа, комуникација и информираност на членовите на Здружението, овозможува и подобро запознавање на членството за комуникацијата и соработката на Здружението на Република Македонија со другите судски здруженија членки на Европската и Светската асоцијација на судиите, како и информација за комуникацијата и меѓусебното информирање на Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија со подружниците и членовите.

Раководен од таквите цели, Редакцискиот одбор на Судскиот информатор настојува од ден на ден да ја збогати неговата содржина на кој начин на читателот му се нуди широка лепеза од најразлични информации, известувања, соопштенија и податоци. Во таа смисла, страниците на Судскиот информатор содржат информации за одржани советувања, семинири, известувања за одржани средби во и вон Републиката помеѓу телата и членовите на Здружението на судиите на Република Македонија со домашни или странски организации и слично, за промоции на стручни книги, за изборот и разрешувањето на носителите на судиската функција итн.

Судскиот информатор има збогатена содржина со посебен стручен прилог кој е ставен во функција на стручното усовршување на носителите на судската функција, т.е. во него се објавуваат поодделни позначајни закони, колективни договори и одлуки на Уставниот суд на Република Македонија , одлуки на Врховниот суд на Република Македонија , апелационите судови, со кои се заземени позначајни и покарактеристични правни стојалишта во поглед на примената на процесните и материјалните закони.

Редакцискискиот одбор со помош на стручната служба од Здружението на судии на Република Македонија води грижа за уредно и навремено објавување на Судскиот информатор на веб-страната на Здружението на судии на Република Македонија – www.mja.org.mk

Преземете го програмот за преглед на  PDF документи



За да го контактирате уредникот кликнете тука

Судиски информатор бр.49  Јуни 2010

f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)