Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник

Новости

 
   Новости      Сите Категории   
 
Реакција од Здружение на судиите на РСМ во однос на денешните политички изјави
17.05.2024
Во правец на денешната реакција на Управниот суд на РСМ, Здружението на судии на РСМ ја искажува својата загриженост по однос изјавите на поединци со кои директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување. Припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување. Таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите. Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата. Со почит Здружение на судии на РСМ
прочитај повеќе >
 
Оглас за проектен асистент
14.05.2024
Во рамките на проектот "ПОДДРШКА НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО СУДСТВОТО И ПРОМОВИРАЊЕ НА ЈАВНАТА ДОВЕРБА ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ" поддржан од Амбасадата на САД во Скопје Здружение на судиите на Република Северна Македонија има потреба од ангажирање на: Проектен асистент во областа на правосудството, за период од 12 (дванаесет) месеци
прочитај повеќе >
 
Редовно Изборно Собрание
30.04.2024
Денеска на Редовно Изборно Собрание и во присуство на делегати од судски подружници, Здружението на судиите на Република Северна Македонија го избра судијата Иван Џолев за нов претседател на Здружението на судиите на Република Северна Македонија, на местото на досегашниот претседател, судијата Џемали Саити. Судијата Иван Џолев е актуелен претседател на Кривичниот суд во Скопје. Мандатот на претседателот на Здружение на судиите е четири години. На денешната седница беше избран и нов Управен и Надзорен одбор на Здружението на судиите.
прочитај повеќе >
 
Известување
23.04.2024
На ден 30 април 2024 година во хотел Холидеј Инн во Скопје со почеток од 11 часот ќе се одржи Седумнаесетото Редовно Изборно Собрание на Здружение на судиите на Република Северна Македонија.
прочитај повеќе >
 
Меморандум за соработка
16.04.2024
Здружение на судиите на Република Северна Македонија, претставувано од претседателот на здружението д-р Џемали Саити и Центарот за правни истражувања и анализи од Скопје, претставуван од претседателот на здружението Лидија Стојкова Зафировска склучија Меморандум за соработка. Целта на овој меморандум е да се обезбеди соработка помеѓу Здружението на судии на Република Северна Македонија и Центарот за правни истражувања и анализи, за успешна имплементација на проектот ,,Добро владеење во животна средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан’’. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.
прочитај повеќе >
 
Квалитетно правораздавање – Предуслов за обнова на јавната доверба“
02.04.2024
По повод Денот на правосудството, а во рамките на активностите предвидени со годишната програма за работа, Здружението на судиите на Република Северна Македонија со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје денес ја организира Годишна судиска конференција на тема „Квалитетно правораздавање – Предуслов за обнова на јавната доверба“
прочитај повеќе >
 
Состанок со г-ѓа Фредерик Дибост
27.03.2024
Состанок со Претседателот на Здружението на судии, г-дин Џемали Саити со г-ѓа Фредерик Дибост - француска судијка за врски во Југоисточна Европа, Врска со судии во Западен Балкан со цел меѓусебно запознавање и можности за идна соработка
прочитај повеќе >
 
Меморандум за соработка
26.03.2024
Претседателот на Здружение на судиите на Република Северна Македонија д-р Џемали Саити и Претседателот на Здружение на правници на Република Северна Македонија проф. д-р Горан Коевски водени од потребата за меѓусебна соработка заради ефикасно спроведување на своите надлежности утврдени со закон и со статут;, подготвени за ефикасна соработка која ќе придонесе за размена на искуства и потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на образовната, научно-истражувачката и апликативно-стручната дејност склучија МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
прочитај повеќе >
 
Соопштение
07.03.2024
Здружение на судиите на Република Северна Македонија денес поднесе Иницијатива за оценување на уставноста на Законот за изменување на законот за плати на судиите „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51 од 29.02.2024 година.
прочитај повеќе >
 
Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста
07.03.2024
Здружение на судиите на Република Северна Македонија согласно целите предвидени во Статутот за заштита на достоинството и угледот на судијата и судиската функција и заштита на материјалните и професионалните интереси на судиите, денес поднесе Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста до Уставниот суд на Република Северна Македонија со која се оспоруваат одредбите од Законот за изменување на законот за плати на судиите „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51 од 29.02.2024 година.
прочитај повеќе >
 
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВО ВРСКА СО Предлог на закон за изменување на Законот за платите на судиите, по скратена постапка
28.02.2024
Управниот одбор на ЗСРСМ, на XXVII (дваесет и седмата) седница одржана на 28.02.2024 година, расправаше за најавените измени на Законот за плати на судии и Законот за плати на членовите на судски совет во скратена постапка, кои се на дневен ред на Пленарната седница на Собранието на Република Северна Македонија, закажана за ден 28.02.2023 година. Управниот одбор на Здружение на судиите смета дека е неприфатлив ваквиот нетранспарентен начин на работа и одлучување на Собранието на РСМ, без соодветна јавна дебата и вкучување на засегнатите страни, за уште еден од низата закони кои се однесуваат на судската власт како независна и самостојна власт. Управниот одбор на ЗСРСМ изразува загриженост за ваквиот пристап и во ова време, и ги повикува предлагачите да го повлечат Предлогот на закон за изменување на Законот за платите на судиите иПредлогот на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет, со што ќе се овозможи поширока дебата и содветни консултации на националната и меѓународната регулатива, во која се востановени гаранции за постојаноста на платите на судиите, како легитимни и загарантирани очекувања.
прочитај повеќе >
 
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏЕМАЛИ САИТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРАВНИОТ СОВЕТНИК JASON CORLEY
14.12.2023
Претседателот на Здружението на судиите на Република Северна Македонија, д-р Џемали Саити, оствари средба со новиот постојан правен советник Jason Corley при Програмата на OPDAT - Амбасадата на САД во РСМ. На средбата, соговорниците разговараа за моменталните состојби во судството и идните чекори контекст на реформските процеси. Претседателот Саити гo запозна со целите и тековните активности на Здружението и ја поздрави досегашната соработка со Програмата на OPDAT на Амбасадата на САД и истакна дека улогата на Здружението во реформските активности е од големо значење. Соговорниците ја истакнаа потребата за понатамошна соработка во насока на зајакнување на судската независност и самостојност.
прочитај повеќе >
 
Конференција за примената на Закон за кривичната постапка: 10 години предности и предизвици
05.12.2023
На ден 4 и 5 декември се одржа конференција за примената на Законот за кривична постапка: 10 години предности и предизвици организирана од страна на ОБСЕ Мисијата во Скопје со поддршка на Здружение на судиите на Република Северна Македонија, Здружение на јавни обвинители на Република Северна Македонија и Здружение за кривично право и криминологија. На настанот учествуваа судии, членови на Управен одбор на Здружение на судиите, обвинители, академици и практичари кои имаа суштинска дискусија, истражувајќи ги предизвиците и поуките од донесувањето на Законот во декември 2013 година.
прочитај повеќе >
 
XXIV Седница на Управен одбор
19.10.2023
Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија, денес ја одржа XXIV (дваесет и четвртата) седница на која ја разгледа Развојната Стратегија за правосудството 2023-2027 година и усвои содветни заклучоци кои ќе бидат проследени до Подружниците на ЗСРСМ. На оваа седница Управниот одбор расправаше и за моменталните состојби во судсвото во Република Северна Македонија, со акцент над работата на Судскиот совет, материјалниот стсус на судиите и последните измени на Кривичниот закон.
прочитај повеќе >
 
Меморандум за соработка
04.07.2023
Здружение на судиите на Република Северна Македонија, претставувано од судија Џемали Саити, Претседател и судија Емилија Шопар Јованова, Потпретседател и Синдикалната Организација Независниот синдикат на судска администрација на Македонија претставувано од Јасмина Величкова, Претседател и Независен синдикат на државна администрација претставувано од Горан Ристески, Претседател на ден 04.07.2023 година во Скопје потпишаа МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА. Потписниците се согласни заедно да дејствуваат со цел за зајакнување на соработката во делот на правосудството.
прочитај повеќе >
 
Oбуката за комуникациски вештини и односи со јавноста
19.06.2023
Дванаесетина судии од апелациските подрачја Гостивар и Битола присуствуваа на обуката за комуникациски вештини и односи со јавноста во организација на Судско-медиумскиот совет. 👉 Учесниците на обуката пишуваа соопштение за јавност, изрекуваа пресуда пред ТВ камера... 🆗 Обуката е дел од активностите на Судско-медиумскиот совет, што се реализира со поддршка на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, со цел продлабочување на довербата и соработката меѓу судиите и новинарите.
прочитај повеќе >
 
„Проценка на ризиците од корупција во правосудството во Северна Македонија“
13.06.2023
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот на Здружение на судиите д-р Џемали Саити со Високиот инспектор за правда г- дин Артур Метани
29.05.2023
Денеска на 29 мај 2023 година претседателот на Здружение на судиите на Република Северна Македонија д-р Џемали Саити одржа работна средба со Високиот инспектор за правда на Република Албанија г- дин Артур Метани. Како почесен гостин на средбата присуствуваше и Амбасадорот на Република Албанија г-дин Фатос Река.
прочитај повеќе >
 
Обука за комуникациски вештини за судии од апелациoно подрачје Штип
26.05.2023
Денеска во Апелацискиот суд во Штип четиринаесетина судии од ова апелациско подрачје, академци од Академијата за судии и јавни обвинители и стручни соработници, присуствуваа на обуката за комуникациски вештини и односи со јавност што ја одржаа новинарите Елена Ивановска-Мукоска и Васко Маглешов. Учесниците на обуката пишуваа соопштение за јавност, изрекуваа пресуда пред ТВ камера...
прочитај повеќе >
 
РАБОТЕН СОСТАНОК НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДИИТЕ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА КРЕНАР ЛОГА
10.05.2023
Во просториите на Здружение на судии се одржа работна средба на Претседателот на Здружение на судиите на РСМ,судија д-р Џемали Саити и судија Шпенд Деваја, претседател на Советодавното тело за судиска етика, со министерот за правда Кренар Лога, на која се разговараше за актуелните состојби во судството, со акцент на последните случувања во Судскиот совет на РСМ. На состанокот се разговараше за состојбите во судството и актуелните случувања во Судскиот совет. Беше истакната заедничката заложбата за итни законски интервенции во Законот за судски совет и потребата од воспоставување на видливи и ефикасни механизми за утврдување на евентуална одговорност, односно отповикување на членовите на Судскиот освет, притоа промовирајќи ги механизмите на судска саморегулација преку зголемување на улогата на Здружението на судии.
прочитај повеќе >
 
XXII-ра седница на управен одбор на Здружение на судиите на РСМ - заклучоци
05.05.2023
1. Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија разгледувајќи ги последните состојби во Судскиот совет изрази надеж и очекување дека Совет ќе биде водилка (гарант) на судската независност и самостојност, преку обезбедување на потребните услови за функционирање на судскиот систем и имплементирање на правните гаранции предвидени во националната и меѓународна регулатива, притоа манифестирајќи релевантен капацитет, (сопствен) интегритет и потполна самостојност и независност, одбивајќи ги сите евентуални влијанија и притисоци во неговото функциионирање и одлучување, низ еден кохезивен пристап и почитување на законските процедури и практиките на доброто владеење како посебна и самостојна власт. 2. Управниот одбор на ЗСРСМ, повикува на единство, дијалог и почитување на евентуалните разлики во самиот Судскиот совет и целокупниот судски систем, не отфлајќи (прифакајќи) го плуралниот пристап и идејниот диверзитет во судската заедница, истовремено почитувајќи го различното мислење на другите власти и општата јавност, и користејќи го истото како мотив за удвојување на напорите за докажување на реалната незавосност и самостојност.
прочитај повеќе >
 
Соопштение за јавност
28.04.2023
Здружението на судиите со особено внимание ги следи последните случувањата во Судски совет на Република Северна Македонија, со надеж дека членовите на овој орган ќе ги користат сите човечки капацитети за изнаоѓање на соодветно решение, во насока на натамошно непречено фукционирање и остварување на Уставната надлежност на овој орган. Здружението на судииите на Република Северна Македонија, по согледување на сите релевантни информации и факти ќе се произнесе за состојбите во Судскиот совет и севкупното функционирање на судскиот систем.
прочитај повеќе >
 
СУДИСКА КОНФЕРЕНЦИЈА 2023
01.04.2023
На ден 31.03.2023 година, во организација на Здружението на судии на Република Северна Македонија, а со поддршка на OБСЕ Мисијата во Скопје, по повод денот на Правосудство на РСМ, се одржа регионална конференција, на тема: “ ДА СЕ ЗАДРЖИ ОТПОРНОСТА И НЕПРИСТРАСНОСТА: ПОГЛЕД НИЗ ПРИЗМАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИТЕ ”.
прочитај повеќе >
 
Произнесување на Здружение на судиите на РСМ по Извештајот на Стејт департментот
23.03.2023
Здружение на судиите го поздравува Извештајот на Стејт департментот за 2022 година, за функционирањето на правосудниот систем во Република Северна Македонија, притоа нотираните факти во однос на судската независност и самостојност, случаите на несоодветно однесување во судството, несоодветниот политички и деловен притисок врз судиите, долготрајната правда, како и несоодветното финансирање и екипирање на судството, кои ја попречуваат ефикасноста на судиите и влијае на довербата на јавноста во владеењето на правото, целосно кореспондира со заложбите на Здружението на судиите и Заклучоците на VII-та Меѓународна судиска конференција одржана на 2-3 ноември 2022 година, во организација на ЗСРСМ со подршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и CEELI Institute од Прага, на која учествува судии, претседатели на судови и членови на Судскиот совет на РСМ, судии од земји членки на Европска Унија и земји со отворени преговори за полноправно членство.
прочитај повеќе >
 
In memoriam
05.03.2023
На ден 04 март 2023 година почина судија Стојман Димковски, пензиониран судија на Основен суд Куманово. Здружението им изразува искрено сочувство на семејството и пријателите.
прочитај повеќе >
 
Декларација
28.02.2023
Тргнувајќи од целите и задачите на Здружение на Судиите на Република Северна Македонија, програмските определби и континуираните заложби за самостојно и независно судство, Собранието на ЗСРСМ ја усвои следната декларација: I Денес, човековата цивилизација е исправена пред нови предизвици кои го менуваат светот. Оваа состојба, не обврзува да ги удвоиме нашите напори за обезбедување на услови за ефективно функционирање на правосудниот систем, владеење на правото и правната држава. Денешниот концепт на правна држава секојдневно отвара нови хоризонти на човековите слободи и права, во различни услови на функционрање на државите. Ваквиот концепт, бара широка подршка од надлежните власти (институции), во насока на обезбедување на неопходни правни, материјални и останати претпоставки, за функционирање на правосудниот систем и владење на правото. Во овој контекст, различните државни власти овозможуваат функционалност на една демократска државата, само доколку секоја пооделно се фокусира на своите надлежности, притоа исполнувајќи ги должностите кои произлегуваат од нивната Уставна поставеност.
прочитај повеќе >
 
Одржано Шеснаесетото Редовно Годишно Собрание на Здружение на судиите на Република Северна МАКЕДОНИЈА
22.02.2023
Шеснаесетото Редовно Годишно Собрание на Здружение на судиите на Република Северна Македонија се одржa на ден 21.02.2023 година, со почеток во 11:00 часот
прочитај повеќе >
 
Работна средба на Претседателот д-р Џемали Саити со претседателката на Уставниот Суд Добрила Кацарска
27.01.2023
Претседателот на Здружението на судии Џемали Саити оствари работна средба со Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска. Се дискутираше на повеќе теми кои се во насока на формализирање на можните облици на соработка кои ќе бидат основа за размена на искуства за унапредување на транспарентноста, преку која се воспоставува пракса на презентирање на точни и вистинити информации во јавноста, што е нужен елемент за градењето на перцепцијата за владеењето на правото.
прочитај повеќе >
 
XVI Седница на Управен одбор - СООПШТЕНИЕ
20.12.2022
Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија на денешната седница, расправајќи за новонастанатата ситуација во Апелационен суд Скопје, а по повод конкретна судска одлука, повикува на воздржаност и професионално однесување на сите чинители на општествено политичкиот живот, особено носителите на јавни функции од сите власти. Воедно ги повика надлежните судски власти, да ја разјаснат конкретната ситуација, согласно нивните законски овластувања и навремено да ги презентираат наоѓањата пред пошироката јавност, а во насока на намалување на шпекулациите, кои не го рушат само судскиот интегритет туку и севкупното функционирање и доверба во државните институци.
прочитај повеќе >
 
VII-та Меѓународна Судиска Конференција „Судска независност и самостојност, предизвици, очекувања и решенија“
04.11.2022
На 2-3 ноември 2022 година во Гевгелија се одржа VII-та Меѓународна Судиска Конференција во организација на Здружение на судиите на Република Северна Македонија со подршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и CEELI Institute од Прага, на тема Судска независност и самостојност, предизвици, очекувања и решенија, на која учествува судии, претседатели на судови и членови на Судскиот совет на РСМ, судии од земји членки на Европска Унија и земји со отворени преговори за полноправно членство.
прочитај повеќе >
 
64-ти годишен состанок на Меѓународното Здружение на судии
23.09.2022
Секретарот на Здружение на судиите на Република Северна Македонија - судија Бетим Јахја учествуваше на 64-от Годишен состанок на Меѓународното здружение на судии, одржан во Тел Авив - Израел, 18-22септември 2022 година
прочитај повеќе >
 
ПОДДРШКА НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО СУДСТВОТО И ПРОМОВИРАЊЕ НА ЈАВНАТА ДОВЕРБА ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ
12.09.2022
Здружението на судии на Република Северна Македонија на 1ви јуни 2022 започна со имплементација на проектот Поддршка на транспарентноста во судството и промовирање на јавната доверба во правниот систем, во партнерство со Центарот за правни истражувања и анализи. Период на имплементација:01/06/2022 - 31/03/2025 Главната цел е зајакнување на капацитетите на Судско медиумскиот совет да дизајнира и имплементира стратегии, да организира и спроведува тренинг програми, да предлага промена на закони и регулативи, и да извршува целисходни активности кон судството, медиумите и јавноста кои целат да ја зголемат транпарентноста и отчетноста како и да инспирираат доверба во судските институции.
прочитај повеќе >
 
Тужба против одлуката на Советот на Европската Унија
30.08.2022
Европското Здружение на судии на ден 29 август 2022 година поднесе тужба против одлуката на Советот на Европската Унија поради неговата Одлука да ги деблокира Фондовите за закрепнување и отпорност.
прочитај повеќе >
 
Kонференцијата „Функционализација и операционализација на Советодавното тело за судиска етика во Северна Македонија”.
14.07.2022
Денес 14 јули 2022 година, во хотелот Холидеј Ин, Скопје со почеток во 11:00 часот, Проектот на УСАИД за граѓанско учество и Здружение на судиите на Република Северна Македонија беа домаќини на конференцијата „Функционализација и операционализација на Советодавното тело за судиска етика во Северна Македонија”. На самата конференција стручната јавност беше информирана за реализираните активности согласно проектот:
прочитај повеќе >
 
USAID ЗА ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО
31.05.2022
На денешен ден во Канцеларијата на Здружение на судии на Република Северна Македонија се одржа работилница со судиите и судиите поротници од Апелационо подрачје Скопје финансиски подржана од страна на УСАИД за граѓанско учество предвидена со проектот „Функционализација и операционализација на Советодавното тело за судиска етика“
прочитај повеќе >
 
Мислење бр.4 Советодавно тело за судиска етика
11.05.2022
МИСЛЕЊЕ 4 Повреда на Кодексот за етика на судиите и судиите поротници и на принципот на непристрасност е постапувањето на судијата кога за свои потреби или за водење на судски постапки има ангажирано како полномошник – адвокат, истиот да постапува во предмети во кои тој адвокат се јавува како полномошник на било која странка за време додека помеѓу адвокатот и судијата постои однос на налогодавач и налогопримач . Не претставува повреда на Етичкиот Кодекс, ако судија постапува во предмети во кои како адвокат се јавува полномошникот на спротивната странка (во постапките каде што судијата е тужител или тужен).
прочитај повеќе >
 
USAID ЗА ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО - РЕГИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА
10.05.2022
На Апелационо подрачје Гостивар на денешен ден се одржа регионална работилница. Оваа работилница финансиски подржана од страна на Проект на USAID за граѓанско учество е предвидена со проектот „Функционализација и операционализација на Советодавното тело за судиска етика“.
прочитај повеќе >
 
XIII – та седница на Управен одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија
26.04.2022
Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија на 26.04.2022 година ја одржа XIII – та седница, на која расправаше за реализација на aктивностите за подобрување на материјалниот статус на судиите и ги усвои следните: Заклучоци:
прочитај повеќе >
 
Регионална работилница Битола
14.04.2022
Советодавното тело за судиска етика на денешен ден одржа работилница во Основен суд Битола предвидена со проектот „Функционализација и операционализација на Советодавното тело за судиска етика“ финансиски подржана од страна на Проект на USAID за граѓанско учество.
прочитај повеќе >
 
Писмо од претседателите на CCJE, CCPE и CEPEJ за поддршка на украинските судии и обвинители
11.04.2022
Писмо од претседателите на Консултативниот Совет на Европските судии, Консултативниот Совет на Европските обвинители и Европската Комисија за ефикасна правда, за поддршка на Украинските судии и обвинители.
прочитај повеќе >
 
Мислење - Советодавно тело за судиска етика
11.04.2022
Советодавното тело за судиска етика при Здружение на судиите на Република Северна Македонија, на седница одржана на ден 11.04.2022 година, донесе: МИСЛЕЊЕ
прочитај повеќе >
 
Заклучок - Управен одбор 07.04.2022 година
08.04.2022
Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија на ден 07. 04.2022 година, ја одржа XII – та седница, на која расправаше за реализација на Предлог активностите за спроведување на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите и ги усвои следните:
прочитај повеќе >
 
Соопштение за одржување на Седница на Советодавното тело за судиска етика
04.04.2022
Советодавното тело за судиска етика ќе одржи седница на ден 06 април 2022 година со почеток во 11:30 часот
прочитај повеќе >
 
Конференција „Судството во Северна Македонија по реформскиот процес: Судија, Quo Vadis? “.
31.03.2022
Здружението на судиите на Република Северна Македонија со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираа Регионална конференција по повод Денот на правосудството на тема „Судството во Северна Македонија по реформскиот процес: Судија, Quo Vadis? “. Конференцијата се одржи денес на 31 март 2022 година со почеток во 11:30 часот преку платформа ZOOM.
прочитај повеќе >
 
IV Меѓународна конференција
26.03.2022
Здружение на судиите на Република Северна Македонија во соработка и со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје и CEELI Институтот за владеење на правото како партнерска организација ја организираа VI - та Меѓународна конференција на тема „Судската независност низ реформскиот процес - очекувања и реалност“.
прочитај повеќе >
 
РЕГИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ШТИП-USAID за граѓанско учество
14.03.2022
Во Апелационен суд Штип на денешен ден се одржа регионална работилница предвидена со проектот „Функционализација и операционализација на Советодавното тело за судиска етика“ финансиски подржана од страна Проект на USAID за граѓанско учество. Целта на оваа активност е peer-to-peer вмрежување и запознавање на локалните судии со улогата и работата на Советодавниот совет како и презентација на можноста судиите да бидат ангажирани и да земат учество во неговите активности. Оваа работилница поттикна дебата за должностите и надлежностите на Советодавниот совет.
прочитај повеќе >
 
Средба на Судскиот совет со Здружение на судиите: повисоки плати, екипирање на судовите и создавање ефикасен систем
11.03.2022
Денеска се одржа работен состанок на претседателката на Судскиот совет и членови на Советот со претседателот и претставници на Здружението на судиите на која се анализираа состојбите во судството со предлог идни активности со цел зајакнување на независноста, ефикасноста и материјалниот статус на судиите. Во врска со анализираните состојби беше потенцирано дека судството има капацитет и знаење да изгради независен, ефикасен и транспарентен систем, со цел да овозможи правда за граѓаните, а со тоа и да ја зголеми нивната доверба во судството. Беше нагласено дека интегритетот и стручноста на судиите се важни елементи кон обезбедувањето брза и ефикасна правда и дека активностите на Судскиот совет и на Здружението на судиите се во тој правец. На состанокот беше дискутирано и за неопходноста од екипирање на судовите, како со судии, така и со стручни служби. Беше истакнато дека во иднина мора да се стави фокус на овој сегмент од судството за да можат судовите да бидат поефикасни и поажурни. Определбата за нов кадар во судството станува приоритет и важна задача на Судскиот совет и на Здружение на судиите
прочитај повеќе >
 
РАБОТЕН СОСТАНОК НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДИИ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА Д-Р Никола Тупанчески
10.03.2022
На 10.03.2022 година во просториите на Здружение на судии се одржа работна средба на Претседателот на Здружение на судиите на РСМ на која присуствуваа и членовите на Комиисјата за подобрување на материјалниот стастус на судиите, со министерот за правда проф д-р Никола Тупанчески, на која се разговараше за актуелните состојби во судството, со акцент над материјалниот статус на судиите. Од страна на Комисијата пред министерот беше презентирана Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судии 2022-2024 година и Предлог активностите за реализација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите, во која се реафирмираат досега истакнатите барања како и нови барања, со акцент на потребата од реализација на досега договорените активности со Владата на РСМ, а кои се однесуват на материјалниот стастус на судиите.
прочитај повеќе >
 
Утрински брифинг-Д-р Саити: И судиите имаат проблеми за кои никој не ги прашува
23.02.2022
прочитај повеќе >
 
УСАИД СО ПОДДРШКА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИ ЗА ОПЕРАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ТЕЛОТО ЗА ЕТИКА НА СУДИИТЕ И СУДИИТЕ ПОРОТНИЦИ
22.02.2022
Денес, 22 февруари 2022 година, Проектот на УСАИД за граѓанско учество и Здружението на судии на Република Северна Македонија беа домаќини на конференцијата „Функционализација и операционализација на Телото за етика на судиите и судиите поротници во Северна Македонија“. За време на конференцијата, говорниците ја информираа општата и стручната јавност за целите и задачите на Телото за етика на судиите и судиите поротници, како и за активностите за зајакнување на неговите капацитети.
прочитај повеќе >
 
Стратегија за подобрување на материјалниот статус на судиите
18.02.2022
Платите на судиите треба да бидат гарантирани со закон и соодветни на достоинството и одговорноста што со себе ја носи професијата. За жал судиите во Северна Македонија се наоѓаат на последното место во регионот со најниски нето месечни примања.
прочитај повеќе >
 
Советодавно тело за судиска етика - конститутивна седница
15.02.2022
Советодавното тело за судиска етика ја одржа конститутивната седница. Членовите на советодавното тело беа избрани од страна на Управниот одбор на Здружението на судиите, од редот на судиите и судиите поротници на Република Северна Македонија, по предлог на подружниците на Здружение на судиите, со мандат од 2 (две) години
прочитај повеќе >
 
XI– тата седница на Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија
10.02.2022
На денешен ден 10.02.2022 година се одржа XI– тата седница на Управниот одбор на Здружение на судиите на РСМ, на која беше усвоена Стратегија за подобрување на материјалниот статус на судиите 2022-2024 година. На оваа седница Управниот одбор расправање и за моменталната состојба за материјалниот статус на судиите и досега преземените активности и при тоа заклучи дека договорните активности со Владата на РСМ низ долгогодишниот дијалог, а во насока на подобрување на материјалниот статус на судиите не се реализирани во целост од страна на Владата на РСМ.
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот на Здружение на судиите на Република Северна Македонија со Министерот за правда
20.01.2022
Претседателот на Здружение на судиите на Република Северна Македонија д-р Џемали Саити, денес оствари средба со Министерот за Правда на Република Северна Македонија д-р Никола Тупанчески.
прочитај повеќе >
 
Советодавно тело за етика на судиите и судиите поротници - Мислење бр.2
17.01.2022
Советодавното тело за етика на судиите и судиите поротници при Здружение на судиите на Република Северна Македонија, на седница одржана на ден 17.01.2022 година, донесе МИСЛЕЊЕ
прочитај повеќе >
 
Стратегијата за подобрување и зајакнување на судската транспарентност на Судско-медиумскиот совет на РСМ 2021-2023
10.12.2021
Судско медиумскиот совет при Здружение на судиите на РСМ одржа седница на која ја усвои Стратегијата за подобрување и зајакнување на судската транспарентност на Судско-медиумскиот совет на РСМ 2021-2023
прочитај повеќе >
 
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ САИТИ СО АМБАСАДОРОТ НА ЕУ ДЕЈВИД ГИР
01.11.2021
На 01.11.2021 година Претседателот на Здружението на судиите на РСМ д-р Џемали Саити оствари работен состанок со Шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Амбасадорот Дејвид Гир.
прочитај повеќе >
 
XV то Редовно Годишно Собрание
05.10.2021
XV то Редовно Годишно Собрание на Здружение на судиите на Република Северна Македонија се одржи на денешен ден 05 октомври 2021 година со почеток во 11 часот во Големата сала на Врховен суд на Република Северна Македонија. За работата на Собранието беше предложен следниот:
прочитај повеќе >
 
Конференција „ Подобрување на односите меѓу судовите и медиумите: научени лекции, преземени чекори и идни предизвици
29.09.2021
На ден 28-29ти септември во хотел Александар Палас се одржа конференција „ Подобрување на односите меѓу судовите и медиумите: научени лекции, преземени чекори и идни предизвици“, во организација на Судско-медиумскиот совет на Република Северна Македонија, Здружението на судиите на Република Северна Македонија и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.
прочитај повеќе >
 
ИЗВЕШТАЈ од одржанo Собрание на Меѓународното Здружение на Судии
22.09.2021
На 11-12.09.2021 година, преку онлајн платформата ЗООМ, се одржа Собрание на Меѓународното здружение на судии, на кое присуствуваа претставници од 65 здруженија на судии од земјите – членки. Здружението на судии на РСМ беше претставено со два делегата, судиите Бетим Јахја и Ѓорѓи Андонов. На самиот почеток на собранието се изрази солидарност и поддршка со судиите од Авганистан и се побара сите членки да направат напори за помош на истите, а потоа на собранието се разгледаа и дискутираа повеќе точки и теми од интерес за ИАЈ. Беше избран нов претседател на Здружението, судијата Хозе Игреја Матош од Португалија, кој е досегашен претседател на Европското здружение на судии. Беа избрани и 6 потпретседатели, од кои тројца се од европската зона. И претседателот и потпретседателите беа избрани со акламација. Досегашниот претседател на Здружението, судијата Тони Пагоне од Австралија, е назначен за почесен претседател на Здружението.
прочитај повеќе >
 
XV - Редовно годишно собрание на ЗСРСМ
21.09.2021
Петнаесетото Редовно Годишно Собрание на Здружение на судиите на Република Северна Македонија ќе се одржи на ден 05 октомври 2021 година ( вторник ) со почеток во 11 часот, во Големата сала на Врховен суд на Република Северна Македонија (прв кат).
прочитај повеќе >
 
Учество на претседателот д-р Џемали Саити на Јавна дебата на ДКСК
19.07.2021
На 15 јуни 2021 година, Претседателот на Здружението на судиите д-р Џемали Саити учествуваше на јавната дебата организирана од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата на тема: Истражувања и анализи на состојбите со корупцијата во правосудството, на кое имаше свое излагање. Претседателот Саити ја потенцираше важноста на истражувањата во мерењето на јавното мислење и довербата на граѓаните во судството, притоа осврнувајќи се на активностите на Здружението на судиите, ја нагласи улогата на Советодавното тело за судиска етика, во имплементацијата на Кодексот за етика на судиите и судиите поротници, во делот на корупцијата и судирот на интереси, како превентивен механизам. Посебен акцент беше ставен на улогата на Судско медиумскиот совет при Здружението на судиите, кој од една страна овозможи отварање на судството кон медиумите, а од друга, го подобри пристапот на медиумите кон судството, а во насока креирање на реалната слика и зголемување на довербата во судството.
прочитај повеќе >
 
VIII седница на Управен одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија
16.07.2021
На ден 14 јули 2021 година се одржа осмата седница на Управен одбор на Здружение на судиите на РСМ, на која се донесе Одлука за одржување на Редовно Годишно Собрание, на ден 05 октомври 2021 година. На оваа седница се расправаше и за активностите во однос на платите на судиите при што Управниот одбор ги подржа истите и побара нивно интензивирање ,со цел што е можно побрзо решавања на ова прашање. На седницата беа разгледани и други тековни прашања.
прочитај повеќе >
 
Состанок на Комисија за нормативна дејност
05.07.2021
На денешен ден 05.07.2021 година во просториите на Здружение на судиите се одржа работен состанок на Комисијата за нормативна дејност
прочитај повеќе >
 
Нацрт Акциски план за Отворено судство 2021- 2023 година
05.07.2021
Пред нас се наоѓа првиот нацрт на Акцискиот план за Отворено судство како дел од Националниот акциски план за Отворено Владино Партнерство на Република Северна Македонија за периодот 2021-2023 година. Акцискиот план претставува спектар на заложби и активности кои правосудниот сектор ќе ги преземе во наредните две години со цел да се зајакнат, продлабочат и прошират напорите за унапредување на транспарентноста и отвореноста на судовите и судските институции во РСМ.
прочитај повеќе >
 
Состанок на работна група за измени и дополнувања на Законот за платите на судиите
14.06.2021
Денес, понеделник (14.06) во 12:00 часот во Министерството за правда, претседателот на Здружение на судиите д-р Џемали Саити учествуваше на состанок на работната група за измени и дополнувања на Законот за плати на судиите
прочитај повеќе >
 
ИЗВЕШТАЈ од одржан состанок на Европското Здружение на Судии (EAJ) на 28.05.2021 година
08.06.2021
На ден 28.05.2021 година, преку онлајн платформата ЗООМ, од 15 часот до 17.45 часот, се одржа редовен состанок на Европското здружение на судии, на кој присуствуваа претставници од 33 земји – членки. Здружението на судии на РСМ беше претставено со два делегата, судиите Бетим Јахја и Ѓорѓи Андонов.
прочитај повеќе >
 
Подготовка на националната стратегија за индустриска сопственост 2022-2026
02.06.2021
Здружение на судии на Република Северна Македонија доби покана да биде дел од подготовката на Националната стратегија за индустриска сопственост 2022 - 2026 година, предвидена во рамките на проектот „Подршка на Државниот завод за индустриска сопственост“ со референтен број SIЕA-2018-1183 Финансиран од Европската комисија преку Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија.
прочитај повеќе >
 
Презентација на Вториот национален извештај од Матрицата за мерење на перформансите и реформите на правосудството
20.05.2021
Претседателот на Здружение на судиите на Република Северна Македонија Д-р Џемали Саити на ден 12 мај 2021 година во својство на модератор учествуваше на презентацијата на Вториот национален извештај од Матрицата за мерење на перформансите и реформите на правосудството, настан организиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи.
прочитај повеќе >
 
„Интегритетот на судијата: нужност или потреба“, Есеи, Заклучоци и препораки
19.04.2021
Во организација на Здружението на судиите на Република Северна Македонија, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје на ден 30 март се одржа Судиска онлајн конференција на тема „Интегритетот на судијата: нужност или потреба“, со која се одбележа Денот на правосудството.
прочитај повеќе >
 
ЗАКЛУЧОК по повод новонастанатата состојба со COVID – 19
06.04.2021
Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија, на VII – та седница, одржана на 06.03.2021 година, расправајќи по повод новонастанатата состојба со COVID – 19, го донесе следниот: Заклучок: По претходно информирање на члeновите на Управен одбор од страна на Претседателот на Здружение на судиите на РСМ, за реакцијата на дел од подружниците, за потребата од хармонизација на работата на судовите, согласно новонастанатата состојба со вирусот COVID 19, Управниот одбор заклучи, Здружението на судиите да побара од Судски совет, да преземе соодветни мерки, за целосно почитување на здравствените протоколи утврдени од страна на Владата на РСМ преку конкретни активности: 1. Да се донесе одлука за одлагање на закажаните рочиштата, 2. Да се судат само итните и недоложни предмети, 3. За судиите кои ќе ги судат итните и неодложни предмети да се обезбедат соодветни мерки за заштита, согласно Протоколите утврдени од страна на Министерството за здравство и Владата на РСМ, и Протоколот донесен од страна на Здружението на судиите, изготвен во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје.
прочитај повеќе >
 
Регионална конференција, на тема: “Интегритетот на судијата: нужност или потреба”.
30.03.2021
Денес на 30.03.2021 година, во организација на Здружението на судии на Република Северна Македонија, а со поддршка на OБСЕ Мисијата во Скопје, по повод денот на Правосудство на РСМ, се одржа, on line Регионална конференција, на тема: “Интегритетот на судијата: нужност или потреба”. На ова конференција учествуваа судии од РСМ и регионот, како и претставници на невладиниот сектор од областа на владеењето на правото.
прочитај повеќе >
 
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СУДСКО-МЕДИУМСКИОТ СОВЕТ И MИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА НА рЕПУБЛИКА сЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
26.02.2021
Здружение на судиите на Република Северна Македонија, претставувано од претседателот судија д-р Џемали Саити, и Судско-медиумскиот совет при Здружението на судиите на Република Северна Македонија, претставуван од претседателот судија Иван Џолев и Министерството за правда на Република Северна Македонија, претставувано од м-р Бојан Маричиќ, министер за правда на Република Северна Македонија на денешен ден 26 февруари 2021 година, во Скопје склучија Меморандум за соработка.
прочитај повеќе >
 
АПЕЛАЦИОНО ПОДРАЧЈЕ ШТИП- ФОРУМ ДИСКУСИЈА
25.02.2021
Во просториите на Апелационен суд Штип на денешен ден се одржа Регионална дискусија со интерактивен форум (IFD), каде што членовите на СМС отворено разговараа со локалните засегнати страни во дебатен формат за должностите и надлежностите на Советот и можноста за помош во подобрување на имиџот на судството во јавноста и зајакнување на соработката помеѓу судиите и новнарите и на локално ниво.
прочитај повеќе >
 
Дијалог меѓу новинарите и судиите за поголема транспарентност
19.02.2021
Зајакнување на улогата на функционалноста на Судско-медиумскиот совет во државата. На ден 18 февруари 2021 година регионална фокус дискусија за судии и новинари од битолското апелациони подрачје.
прочитај повеќе >
 
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судско-медиумскиот совет и ЗНМ
17.02.2021
Денеска во просториите на ЗНМ претседателот на Здружение на судии Џемали Саити како и претседателот на Судско-медиумскиот совет Иван Џолев и претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски потпишаа меморандум за соработка.
прочитај повеќе >
 
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ Судско-медиумскиот совет при Здружението на судиите на Република Северна Македонија и Совет на јавни обвинители на Република Северна Македонија
15.02.2021
На ден 12 февруари 2021 година ( петок ) Судско-медиумскиот совет при Здружение на судиите на Република Северна Македонија, претставуванo од претседателот судија д-р Џемали Саити, претседател на ЗСРСМ и судија Иван Џолев, Претседател на Судско-медиумскиот совет и Совет на јавни обвинители на Република Северна Македонија, претставувано од Ацо Колевски, Претседател на Совет на јавни обвинители на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка.
прочитај повеќе >
 
V-та Меѓународна судска конференција
11.02.2021
Здружението на судиите со поддршка од Амбасадата на САД во РСМ и CEELI Институтот за вледеење на правото на денешен ден 11 февруари 2021 година ја организираа V-та Меѓународна судска конференција на тема „Функционирање на судството за време на COVID-19 ”. Конференцијата се одржа виртуелно по пат на ZOOM платформа поради пандемијата со COVID-19. Со настанот модерираше Д-р Мирјана Лазарова Трајковска - судија на Врховен суд на Република Северна Македонија
прочитај повеќе >
 
Регионална фокус дискусија за судии и новинари – апелациско подрачје Гостивар
09.02.2021
На денешен ден 09.02.2021 година се одржа Регионална фокус дискусија за судии и новинари на апелациско подрачје Гостивар предвидена со десет месечениот проект „ Зајакнување на улогата и функционалноста на Судско-медиумскиот совет на Република Северна Македонија“ со подршка на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија. Настанот започна со поздравно обраќање на претседателот на Апелационен суд Гостивар, судија Беким Мехмеди, како домаќин и проследено со излагање на судија Шпенд Деваја - судија на Врховен суд и новинар Соња Колевска Делевска - САКАМДАКАЖАМ.МК претставници на Судско-медиумскиот совет. Соговорниците направија кратка презентација на Водичот за судска транспарентност и заложбите на Советот за промена на постојното законодавство, содржана во него.
прочитај повеќе >
 
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судско-медиумски совет при Здружение на судиите на РСМ и Адвокатска Комора на РСМ
05.02.2021
На ден 04 февруари 2021 година во просториите на Здружение на судиите се одржа средба меѓу Судско медиумски совет при ЗСРСМ и Адвокатска комора на РСМ. На оваа работна средба беше потпишан Меморандум за соработка од страна на д-р Џемали Саити, Претседателот на Здружение на судиите на РСМ, г. Иван Џолев, претеседател на Кривичен суд Скопје и претседател на Судско - медиумскиот совет и г. Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатска комора на РСМ.
прочитај повеќе >
 
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СУДСКО - МЕДИУМСКИ СОВЕТ ПРИ ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДИИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
29.01.2021
На денешен ден 29 јануари 2021 година во просториите на Судски совет на Република Северна Македонија беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судско-медиумски совет при Здружение на судиите на РСМ и Судски совет на РСМ. Меморандумот за сработка предвиден со проектот „ Зајакнување на улогата и функционалноста на Судско - медиумскиот совет “ финансиран од страна на Владата на САД беше потпишан од страна на д-р Џемали Саити,судија на Врховен суд на Република Северна Македонија и претседател на ЗСРСМ и г-дин Иван Џолев, претседател на Кривичен суд Скопје и претседател на Судско-медиумскиот совет при ЗСРСМ и г-дин Киро Здравев, претседател на Судски совет на РСМ.
прочитај повеќе >
 
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Судско - медиумскиот совет при Здружение на судиите на Република Северна Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“
26.01.2021
Тргнувајќи од зедничките заложби за транспарентно, независно и самостојно судство, судство со интегритет и доверба кај граѓаните, притоа насочувајќи ги напорите кон поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, преку унапредување на меѓусебната соработка, Судско-медиумскиот совет при Здружението на судиите на Република Северна Македонија, претставуванo од претседателот судија д-р Џемали Саити, претседател на ЗСРСМ и судија Иван Џолев, Претседател на Судско-медиумскиот совет од една страна и Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” Република Северна Македонија, претставувана од директорката Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, на денешен ден 26 јануари 2021 година, во Скопје во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА.
прочитај повеќе >
 
МИСЛЕЊЕ бр. 2 (2020) за начинот на известување на медиумите при објава на пресуда
14.12.2020
Судско-медиумскиот совет при Здружение на судии на Република Северна Македонија на XVI седница што се одржа на ден 03.12.2020 година, врз основа на Деловникот за работа, по поднесена иницијатива
прочитај повеќе >
 
Судско Медиумски Совет- конститутивна седница
27.11.2020
Судско Медиумскиот Совет при Здружение на судиите на Република Северна Македонија со својство на советодавно тело за унапредување на соработката помеѓу судиите и новинарите за прашања од заеднички интерес, како и зајакнување на судската транспарентност и пристапот на јавноста до правда на ден 26 ноември 2020 година ја одржа конститутивната седница
прочитај повеќе >
 
Четврта седница на Управен одбор на Здружение на судиите на Република Северна македонија
27.11.2020
На ден 16 ноември 2020 година, се одржа четвртата седница на Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија. Во Дневниот ред за седницата беше предложена точката: Избор на членови на Судско Медиумскиот Совет при Здружение на судиите на Република Северна Македонија
прочитај повеќе >
 
Консултативниот Совет на Европски Судии објави Мислење бр.23 „Улогата на здруженијата на судиите во поддршката на судската независност“
19.11.2020
Консултативниот Совет на Европски Судии, во согласност со мандатот доделен од Комитетот на министри на Совет на Европа, подготви Мислење за улогата на здруженијата на судии во поддршка на судската независност. Линк до Мислењето бр. 23 https://rm.coe.int/opinion-23-en-ccje-2020/1680a03d4b
прочитај повеќе >
 
Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа
05.11.2020
Претседателот на Здружение на судиите на Република Северна Македонија д-р Џемали Саити со свое воведно обраќање учествуваше на Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа кој се одржа на 16 и 17 октомври 2020 година во организација на AIRE Центарот и Организацијата Civil Rights Defenders. Темата на форумот беше КОВИД-19 и правата заштитени со Европската конвенција за човекови права. Целта на овогодинешниот Форум беше промовирање на спроведувањето на Европската конвенција за човекови права на национално ниво, да се поттикне регионалната соработка во услови на континуиран развој на владеењето на правото и човековите права и да се помогне во процесот на интеграција на регионот во Европската Унија. Настанот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, Владата на Шведска, и Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.
прочитај повеќе >
 
In memoriam
03.11.2020
На ден 02 ноември 2020 година почина судија Среќко Митовски, судија на Основен суд Прилеп и Претседател на подружница на Здружение на судиите на Република Северна Македонија при Основен суд Прилеп. Здружението им изразува искрено сочувство на семејството и пријателите Вечно ќе го паметиме.
прочитај повеќе >
 
Промовиран Протоколот за спроведување мерки за заштита од КОВИД-19 во судовите
03.11.2020
Здружение на судии на Република Северна Македонија на денешен ден во Основниот граѓански суд Скопје и Основниот кривичен суд Скопје го промовираа Протоколот за спроведување мерки за заштита од КОВИД-19 во судовите. Со техничка и финансиска помош од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработени се 10.000 флаери и 900 постери од кои 600 на македонски јазик и 300 на албански јазик.
прочитај повеќе >
 
Унапредување на соработката помеѓу Здружение на судиите на РСМ и Адвокатска комора на РСМ
02.11.2020
На 30 октомври (петок) 2020 година претседателот на Здружение на судиите на Република Северна Македонија д-р Џемали Саити оствари средба со претседателот на Адвокатската Комора на Република Северна Македонија г-дин Љубомир Михајловски
прочитај повеќе >
 
Протокол за спроведување на мерки за заштита од Ковид - 19 во судовите
20.10.2020
Во врска со последното соопштение од страна на Основниот кривичен суд Скопје, од името на Здружението на судиите на Република Северна Македонија Ве известувам дека Протоколот за работа на судовите во услови на КОВИД-19 е изготвен како дел од проектната соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и вклучува печатење на постери и флаери со преработена содржина која е едноставна за примена во практиката. Во текот на следната недела Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Здружение на судиите на РСМ ќе дистрибуираат доволен број примероци и од постерите и од флаерите до секој суд во државата, согласно неговата големина.
прочитај повеќе >
 
Прирачник за Судска Транспарентност за судии и новинари
30.09.2020
Ни претсавува чест да Ве известиме дека на ден 29.09.2020 година ( вторник ) се одржа промоцијата на новиот Прирачник за Судска Транспарентност за судии и новинари, публикација на Судско – медиумскиот совет што произлезе од активностите на проектот „Зајакнување на капацитетите и функционалноста на СудскоМедиумскиот совет на Северна Македонија“, проект имплементиран од страна на Здружение на судиите на Република Северна Македонија и Одделот за INL на амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија.
прочитај повеќе >
 
Средба Саити - Маричиќ
11.09.2020
Претседателот на Здружение на судиите на Република Северна Македонија д-р Џемали Саити, денес оствари средба со Министерот за Правда Бојан Маричиќ, на која дискутираа за состојбите во судството, со акцент на заштитата на судската независност, зголемување на ефикасноста, одговорноста и транспарентноста во судството со цел зголемување на довербата во правосудниот сектор.
прочитај повеќе >
 
ДОНАЦИЈА Covid19
17.07.2020
Управниот одбор на Здружение на судиите на XXXIX седница, одржана на 29.04.2020 година донесе Одлука судиите на Република Северна Македонија да издвојат/донираат најмалку 20% од нивната плата, за месеците април и мај 2020 година, за сметка на Солидарниот фонд за справување со вирусот Covid 19.
прочитај повеќе >
 
Mислење- Советодавно тело за етика на судиите и судиите поротници
25.06.2020
Дали судија може да ги користи социјалните медиуми како начин на комуникација со другите судии, односно колеги (обвинители, адвокати, професори, правници и др) и до која мера може тој/таа да ги користи, односно треба да има?
прочитај повеќе >
 
ДОНАЦИЈА COVID19
28.05.2020
Управниот одбор на Здружение на судиите донесе Одлука под архивски број 0101-128 на ден 29.04.2020 година судиите да издвојат/донираат најмалку 20% од нивната плата за месец април и мај 2020 година, за сметка на Солидарниот фонд за справување со вирусот COVID 19. Управниот одбор оваа Одлука ја донесе во форма на Препорака и истата судиите ја почитуваа на доброволна основа, со што беше исполнете декларираната заложба на судиите за учество во намалување на последиците од Пандемијата. Донациите односно издвојувањата од плата се видливи, преку соодветна евиденција во рамките на судовите доставени до Здружение на судиите.
прочитај повеќе >
 
Конститутивна седница на Управен одбор на ЗСРМ
28.05.2020
Управниот одбор на Здружение на судиите ја одржа конститутивната седница на ден 27 мај 2020 година.
прочитај повеќе >
 
XIV- то Редовно Изборно Собрание на Здружение на судиите
18.05.2020
На ден 14 мај 2020 година се одржа XIV - то Редовно Изборно Собрание на Здружение на судиите. Согласно усвоените мерки на Владата на РСМ во однос на Корона вирусот, Редовното Изборно собрание се одржа преку физичко присуство и со видео линк комуникација. На собранието се разгледа извештајот за работа и програмските активности на Здружение на судиите на РМ.
прочитај повеќе >
 
СООПШТЕНИЕ
29.04.2020
На 29.04.2020 година, се одржа XXXIX –тата седница на Управниот одбор на Здружението на судиите, преку мејл/телефонска комуникација, на која беше разгледана Одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, т.е Решението за поведување на постапка за oценување на уставноста и законитоста, со времена мерка, на член 2 став 3, во врска со членот 3, од Уредбата со Законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба, Бр.44 -2867/1 од 7 април 2020 година
прочитај повеќе >
 
Иницјатива
29.04.2020
прочитај повеќе >
 
Барање
29.04.2020
прочитај повеќе >
 
XXXVIII седница на Управен одбор на Здружение на судиите
23.04.2020
На ден 21.04.2020година (вторник) во 11 часот се одржа XXXVIII седница на Управен одбор на Здружение на судиите на Република Македонија, на посреден начин, преку мејл/телефонска комуникација поради прогласената вонредна состојба со вирусот Ковид 19
прочитај повеќе >
 
ЧЕСТИТ ДЕН НА ПРАВОСУДСТВОТО
31.03.2020
Денес, човековата цивилизација е исправена пред нови предизвици, кои го менуваат светот на планетарно ниво. Момент, кој го менува и нашето однесување и одговорност. Битката, која се води од страна на здравствените работници со пандемијата, ни дава обврска да ги удвоиме нашите напори за обезбедување на услови за нормално функционирање на правосудниот систем, владеење на правото и правната сигурност, во вакви специфични околности.
прочитај повеќе >
 
XXXVI Седница на Управен одбор - XIV Редовно изборно собрание
16.03.2020
Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Македонија на XXXVI – та седница одржана на ден 16.03.2020 година донесе: 1. ОДЛУКА За одлагање на закажаното Редовно Изборно Собрание 2. ЗАКЛУЧОК Расправа по повод новонастанатата состојба со COVID – 19
прочитај повеќе >
 
XIV-то Редовно Изборно Собрание
12.03.2020
Здружение на судиите на Република Македонија ќе го одржи XIV - то Редовно Изборно Собрание
прочитај повеќе >
 
XXXV Седница на Управен одбор на Здружение на судиите
12.03.2020
прочитај повеќе >
 
Усвоен Прирачникот за имплементација на Кодексот за етика на судиите и судиите - поротници
24.02.2020
На ден 20.02.2020 година Советодавното тело за етика на судиите и судиите поротници го одржа вториот состанок и го усвои Прирачникот за имплементација на Кодексот за етика на судиите и судиите поротници. Прирачникот е направен согласно препораките од Поглавје 11 од вториот евалуацијски извештај на ГРЕКО. Прирачникот за имплементација на Кодексот за етика на судиите и судиите поротници е изработен од Здружението на судиите на Република Македонија и ОБСЕ Мисијата во Скопје.
прочитај повеќе >
 
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ - МИСЛЕЊЕ
17.02.2020
Судско медиумскиот совет на XIII седница што се одржа на 30.01.2020 година, врз основа на чл. 5,6,7 и 9 од Деловникот за работа, го донесе следното Мислење бр.1(2020) на Судско медиумскиот совет за известување за судските постапки Скопје, 12. Февруари 2020 година I. Вовед 1. Во согласност со поднесената иницијатива до Судско медиумскиот совет за начинот и обемот на известување, како и природата на информации кои може да се пласираат во јавноста кога во рамки на тековните судски постапки се сослушуваат сведоци, Судско медиумскиот совет подготви Мислење за известување за судските постапки. 2. Во своите дискусии членовите на Судско медиумскиот совет, заклучија дека насловот соодветно го одразува целниот предмет. 3. Мислењето е подготвено врз основа на законодавството на Републкика Северна Македонија и тоа Уставот на Република Северна Македонија, Законот за кривична постапка, Судскиот деловник, ЕКЧП чл.10, како и релевантните инструменти на Советот на Европа, Мислењето бр. 7 од ССЕС во однос на "Правда и општество" и Мислењето бр. 12 на Европскиот советодавен совет за судии. 4. Целта на оваа мислење е да се испитаат главните проблеми и примарните потреби за примена на начелото на јавност и известувањето за судските постапки.
прочитај повеќе >
 
Седница на советодавното тело за судиска етика на судиите и судиите поротници на Здружение на судиите на Република Северна Македонија
04.02.2020
прочитај повеќе >
 
13та СЕДНИЦА НА СУДСКО МЕДИУМСКИОТ СОВЕТ
30.01.2020
Судско медиумскиот совет при Здружението на судиите на Република Северна Македонија, денес го одржа 13от состанок, односно првата седница во 2020 година на која беше разгледувана иницијативата на претседателката Гордана Дувњак, а во врска со предлогот на ЈО Ленче Ристоска во однос за преиспитување на одредбите за јавноста на главната расправа во Законот за кривична постапка и судскиот деловник.
прочитај повеќе >
 
Претседателот на Здружение на судиите на Република Македонија д-р Џемали Саити оствари средба со Премиерот Спасовски
23.01.2020
Превземено од Влада на Р.С.М www.vlada.mk Премиерот Спасовски на средбата со Здружението на судии: Низ дијалог и инклузивен процес ќе дојдеме до решенија од интерес на судиите и судството Премиерот на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска прими Делегација на Здружение на судии предводена од претседателот на здружението д-р Џемали Саити. На средбата присуствуваше и министерката за правда Рената Десковска. Премиерот истакна дека Владата останува посветена на дијалогот со Здружението на судии до постигнувањето на крајната цел – исполнување на нивните барања меѓу кои и зголемувањето на коефициентот на плати на судиите.
прочитај повеќе >
 
Средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј
21.01.2020
Претседателот на Здружение на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити на 20 јануари 2020 година оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.
прочитај повеќе >
 
Соопштение
08.01.2020
Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ, на телефонската седница одржана на ден 08.01.2020 година расправаше за новонастанатата состојба во Основен Кривичен суд Скопје и во потполност се согласува со соопштените до јавноста од страна на истиот суд објавено на веб страната на судот и средствата за информирање, при што најостро ги осудува сите видови на напади врз независноста на судството, интегриететот на судиите и нападите врз работата на било кој друг орган од судска надлежност, истовремено повикувајќи ги сите процесни чинители на „воздржаност“ и целосно почитување на законот во однос на нивното постапување.
прочитај повеќе >
 
ХХХII СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 16.12.2019 година
24.12.2019
прочитај повеќе >
 
ПРАВНА ШКОЛА ЗА НОВИНАРИ ДЕЛ 2
10.12.2019
Во рамките на проектот „Зајакнување на улогата и функционалноста на Судско медиумскиот совет“ на 12ти декември во хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје се одржа вториот дел од работилницата Правна школа за новинари со наслов „Правосудство, кривична правда и медиуми“. На работилницата свое учество имаа членовите на Судско медиумскиот совет и експерти од регионот.
прочитај повеќе >
 
ПРАВНА ШКОЛА ЗА НОВИНАРИ ДЕЛ 1
02.12.2019
Во рамките на проектот „Зајакнување на улогата и функционалноста на Судско медиумскиот совет“ на 2ри декември во хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје се одржа првиот дел од работилницата Правна школа за новинари со наслов „Правосудство, кривична правда и медиуми“.
прочитај повеќе >
 
ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ПОДОБРУВАЊЕ НА МЕХАНИЗМИТЕ ЗА СУДИСКА ЕТИКА – СПОДЕЛУВАЊЕ НА НАЈДОБРИТЕ ПРАКТИКИ ВО РЕГИОНОТ И ЕУ“ 29.11.2019 година
29.11.2019
На 29ти ноември во просториите на Здружението на судиите на Република Северна Македонија се одржа финалната конференција од проектот „Подобрување на механизмите за судиска етика – споделување на најдобрите практики во регионот и ЕУ“. Настанот беше отворен од судија д-р Џемали Саити и Н.Е. г-дин Андри Ван Менс, Заменик амбасадор на Кралството Холандија во Северна Македонија
прочитај повеќе >
 
Состанок на Судско-медиумски совет
27.11.2019
прочитај повеќе >
 
СООПШТЕНИЕ-РЕАКЦИЈА
20.11.2019
Управниот одбор на Здружението на судиите на Северна Македонија на денешната телефонска седница расправајќи за новонастанатата ситуација во Апелационен суд Скопје, а по повод конкретна судска одлука, во потполност го поддржува ставот на овој суд изразен од страна на колегиумот на судиите, објавен на веб страната на Апелационен суд Скопје. Воедно Управниот одбор на Здружението на судиите повикува на воздржаност и професионално однесување на сите чинители на правосудниот систем и пошироко, со цел да се даде шанса на правната држава и владеењето на правото. Во тој контекст, Управниот одбор на Здружението на судиите најостро ги осудува нападите врз судството и судиите од било која страна и смета дека тие претставуваат директен притисок врз независноста и самостојноста при одлучувањето и правораздавањето.
прочитај повеќе >
 
IVТА ОХРИДСКА МЕЃУНАРОДНА СУДСКА КОНФЕРЕНЦИЈА
14.11.2019
На 13ти ноември Претседателот на Здружението на судиите на Северна Македонија, судија д-р Џемали Саити заедно со г-ѓа Дајана Палекин од Амбасадата на САД во РСМ и г-ѓа Фрида Грили од CEELI Институтот за владеење на правото во Чешка, ја отворија 4та Меѓународна Охридска Судска Конференција на тема „Обструкција на правдата како закана за судиската независност и транспарентност“.
прочитај повеќе >
 
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АНАЛИЗА ЗА СУДИСКА ЕТИКА ВО РЕГИОНАЛНО ПОДРАЧЈЕ ГОСТИВАР
06.11.2019
Здружението на судиите на Северна Македонија, во рамки на проектот „Зајакнување на функционалноста на Советодавното тело за судиска етика„ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Северна Македонија одржаа регионална промоција на правната Анализа за стандардите и принципите на судиската етика. Анализата претставува сублимат на регионаллните и европските стандарди и принципи за судиска етика, како и работата на Советодавните тела за етика во Регионот.
прочитај повеќе >
 
СООПШТЕНИЕ
05.11.2019
Управниот одбор на Здружението на судиите, на телефонската седница одржана на 04.11.2019 година, разгледувајки ја состојбата во однос на имплементацијата на договорените предлог мерки, за платите и другите надоместоци на судиите, утврдени на преговорите со Владата на Република Северна Македонија на 04.02.2019 година, а прифатени од страна на судиите, органите и телата на Здружението на судиите, како и од страна на Судскиот совет, Судско буџетскиот совет, Претседателот на Врховниот суд и претседателите на судовите, го изразува своето задоволство од позитивниот тек на исполнувањето на договорените обврски преземени од страна на Владата, а кои се однесуваат на исплатата на заостанатите додатоци на плати на судиите.
прочитај повеќе >
 
НОВИНАРСКА ШКОЛА ЗА СУДИИ
31.10.2019
Здружението на судиите во соработка со Амбасадата на САД во Северна Македонија на ден 31.10 ја организираа дводневната обука за судии и новинари со наслов Новинарска Школа на судии, во рамките на проектот Зајакнување на капацитетите и функционалноста на Судско Медиумскиот совет на Северна Македонија. Свои излагања имаа г-ѓа Шели Коен од судско медиумскиот совет на Врховниот суд на Масачусетс и Јоана Лачана - Шефица на канцеларијата за односи со јавност при ЕУЛЕКС Мисијата во Косово.
прочитај повеќе >
 
Ангажирање на Проектен Асистент
21.10.2019
прочитај повеќе >
 
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ САИТИ СО ОЦЕНСКА МИСИЈА ЗА КОРУПЦИЈА, ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ НА ЕУ
17.10.2019
На ден 17.10.2019 година Претседателот Саити во придружба со судиите Ѓорѓи Андонов - претседател на Основен суд Штип и м-р Бетим Јахја, Секретар на Здружението на судиите, одржаа средба со претставниците на ТАИЕКС Мисијата на Европската Унија за спречување на организиран криминал и корупција. На средбата беше разгледуван извештајот на оценската мисија за напредокот во борбата против корупцијата во насока на изнаоѓање конкретни мерки и чекори за нејзино идно спречување.
прочитај повеќе >
 
промоција на правна анализа на стандардите и принципите на судската етика на апелациското подрачје битола
05.07.2019
На 5ти Јули 2019 година, на Апелациското подрачје Битола, беше презентирана правната анализа на стандардите и принципите на судската етика во рамките на проектот спроведен помеѓу Здружението на судиите и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија. На презентацијата се дискутираше за судската етика како и за импликациите на практичната примена на Кодексот на судиската етика, во заедничките напори за исполнување на препораките на ГРЕКО
прочитај повеќе >
 
средба на претседателот саити со претседателот на собранието на рс македонија м-р талат џафери
28.06.2019
Во петок, 28.06.2019 година, претседателот на Здружението на судиите судија д-р Џемали Саити, оствари средба со претседателот на Собранието на РС Македонија, м-р Талат Џафери. На средбата се разговараше за реформите во правосудниот систем, зајакнување на независноста и транспарентноста, како и подобрување на статусната и материјалната состојба на судиите заедно со потребата од зајакнување на судискиот интегритет.
прочитај повеќе >
 
дводневен настан за предизвиците и практиките во втора инстанца со американскиот судија Џон Антун
27.06.2019
Во тек е двнодневна работлница со тема "Предизвици и практики во втора инстанца" организирана од Здружението на судиите во соработка со Амбасадата на САД во РСМ. Во фокус на работилницата ќе бидат најдобрите американски практики образложени од судијата Џон Антун, како и панел дискусија на која учество ќе земат домашни апелациски судии, како и судии од основните судови, кои ќе дебатираат за нивните искуства во одлучувањето и правораздавањето во втор степен.
прочитај повеќе >
 
претседателот саити учествуваше на двнодневниот настан во склоп на проектот "национална дебата за демократија" спроведен од институтот за европска политика
22.06.2019
Институтот за европска политика успешно го спроведе проектот „Национална дебата за демократија“ во кој на дводневен настан кој се одржа на 22-23.06.2019 околу 150 граѓани дискутираа на теми за демократските институции и еднаквоста за сите. Судијата д-р. Џемали Саити одговараше на прашањата на граѓаните од целата држава поврзани со демократските процеси во државата на националната дебата за демократија, организирана од Институтот за европска политика – Скопје во соработка со универзитетот Стенфорд од САД.
прочитај повеќе >
 
работилница на судско медиумскиот совет за овозможување на транспарентност во судството и одговорноста на медиумите
21.06.2019
Здружението на судиите на РС Македонија во соработка со Амбасадата на САД во РС Македонија, на 21 Јуни 2019 година, во хотел Хилтон, организираа работилница за членовите на Судско Медиумскиот Совет, која беше насочена кон овозможување на транспарентност во првосудството и одговорноста на медиумите. На настанот, свое учество како говорници зедоа претседателите на Судскиот Совет и Советот на Јавните Обвинители на РС Македонија.
прочитај повеќе >
 
Претседателот Саити на работна средба со Претседателот на Република Северна Македонија, г.Стево Пендаровски
20.06.2019
Во текот на вчерашниот ден, претседателот Саити оствари работна средба со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. На средбата беше разговарано за предизвиците со коишто се соочуваат судиите во вршењето на својата одговорна должност, како и за развојните процеси во оваа област, со цел јакнење и гаранција на независноста, самостојноста и објективноста на судството. Во тој контекст, претседателот Саити го информираше претседателот Пендаровски за досегашните активности на Здружението во насока на поттикнување на развојот во судството, преку унапредување на законите за целокупната организација и работата на судовите.
прочитај повеќе >
 
XXVII седница на управниот одбор на здружението на судиите
06.06.2019
Управниот обор на Здружението на судиите на РМ на XXVII- мата седница која се одржа на 06.06.2019 година, ја разгледа информацијата на претседателот на ЗСРМ испратена до подружниците на 30.05.2019 година за состојбата поврзана со платите и додатоците на плата на судиите и расправаше за истата, при што ги поддржа и поздрави активностите на Судско-буџетскиот совет кои се однесуваат на исплата на заостанатите додатоци на плата со конкретно утврдена временска динамика и начин на исплата, со надеж дека во најбрз можен рок ќе дојде до реализација. Притоа, ги повикува сите чинители на овој процес да постапат согласно своите надлежности и утврдени обврски во одлуките на Судско-буџетскиот совет.
прочитај повеќе >
 
промоција на правна анализа на стандардите и принципите на судската етика на апелациското подрачје штип
31.05.2019
На 31ви Мај 2019 година, на Апелациското подрачје Штип, беше презентирана правната анализа на стандардите и принципите на судската етика во рамките на проектот спроведен помеѓу Здружението на судиите и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија. На презентацијата се дискутираше за судската етика како и за импликациите на практичната примена на Кодексот на судиската етика, во заедничките напори за исполнување на препораките на ГРЕКО.
прочитај повеќе >
 
Промоција на правна анализа за стандардите и принципите на судиската етика
23.05.2019
На 23ти Мај, во просториите на Здружението на судиите, се промовира новата правна анализа за стандардите и принципите на судиската етика. Анализата е изготвена од домашни и странски автори, врз основа на собраните податоци во период од 1 година, а во рамки на проектот имплементиран од Здружението на судии на РСМ и Амбасадата на Кралството Холандија во РСМ. Заклучоците на Анализата се насочени кон овозможување на целосна функционалност на Советодавното тело за судска етика.
прочитај повеќе >
 
Претставник на Здружението на судиите на годишен состанок на Европската асоцијација на судии
17.05.2019
Судијата Бетим Јахја, секретар на Здружението на судиите во својство на делегат од Република Северна Македонија присуствуваше на одржаниот годишен состанок на Европската асоцијација на судии како регионална група во рамките на Meѓународното здружение на судии , во периодот од 9-11 Мај 2019 година, во Копенхаген, Данска.
прочитај повеќе >
 
Стручна расправа на тема Гонење и судење на делата за попречување на правдата”
15.05.2019
На 10.05.2019 во заедничка соработка на Здружението на судиите, Академијата за судии и јавни обвинители и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија се одржа стручна расправа тема “Гонење и судење на делата за попречување на правдата”. Дискусијата се одвиваше со фокус на новото казнено дело предвидено во Казнениот Законик. За прв пат судиите и јавните обвинители имаа можност да зборуваат и да разменат позитивни практики и искуства со осврт на американските искуства во однос на примената на ова дело во практиката. Судија Пол Бајрон и Г-ѓа Челзи Шинур беа клучни говорници на настанот, додека дискусијата и македонските искуства беа презентирани од г-ѓа Вилма Русковска, ЈО на ОЈО за гонење на организоран криминал и корупција и г-ѓа Катица Јанева, СЈО на РСМ. Експертски излагања на оваа тема има Проф.др. Тодор Витларов, ВЈО.
прочитај повеќе >
 
Стручна расправа на тема „Управување со предмети и менаџирање на судница“
15.05.2019
На 09.05.2019 во хотел „Арка“ се одржа стручна расправа на тема „Управување со предмети и менаџирање на судница“, во организација на ЗСРМ, АСЈО и Амбасадата на САД во РСМ. Расправата имаше за цел да ги укаже најдобрите практики и студии на случаи во однос на успешно менаџирање со судски предмети, изготвување на квалитетни судски одлули и комуникација со медиуми за предмети од јавен интерес. Клучен говорник на расправата беше судијата Пол Бајрон, федерален судија и Г-ѓа Челзи Шинур, резидентен правен советник во Амбасадата на САД во РСМ.
прочитај повеќе >
 
членови на судско-медиумскиот совет на здружение на судии гости во „Правда и неправда“ на 1ТВ
13.05.2019
Дел од членовите на Судско- медиумскиот совет на Здружението на судиите на РСМ, судијата Ѓорѓи Андонов, новинарот Васко Маглешов и правниот советник Андреј Божиновски, учествуваа на телевизиска дебата на теми поврзани со транспарентноста во работењето на судовите и правосудсниот сектор. На линкот подолу можете да ја погледнете целата емисија: https://youtu.be/QGEql9R4y2w
прочитај повеќе >
 
Извештај на претставникот на РСМ во Консултативниот совет на европски судии, судија Шпенд Деваја
10.05.2019
Во периодот од 24-25 април во Стразбур, Франција, се одржа Меѓународна Конференција на Совет на Европа, Консултативниот совет на европски судии (CCJE) и Консултативниот совет на европски обвинители, на која учествуваше судија Шпенд Деваја, судија на Врховен суд на РСМ, како член на CCJE од Република Северна Македонија, номиниран од страна на Здружението на судиите.
прочитај повеќе >
 
претседателот саити со свое обраќање на деновите на македонската адвокатура
10.05.2019
Во присуство на бројни претставници на регионалните и европските адвокатски комори, претставници на правосудството, Владата на РСМ, Министерството за правда, Државното правобранителство, Централниот регистар, академската заедница, домашната адвокатура, како и пред бројни почитувачи на адвокатурата и правото, на 4 мај 2019 година, во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид, Адвокатската комора на Република Македонија свечено го одбележа јубилејот 74 години македонска адвокатура и го одржа 64. Годишно собрание на Комората.
прочитај повеќе >
 
3-та седница на советодавното тело за судска етика
06.05.2019
На 23.04.2019 година се одржа третата седница на Советодавното тело за судска етика на Здружението на судиите. Присутните членови ја дискутираа динамиката за идните активности во насока на зајакнување на капацитетите на телото заради негово потполно функционирање, како и предлози за измена и дополнување на Кодексот согласно препораките на ГРЕКО кои се однесуваат на вклучување на судиите-поротници, предвидување на регистар за протоколарни подароци и др.
прочитај повеќе >
 
седница на судско-медиумскиот совет на здружението на судиите
06.05.2019
На 03.05.2019 година во просториите на Здружението на судиите се одржа петтата седница на Судско-медиумскиот совет. Членовите на телото дискутираа за моменталните состојби поврзани со транспарентноста на судовите, како и дефинирање на насоките за имплементација на идните активности.
прочитај повеќе >
 
СООПШТЕНИЕ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИТЕ - ЗАШТИТА НА ИНТЕГРИТЕТОТ НА СУДИИТЕ
25.04.2019
Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ, разлгедувајки ги актуелните состојби во судството, и особено последните случувања, најостро ги осудува нападите кои доаѓаат од било која страна, врз судиите и особено говорот на омраза на поглаварот на ИВЗ, искажан на прес конференцијата одржана на 23.04.2019 година, кон судијата Сузана Дончевска, судија на Основен Суд Скопје 2 Скопје. Воедно Управниот одбор на Здружението на судиите ги повикува сите надлежни органи да преземат соодветни дејствија, во однос на целиот настан, кој се однесува на оваа судска постапка и последиците од истата, со цел обезбедување на предуслови за владеење на правото и правната сигурност на граѓаните на Република Северна Македонија. Притоа уште еднаш нагласуваме дека надлежните институции, се должни да ги применат обезбедените гаранции за заштита на интегритетот на судиите при нивното постапување.
прочитај повеќе >
 
одржана третата седница на советодавно тело за судиска етика
24.04.2019
На 23.04.2019 година во просториите на Здружението на судиите се одржа третата седница на Советодавното тело за судиска етика. Во фокусот на дискусијата на состанокот беа препораките од Извештајот на ГРЕКО од четвртиот евалуационен круг, кои се однесуваат на развој на правила и водичи за судиите во однос на прифаќањето на подароци и други предности, како и соодветно мониторирање на примената на овие правила.
прочитај повеќе >
 
свечена академија по повод денови на правосудството
04.04.2019
На 28 и 29 Март, Здружението на судиите во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, оддржаа прослава по повод Денови на правосудството. На настанот зедоа учество повеќе домашни и странски судии и експерти кои дадоа свои излагања на овогодинешната тема на Денови на правосудството со наслов "На патот кон европско судство: предуслови и предизвици"
прочитај повеќе >
 
прослава по повод денови на правосудството
27.03.2019
Здружението на судиите, на 28 и 29 Март, во хотел Александар Палас, организира дво-дневен настан по повод прославата на "Денови на правосудство" во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Првиот ден од дво-дневниот настан е поставен како работен дел на тема "На патот кон европско судство: предуслови и предизвици"на кое учество ќе земат домашни и меѓународни судии и експерти.
прочитај повеќе >
 
Одржана 24-та седница на Управниот одбор на Здружението на судиите на Република македонија
15.02.2019
На денешната 24-та седница на Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија се расправаше за состојбата со платите и додатоците на плата на судиите, по одржаната средба на претседателот на Здружението во придружба на претседателите на четирите апелациони судови во Владата на РМ и добиените произнесувања од подружниците во однос на овие разговори и понудениот пакет-мерки за решавање на ова прашање.
прочитај повеќе >
 
Информација за активностите на Здружението на судиите на РМ во однос на платите и додатоците на плата на судиите по одржаната средба во Владата на РМ на 04.02.2019 година
13.02.2019
На ден 04.02.2019 година, по пат на електронска комуникација подружниците беа известени за остварената средба на претседателот на Здружеието на судиите и четирите претседатели на апелационите судови во Влада на РМ, на која беа предложени конкретни мерки за системско решавање на проблемот со платите на судиите (прилог: емаил – комуникација од 04.02.2019). По добиените произнесувања од помал број од подружниците, а во врска со информацијата за средба во Влада на РМ, истите го искажуваат нивниот став во однос на понудената предлог спогодба како и активностите во однос на остварување на правото по судски пат.
прочитај повеќе >
 
Одржан работен состанок во на претставници на ЗСРМ во Влада на РМ
05.02.2019
На 04.02.2019 година, се одржа работен состанок во Владата на РМ, на кој учествуваа премиерот, г. Зоран Заев,министерот за правда на РМ, д-р Рената Дескоска, и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, претседателот на Здружението на судиите на РМ, д-р Џемали Саити, и претседателите на апелационите судови, судиите: Лидија Димчевска, Елизабета Манели Ташевска, Наке Георгиев и Шефајет Хајдари.
прочитај повеќе >
 
Здружение на судиите од понеделник на преговори со надлежните институции за неиплатените додатоци на плата на судиите
29.01.2019
Судиите од понеделник ги почнуваат официјалните преговори со Владата, Министерството за правда на РМ и Министерството за финансии, во врска со неисплатените додатоци на плата на судиите. Ова беше договорено на вчерашната средба на претседателот Саити и претседателот на Владата на РМ, г.Заев. По одржаната средба, закажан е состанок на 04.02.2019 година за официјален старт на преговорите.
прочитај повеќе >
 
достапен првиот коментар на законот за кривична постапка од 2010 година
22.01.2019
Изминатите три години Мисијата на ОБСЕ во Скопје заедно со Правниот факултет „Јустинијан Први“ работеа на првиот Коментар на Законот за кривична постапка од 2010 година. Коментарот е наменет за правни практичари, судии и обвинители, адвокати и обвинети, полициски службеници и сите други кои се занимаваат со казнената постапка, вклучително и новинарите. Коментарот на законот може да се преземе на следниот линк http://pf.ukim.edu.mk/коментар-на-законот-за-кривичната-пос/
прочитај повеќе >
 
оддржана 23та седница на управниот одбор на здружението на судиите на република македонија
17.01.2019
На денешната седница, фокусот беше ставен на расправата по заклучокот на работната група за разгледување на правната регулатива во врска со исплата на плати на судиите и други додатоци, предвидени со закон. Управниот одбор го разгледа извештајот на работната група од 21.12.2018 година, а објавен на веб страната на Здружение на судиите на Република Македонија, при тоа, во целост ги поддржа донесените заклучоци кои се однесуваат на платата и надоместоците на судиите, со дополнување на заклучокот од точка 1, при што ја задолжи работната група да изготви иницијатива до Уставниот суд на РМ за одредби од законот за плати на судиите како и да подготви предлог законски измени на законот за плати на судиите.
прочитај повеќе >
 
Оддржан состанок на претседателот д-р. Џемали Саити со директорот на академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, проф.д-р. Наташа габер дамјановска
17.01.2019
На 17.01.2019 година Претседателот на Здружението на судиите судија д-р. Џемали Саити оствари средба со Директорот на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, проф.д-р. Наташа Габер Дамјановска. На состанокот беше дискутирано за унапредување на соработката помеѓу двете институции, преку конкретни активности кои ќе ги одразат потребите и интересите на судиите во насока на градење на мерки на независност и интегритет со цел владеење на правото и правната држава.
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот Саити со претседателот на Институтот за човекови права Маргарита Цаца Николовска
27.12.2018
Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија д-р. Џемали Саити, оствари средба со претседателот на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, со цел за интензивирање на соработката. На состанокот беа разгледани прашања од областа на владеење на правото во Република Македонија, како и досегашниот и понатамошниот тек на реформските активности. Двата претставници заклучија дека е потребно интензивирање на соработката помеѓу ЗСРМ и ИЧП, со цел зајакнување на независноста на судството и владеење на правото во државата.
прочитај повеќе >
 
изнаоѓање на системско решение за плати и додатоци на судиите - втор состанок на работна група на зсрм
21.12.2018
Во рамки на активностите за изнаоѓање на системско решение во однос на платите и додатоците на судиите, Работната група формирана со цел разгледување на правната регулатива која се однесува на исплата на платите на судиите и други додатоци предвидени со Закон, формирана со Заклучок на Собранието на Здружението на судиите на РМ од 25.10.2018, на 21.12.2018 година ја одржа втората седница на која ги донесе следните Заклучоци: 1. Во однос на пллатите, предлага соодветни измени на Законот за измена и дополнување на Законот за платите на судиите (Сл.Весник 97/2010), кои се однесуваат на основицата за пресметување на плата на судиите. 2. Во однос на додатоците на плата, Работната група заклучи дека согласно Законот и другите подзаконски акти, Судско-буџетскиот совет бил должен да врши исплата на додатоците на плата и за преостанатите месеци од кога се стапени во сила актите. Од тие причини, Работната група смета дека судиите своите права за заостанатите месеци можат да ги остварат преку поднесување на тужби. Овие Заклучоци, Работната група ќе ги достави до Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ, за натамошно проследување пред налдежните органи ( Влада на РМ; Министерство за правда и Министерство за финансии).
прочитај повеќе >
 
Известување на Судско-медиумскиот совет
14.12.2018
Во име на Судско медиумскиот совет на Здружението на судиите на Република Македонија го испраќам ова известување во знак на незадоволството на Советот од начинот на кој дел од судската полиција во два наврати постапи со сниматели и фоторепортери за предметот КОК 40/18, а последно на ден 13.12.2018 година. Имено, покрај уредно добиените дозволи од Врховниот суд на Република Македонија (член 360 ст.3 од ЗКП) за снимање на дел од јавната расправа, еден дел од судската полиција по налог на обвинител Ивана Трајчева, обвинител во Обвинителството за гонење организиран крииинал и корупција – постапила надвор од законските овластувања да прегледува и брише снимки од камерите, со образложение дека на нив ја има во кадар обвинителката.
прочитај повеќе >
 
25 години Здружение на судиите на Република Македонија
14.12.2018
„Вербата во судовите значи верба во државата што секој поединец треба да ја има“ беше најзначајната порака упатена до судиите и граѓаните на Република Македонија на Основачко собрание одржано на 15.12.1993 година, на која беа поставени темелите и базичните принципи на судиското здружување како супститут на судски органи надлежни за заштита на самостојноста и независноста на судиите.
прочитај повеќе >
 
III-та седница на Судско-медиумскиот совет
07.12.2018
На 7.12.2018 година Судско-медиумскиот совет ја одржа својата III-та седница, на која раководеше потпретседателот на Судско-медиумскиот совет судија Илир Сулејмани. На седницата беа усвоени записниците од претходните две седници, како и се дебатираше за Стратегијата на Судско-медиумскиот совет, во која членовите дадоа свое мислење.
прочитај повеќе >
 
претседателот саити за најновата одлука на судски буџетски совет за исплата на додатоци на плата на судиите
04.12.2018
На денешната експертска дебата во организација на Институтот за Човекови права на тема „Дали новите реформи ќе ги решат старите предизвици во судството“, претседателот Саити одговара на новинарско прашање за најновата одлука на Судски буџетски совет за исплата на додатоци на плата на судиите: „Судскиот Совет требаше многу порано да ја донесе оваа одлука. Сметам дека треба да се продолжи со активностите во однос на надоградување на материјалниот статус на судиите и ги повикувам Судскиот совет, Владата и Врховниот суд да најдат системско решение околу платите на судиите, но секако и системско решение околу платата на судската служба. Таквото прашање треба да биде решено што поскоро во однос на сите чинители во судството“ – изјави Саити, пред почетокот на дебатата.
прочитај повеќе >
 
дводневна работилница за судска етика
27.11.2018
Здружението на судиите на Република Македонија во периодот 26-27.11.2018 година спроведе дводневна работилница, како активност предвидена во рамки на проектот „Зголемување на механизмите за зајкнување на судската етика - Споделување на најдобрите практики во регионот и ЕУ“.
прочитај повеќе >
 
Посета на подружницата на Здружението при основен суд куманово
16.11.2018
На 15.11.2018 година, претседателот Саити одржа состанок во подружницата на Здружението на судиите на Република македонија при Основен суд Куманово.
прочитај повеќе >
 
прв состанок на работна група за имплементација на препораките на ГРЕКО
15.11.2018
На 14.11.2018 година се одржа првиот состанок на Работната група при Министерството за правда на РМ за имплементација на преостанатите препораки на ГРЕКО - Четврт круг.
прочитај повеќе >
 
одржан првиот состанок на работната група на ЗСРМ за разгледување на правната регулатива за исплата на плати на судиите во РМ
14.11.2018
На 13.11.2018 година во просториите на Здружението на судиите на РМ, се одржа првиот состанок на работната група составена од судии од четирите апелациони подрачја. Работната група беше формирана согласно Заклучокот донесен седница на Собранието на Здружението на судиите на РМ, одржана на 25.10.2018 година, а со цел разгледување на правната регулатива која се однесува на исплата на платите на судиите и други додатоци предвидени со закон. На состанокот, работната група донесе Заклучок: да се испрати барање до Судско - Буџетскиот Совет за информација за методологијата, односно начинот на кој се врши исплата на платите на судиите, со цел да се утврдат понатамошните активности на групата.
прочитај повеќе >
 
II седница на Судско-медиумскиот совет
12.11.2018
На 12 Ноември во просториите на Здружението на судиите на Република Македонија, Судско-медиумскиот совет ја одржа својата втора седница
прочитај повеќе >
 
Дводневна расправа за предлог-измените во Законот за судовите и Законот за Судски совет
08.11.2018
На 8-9 Ноември, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, се оддржа дводневна конференција на тема "Расправа за предлог-измените во Законот за судовите и Законот за Судски совет" во хотел Александар Палас, Скопје.
прочитај повеќе >
 
III-та Меѓународна судска работилница
01.11.2018
На 1 и 2 Ноември во Охрид, Здружението на судиите со поддршка од Амбасадата на САД во РМ и CEELI Институтот за вледеење на правото ја организираа третата по ред, Меѓународната судска работилница на тема “Ефективна имплементација на реформирниот концепт на Судски совет”. Целта на настанот е да обезбеди форум во кој излагачите и учесниците ќе имаат можност да разговараат за улогата, надлежностите и ефективноста на реформираниот концепт на судски совет.
прочитај повеќе >
 
Претседателот саити на средба со Шефот на Мисијата на Обсе, клеменс која
31.10.2018
На 26.10.2018 година, претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија оствари работна средба со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која. Во рамки на средбата, соговорниците разговараа за приоритетите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје кои се движат во насока на поддршката на процесите кои водат кон за зајканување на независноста и владеењето на правото во Р.Македонија, при што двете страни изразија задоволство од досегашната соработка на Здружението со Мисијата на ОБСЕ, која и понатаму треба да продолжи со поголем интензитет.
прочитај повеќе >
 
Здружението на судиите на РМ го одржа XIII-тото Собрание
29.10.2018
Здружението на судиите на Република Македонија на 25.10.2018 година, го одржа XIII-тото Редовно Годишно Собрание, на кое беше разгледан и усвоен Ивештајот за работата на Управниот одбор помеѓу двете собранија и Извештајот на Надзорниот одбор. Собранието расправаше и за текот на реформските активности во правосудниот сектор со акцент на измените и дополнувањата на Законот за судовите и Законот за Судски Совет на РМ. Посебна точка на дневен ред беше и Информација за активностите во врска со платите на судиите со предлог – идни активности на органите и телата на ЗСРМ.
прочитај повеќе >
 
XIII-то Редовно Годишно Собрание на ЗСРМ
24.10.2018
Здружението на судиите на Република Македонија ќе одржи седница на XIII - то Редовно Годишно Собрание. Седницата ќе се одржи на 25.10.2018 година со почеток во 13:00 часот, во Врховен суд на РМ (голема сала на прв кат). Материјалите поврзани со одржување на седницата се во прилог.
прочитај повеќе >
 
XIII-то Редовно Годишно Собрание на ЗСРМ
24.10.2018
Здружението на судиите на Република Македонија ќе одржи седница на XIII - то Редовно Годишно Собрание. Седницата ќе се одржи на 25.10.2018 година со почеток во 13:00 часот, во Врховен суд на РМ (голема сала на прв кат). Материјалите поврзани со одржување на седницата се во прилог.
прочитај повеќе >
 
Промоција на Судско - медиумски совет на Здружението на судиите на република македонија
24.09.2018
На 21- ви септември 2018 година во х.Александар Палас во Скопје се одржа промоција на Судско - медиумскиот совет кој ќе функционира во рамки на Здружението на судиите на Република Македонија. Овој совет е финален продукт од низата активности на 14 месечниот проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во РМ - Подобрено судство“, имплементиран од ЗСРМ, а со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје. Советот брои вкупно 21 член, од кои 11 членови се новинари, а 10 членови се судии. На конститутивната седница одржана на 20.09.2018 за претседател на советот беше избрана г-ѓа Гордана Дувњак - новинар и зам.уредник во „1 ТВ“, а за потпретседател беше избран судија Илир Сулејмани - претседател на Основен суд Скопје 2 Скопје. Советот е формиран со цел афирмација на судската транспарентност, унапредување на соработката помеѓу судиите и новинарите за прашања од заеднички интерес, како и зајакнување на пристапот на јавноста до правдата.
прочитај повеќе >
 
VIII Работилница во рамки на проектот „зајакнување на улогата и независноста на судиите во РМ - Подобрено судство“
24.09.2018
Во рамки на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во РМ - Подобрено судство“, на 20.09.2018 година се одржа VIII - мата работилница која се одвиваше во две панел- дискусии: 1. Конститутивна седница на Судско - Медиумскиот совет формиран во рамки на Здружението на судиите на Република Македонија и и 2. Менаџирање на комплексни судења и гонење на транснационален економски криминал - Улогата на судијата и медиумите во процесот.
прочитај повеќе >
 
Претседателот Саити на работна средба со претставници од Европската комисија за ефикасност на правдата - CEPEJ
24.09.2018
На 19.09.2018 претседателот Саити оствари работна средба делегација од CEPEJ, составена од: г-дин Рамин Гурбанов - зам.претседател на CEPEJ, г-дин Јаша Врабец - член на GT-EVAL, г-ѓа Мартица Врдољак - член на GT - EVAL, г-ѓа Кристел Шурер - Секретаријат на CEPEJ и г-ѓа Лидија Наумоска - Секретаријат на CEPEJ. Претседателот Саити ги запозна со целите и тековните активности на Здружението, а стана збор и за тековната реформа на правосудниот сектор. Делегацијата на CEPEJ информираше за улогата на Комисијата кон зголемување на квалитетот на правдата и ефикасноста на правосудните системи во државите членки на Соцетот на Европа, прита изразувајќи поддршка на определбите на Здружението кои се насочени кон генерално подобрување на условите во судството во Република Македонија.
прочитај повеќе >
 
Здружение на судиите на РМ го формираше Судско - медиумскиот совет
12.09.2018
Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ, на вчерашната XX-та седница ги разгледуваше подготвителните активности во врска со одржувањето на XIII-то Редовно Годишно Собрание, дискутираше за предлог измените на Законот за судовите, како и правецот во кој треба да се движат активностите поврзани со усогласување на платите и други надоместоци на судиите. Покрај ова, Управниот одбор донесе одлука за формирање и одлука за избор на членови на Судско - медиумски совет, како тело кое ќе функционира во рамки на Здружението, заради унапредување на односите помеѓу судиите и новинарите, со цел понатамошна афирмација на судската транспарентност.
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот Саити со делегација на конгресмени од САД
28.08.2018
На 28.08. 2018 година, претседателот Џемали Саити, придружуван од потпретседателката Емилија Јованова Шопар, одржаа состанок со делегација на конгресмени, млади политички лидери, во просториите на Здружението на судиите
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот Саити со судија Ѓуро Сеса, претседател на Врховниот суд на Р.Хрватска
18.07.2018
На ден 17.07.2018 година, претседателот на Здружение на судиите на РМ, д-р Џемали Саити оствари работна средба со претседателот на Врховниот суд на Р.Хрватска, судија Ѓуро Сеса. Како дел од заедничката соработка меѓу Советот на Европа и ЕУ, оваа недела во Скопје судијата Сеса ангажиран како експерт ќе одржи средби со повеќе правосудни институции, нудејќи ја својата експертиза, а крајната цел е да се придонесе кон подобрување на судската независност и непристрасност. Во рамки на средбата, судијата Сеса образложи дека неговaта задача како експерт на проектот на Совет на Европа е зајакнување на капацитетите во две компоненти. Првата се однесува на работата на Врховниот суд поврзана со дистрибуција на судските предмети и стабилизација на судската пракса. Втората компонента го опфаќа Судскиот Совет на РМ, со акцент на прашањата за дисциплинска постапка против судии и постапка за разрешување, како и прашањето за одговорноста на членовите на Судскиот Совет на РМ. Соговорниците дискутираа и на прашањата кои се однесуваат на евалуација на работата на судиите и можни начини за промена на постојниот систем за оценка на судиите. Помеѓу другото, стана збор за ротација на предметите на апелационите подрачја преку АКМИС системот за распределба на предмети, за што сметаат дека на овој начин би довело до сразмерна распределба на предметите, а крајно и до воедначување на судската пракса.
прочитај повеќе >
 
Здружение на судии на работна средба со делегација од Венецијанската комисија
09.07.2018
Претпладнево, претседателот Саити придружуван од судиите: Емилија Шопар Јованова, Зоран Јосифовски и Тодор Поп Панев остварија работна средба со делегација на Венецијанската комисија, која деновиве е во посета на Република Македонија по повод побараното мислење за Законот за судовите и Законот за Судски Совет. На средбата, соговорниците разговараа за тековните реформи на правосудниот сектор, а особено во делот на измените на Законот за судовите каде се предвидува дисциплинската одговорност на судиите.
прочитај повеќе >
 
Претседателот Саити на интервју во „ТВ Телма“
06.07.2018
На 4-ти јули претседателот Саити гостуваше во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, на тема судски реформи. Во интервјуто, претседателот Саити како член на Советот за набљудување на имплементација на реформата во правосудниот сектор, го објаснува процесот на реформи и зборува во однос на измените на Законот за судовите и Законот за Судски Совет. Во линкот подолу, погледнете го целото интервју: https://telma.com.mk/top-tema-na-vasha-strana-sudski-reformi-04-07-2018/
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот Саити со министерката за правда на РМ – г-ѓа Рената Дескоска
02.07.2018
На ден 29.06.2018 година, претседателот на Здружение на судиите на РМ, д-р Џемали Саити придружуван од потпретседателката – судија Емилија Шопар Јованова, остварија работна средба со министерката за правда на РМ, г-ѓа Рената Дескоска. Во рамки на средбата, претседателот Саити изрази задоволство од досегашната соработка и вклученост на Здружението во реформскиот процес на правосудниот сектор, согледувајќи ги постигнатите резултати и слабости на овој процес, притоа истакнувајќи ја потребата од продолжување на оваа соработка и изнаоѓање на сеопфатни решенија. Во фокусот на оваа средба беа идните чекори кои се однесуваат на измените на законската регулатива со цел подобрување на статусот на судиите и градење на мерки за независно и самостојно судство, имајќи ги предвид предлозите и забелешките на судиите, досега изразени во повеќе документи на Здружението на судиите на РМ. На средбата, претставниците на Здружението ја истакнаа потребата од корекција, односно зголемување на платите на судиите и судската администрација согласно утврдените критериуми, како барање кое подолг период е актуелизирано од страна на Здружението пред повеќе релевантни институции, а по секојдневните забелешки и укажувања од страна на судиите, и во тој контекст изразија надеж дека министерката ќе преземе соодветни чекори со цел надминување на оваа состојба. Министерката за правда изрази благодарност за соработката со Здружението на судиите со надеж дека истата ќе продолжи, притоа изрази разбирање за истакнатите барања и се заложи дека ќе преземе конкретни активности.
прочитај повеќе >
 
8-дневна обука за притвор и алтернативни мерки во рамки на матра програмата
26.06.2018
Во рамки на Матра програмата на обуки за владеење на правото, Холандскиот Хелсиншки Комитет во соработка со други партнери објавува повик за 8-дневна тренинг - програма на тема „Притвор и алтернативни мерки“, од 4-11 Октомври 2018 година, во Хаг. Програмата е наменета за судии и обвинители, како и лица на високи позиции во затворите и пробациски менаџмент на политичко или извршно ниво. Вкупниот број на учесници е 36 јавни службеници од различни земји и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија, Турција и Украина. Холандската влада обезбедува целосна стипендија за избраните учесници. Краен рок за аплицирање е 5 август, на следниот линк: https://www.nhc.nl/assets/uploads/2018/06/Brochure-Matra-RoLT-Detention-and-Alternative-Sanctions-2018.pdf
прочитај повеќе >
 
претседателот саити на средба со делегација од парламентарното собрание на совет на европа
19.06.2018
Претпладнево, претседателот на Здружението на судиите на РМ, судија Саити, оствари средба со Делегација - ко-известители на Мониторинг комисија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа, на Република Македонија. На средбата, соговорниците дискутираа за тековниот реформски процес, при што претседателот Саити ја информираше Делегацијата за активностите на Здружението во тие рамки, импутот на судиите, како и за очекуваните резултати по завршување на процесот кој се одвива во повеќе фази. Членовите на Делегацијата ја афирмираа поддршката на државата кон евроатланските интеграции, нагласувајќи дека реформата во правосудниот сектор е од круцијално значење за целокупниот напредок на Република Македонија.
прочитај повеќе >
 
VII - ма работилница за формализирање на судско - медиумската соработка
18.06.2018
Во периодот од 13-14 јуни во Охрид, се одржа седмата регионална работилница во склоп на проектот "Зајакнување на улогата и независноста на судиите во Република Македонија" спроведен од Здружението на судиите на Република Македонија, а со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, со работен наслов "Промовирање на транспатентно судство: формализирање на судско-медиумската соработка". Панелистите и учесниците составени од судии и новинари, како и странски експерти дебатираа за продлабочувањето на судско-медиумската соработка, како и принципи, препораки, состав, задачи и надлежности на Судско-медиумскиот совет.
прочитај повеќе >
 
оглас за координатор на проект од областа на правосудството
06.06.2018
Во рамките на проектот "Зголемување на механизмите за зајакнување на судската етика - споделување на најдобрите практики во регионот и ЕУ" поддржан од МАТРА програмата на холандската амбасада, Здружението на судиите на Република Македонија има потреба од ангажирање на проектен координатор, во областа на правосудството, за период од 15 (петнаесет) месеци.
прочитај повеќе >
 
Одржана VI-та работилница во рамки на проектот “Зајакнување на независноста и улогата на судиите во РМ-Подобрување на капацитетите на судството”
18.05.2018
Здружението на судиите на РМ во соработка и поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во РМ, во рамките на проектот “Зајакнување на улогата и независноста на судиите во РМ-Подобрување на капацитетите на судството”во периодот од 10-11.05.2018 година ја одржа 6-тата регионална работилница за судии и новинари во Охрид.
прочитај повеќе >
 
соопштение за јавност
17.05.2018
Разгледувајќи ги активностите поврзани со реформскиот процес на правосудниот сектор, Управниот одбор на ЗСРМ, на седница одржана на 15.05.2018 година, оцени (заклучи) дека последните Измени и дополнувањата на Законот за судовите и Законот за Судски Совет, не ги исполнија очекувањата на судите, а во насока на ефективно реформирање на овој сектор, особено измените и дополнувањата кои ги регилираат статусните прашања, односно дисциплинската одговорност на судиите и основите за разрешување.
прочитај повеќе >
 
Промоција на правна анализа со наслов "Казнена политика на судовите на РМ и практичната примена на Законот за одредување на видот и висината на казните и примената на алтернативните мерки и пробацијата"
26.04.2018
На 26.4.2018 година во хотел ТЦЦ Гранд Плаза- Скопје, Здружението на судиите на РМ со поддршка и соработка на Амбасадата на САД во РМ, а во рамки на проектот “Зајакнување на улогата и независноста на судиите во РМ” одржа промоција на правната анализа со наслов “Казнена политика на судовите на РМ и практичната примена на Законот за одредување на видот и одмерување на казните” и “Примена на алтернативните мерки и пробацијата”
прочитај повеќе >
 
Претседателот Саити на средба со експерти од Оценска мисија на ЕК за судска обука
25.04.2018
Во текот на вчерашниот ден, претседателот Саити и судија Тодор Поп Панев, Претседател на Основен суд Свети Николе, одржаа работен состанок со експерти од Оценската мисија на ЕК за судска обука, кои во текот на оваа недела остваруваат средби со претставници од повеќе правосудни институции. На состанокот, соговорниците разговараа за тековниот принцип на работата на Академијата за судии и јавни обвинители, квалитетот на обуките и нивната соодветност, како и за тоа дали истите ги задоволуваат реалните потреби на индивидуално и системско ниво. Целта на мисијата е да изврши процена на судската обука, како за почетната така и континуираната обука, функционирањето на Академијата за судии и јавни обвинители, и начинот на кој системот помага да се изгради и понатаму да се зајакне професионализмот и независноста во судството.Покрај ова, мисијата ќе изврши процена на потребата од воведување на предложената скратена обука во Академијата за стручни соработници, и доколку се воведува, под кои модалитети.
прочитај повеќе >
 
Објавен Извештајот на Европска Комисија за напредок на РМ за 2018
18.04.2018
На 17.04.2018 година беше објавен Извештајот на Европската Комисија за напредок на РМ, во кој во Поглавјето 23 - Правосудство и фундаментални права, во делот „Независност и Непристрасност“ е нотирана заложбата на Здружението на судиите на Република Македонија, нагласувајки дека „..Здружението презема активна улога во подготовка на реформите и јавно се залагаше за зајакнување на независноста на судиите.“ Во прилог е Извештајот во оригинална верзија
прочитај повеќе >
 
Промовиран проект на Совет на Европа „Поддршка на реформите на системот на правна помош“
18.04.2018
На 17.04.2018 во организација на канцеларијата на Совет на Европа се одржа промоција на проект „Поддршка на реформите на системот на правна помош“, на која учествуваше судија Емилија Шопар Јованова, потпретседател на Здружението на судиите на Република Македонија. Проектот има за цел да обезбеди поддршка на подрачните одделенија на Министерството за правда во подобрување на процесуирањето на барањата за бесплатна правна помош, зајакнување на нивните капацитети за давање на поголем обем и поквалитетни правни услуги.
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот Саити со амбасадорот на Италија во РМ, Н.Е Карло Ромео
16.04.2018
На 13.04.2018 претседателот Саити одржа работна средба со италијанскиот амбасадор, Карло Ромео. На средата, беа акцентирани заложбите на Здружението на судиите и индивидуалните напори на судиите во реформскиот процес на правосудниот сектор, како фундаментално значајни за владеење на правото и општата добросостојба во државата и на граѓаните во Република Македонија. Соговорниците, помеѓу другото, разговараа за потесна соработка фокусирана во овој сектор помеѓу двете земји.
прочитај повеќе >
 
5-та регионална работилница на Здружението на судиите во соработка со Амбасадата на САД во Р.Македонија
16.04.2018
На 12.04.2018 се одржа петтата Регионална Работилница во рамки на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во РМ“.
прочитај повеќе >
 
Претседателот Саити на јавна расправа во Собрание на РМ
11.04.2018
Претседателот на Здружението на судиите на РМ, д-р Џемали Саити, на 11.04.2018 година, учествуваше на Јавна расправа во Собранието на Република Македонија за Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите. На расправата, претседателот Саити повторно даде поддршка на реформскиот процес во правосудството, притоа нагласувајќи го активниот пристап на Здружението на судиите во овој процес со надеж дека, Стратегијата ќе биде имлементирана во целост, со што ќе се стекне целосна слика за тоа дали реформите ќе ги одразат интересите и заложбите на судиите.
прочитај повеќе >
 
одржана регионална конференција и свечена академија по повод денот на правосудството
10.04.2018
Во периодот 4-5 април се одржа Регионалната конференција, во организација на Здружението на судиите, а во соработка и финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која учество земаа претставници од регионални здруженија на судии, претставници од подружниците на Здружението, претседатели на основни и апелациони судови, судии во Врховниот суд на РМ, претставници од Министерството за правда, дипломатски претставници, адвокати, правни практичари, како и претставници на граѓанските организации и академската заедница.
прочитај повеќе >
 
Учество на претседателот Саити на II-а седница на Советот за следење на имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор
04.04.2018
На 04.04.2018, претседателот на Здружението на судиите на РМ, учествуваше на втората седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, која се одржа во Владата на Република Македонија.
прочитај повеќе >
 
Регионална конференција и одбележување на Денот на правосудството
29.03.2018
По повод Денот на правосудството, а во рамки на активностите предвидени со годишната програма за работа, Здружението на судиите со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираат дводневна Регионална конференција на тема "Зајакнување на квалитетот на правдата во светло на правосудната реформа"
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот Саити со бугарскиот амбасадор Петков
27.03.2018
Претседателот на Здружението на судиите, судија д-р. Џемали Саити оствари средба со амбасадорот на Република Бугарија, г-дин. Иван Великов Петков, при што разговараа за интензивирање на соработката во полето на правосудството помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија.
прочитај повеќе >
 
Конститутивна седница на Советодавното тело за судиска етика на Здружението на судиите на РМ
26.03.2018
На 22 март Здружението на судиите на РМ ја одржа конститутивната седница на Советодавното тело за судиска етика. Со неа претседаваше претседателот Саити, кој по функција е претседател на Советодавното тело. Членовите на Советодавното тело ги избира Управниот одбор на ЗСРМ од редот на членовите на Здружението, по предлог на подружниците. Советодавното тело се грижи за доследна примена на принципите на Кодексот за судиска етика, и по барање на судиите или Здружението искажува советодавни мислења на судиите во однос на прашања поврзани со етичкото однесување, односно соодветно извршување на судиските должности и избегнување на судирот на интереси на судиите во приватниот живот и во вршењето на судиската функција. Овозможувањето на услови и механизми за функционирање на телото се примарни компоненти на МАТРА програмата, која Здруженито ја имплементира во соработка и со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.
прочитај повеќе >
 
Дводневна изолациона сесија за предлог измените на Законот за судовите и Законот за Судски Совет на РМ
08.03.2018
Здружението на судиите во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 6-7.03.2018 година спроведоа дводневна работна сесија за клучните аспекти на реформскиот процес кон зајакнат систем на избор, разрешување и професионален развој на судиите. Целта на оваа изолациона сесија е да се подготви Документ за јавна политика кој ќе ги претставува гледиштата на судиите и кој Здружението на судии ќе го употребува како алатка за понатамошно застапување на сопствените ставови во процесот на подготовка на законските решенија.
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот Саити со претседателот на Владата на РМ, г-дин Зоран Заев
06.03.2018
Во текот на вчерашниот ден, претседателот Саити оствари средба со претседателот на Влада на РМ, г-дин Зоран Заев. На средбата, претседателот Саити ги истакна очекувањата на судиите во однос на реформскиот процес на правосудниот сектор кој е во тек, нагласувајќи ја важноста на инклузивен пристап кон фелата во тие процеси. Во однос на прашањето за состојбите на платите во судството, премиерот Заев истакна дека владата презема обврски во насока на решавање на овие прашања, со цел постигнување на еднаков третман на сите чинители во судството.
прочитај повеќе >
 
СОСТАНОК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ САИТИ СО ПОДРУЖНИЦИТЕ ОД АПЕЛАЦИОНО ПОДРАЧЈЕ ШТИП
05.03.2018
На 02.03.2018 година, Претседателот на Здружението на Судиите на Република Македонија, судија д-р. Џемали Саити, оствари работен состанок со претставници на подружниците од Апелационото подрачје на Штип
прочитај повеќе >
 
Средба на Претседателот Саити со претставник на Стејт Департментот
15.02.2018
Претседателот Саити, придружуван од потпретседателката судија Емилија Шопар и судија Иван Џолев член на Управниот одбор, остварија средба со г-ѓа Сузан Фалатко - Заменик директор на канцеларијата за прашања на јужна и централна Европа при Стеј Департментот.
прочитај повеќе >
 
Стручна расправа за Реформа во правосудството - закон за судови и закон за судски совет: идни предизвици
02.02.2018
Министерството за Правда на Република Македонија и Здружението на судиите на Република Македонија, организираа стручна расправа за реформата во правосудството со фокус на Законот за судовите и Законот за Судски Совет и идните предизвици согласно План 3-6-9 на Владата на Република Македонија и Стратегијата за реформа на правосудството.
прочитај повеќе >
 
Прв состанок на работната група за етаблирање на регионалната мрежа на здруженијата на судии
31.01.2018
Здружението на судиите на Република Македонија во соработка и поддршка на ОБСЕ мисијата во Скопје, одржаа прв состанок на работната група за етаблирање на регионална мрежа на здруженија на судии - предводена од претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, судија д-р. Џемали Саити со взаемна поддршка на мисијата на ОБСЕ во Скопје.
прочитај повеќе >
 
Соопштение за XVI-та седница на управен одбор на зсрм
25.01.2018
Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија, на седница одржана на 25.1.2018 година, ги избра членовите на Советодавното тело за судиска етика на Здружение на судии на Република Македонија кое е предвидено во рамките на Кодексот на судиска етика на судиите на Република Македонија. Ова тело има советодавен карактер за прашања кои се однесуваат на повреди на принципите на Судискиот кодекс. Советодавното тело брои 7(седум) членови, при што на денешната седница беа избрани 6(шест) члена од предложените кандидати по пат на поединечно изјаснување на членовите на Управен одбор. Во однос на седмиот член – предложен од подружницата на Врховниот суд на Република Македонија, Управниот одбор дополнително ќе се произнесе.
прочитај повеќе >
 
Оглас за проектен координатор
22.01.2018
Во рамките на проектот "Зголемување на механизмите за зајакнување на судската етика - споделување на најдобрите практики во регионот и ЕУ" поддржан од МАТРА програмата на холандската амбасада, Здружението на судиите на Република Македонија има потреба од ангажирање на проектен координатор
прочитај повеќе >
 
Претседателот Саити на работна посета во САД
10.01.2018
Во рамки на Меѓнародната лидерска програма (IVLP) „Владеење на правото во САД“ поддржана од Стејт Департментот на САД, во периодот од 25 ноември – 16 декември, делегација од Република Македонија составена од судии, членови на Судски Совет на РМ, претставници на медиумите, академската заедница и невладиниот сектор, оствари студиска посета во САД. Дел од оваа делегација беа и претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити, и судија Светлана Јованова- член на Управниот одбор на ЗСРМ.
прочитај повеќе >
 
Претседателот Саити во интервју за 360 степени на „Алсат ТВ“
26.12.2017
Претседателот на Здружението на судиите на РМ, д-р Џемали Саити, гостуваше во емисијата „360 степени“ на „Алсат ТВ“, каде зборува за актуелните состојби во судството, за прашања поврзани со последниот избор и унапредување на судиите од страна на Судскиот Совет, реформскиот процес на правосудниот сектор, како и за статусни прашања кои се од огромно значење за судиите. Линк од интервјуто е во прилог.
прочитај повеќе >
 
СООПШТЕНИЕ ЗА XV-ТА СЕДНИЦА НА УПРАВЕН ОДБОР НА ЗСРМ
22.12.2017
Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија, на седница одржана на 21.12.2017 година, расправаше за актуелните состојби во судството со акцент над последниот избор на судии и претседатели на судови, како и за последните постапки против судиите покренати од страна на Советот за утврдување на факти. Во однос на изборот и унапедувањето на судиите, Управниот одбор го повикува Судскиот Совет на РМ да ги почитува законските норми и воспоставените принципи при избор и унапредување на судии и донесените одлуки да ги образложи, со цел поголема транспарентност во работењето на Советот. Управниот одбор не навлегува во надлежностите на Советот за утврдување на факти, но го повикува истиот да ги почитува процедурите при работењето и ја да ја запази презумпцијата на невиност при постапувањето и општењето, односно комуникацијата со јавноста.
прочитај повеќе >
 
Oдржана заедничка прес-конференција на претседателот Саити и холандскиот амбасадор Пломп
21.12.2017
Здружението на судиите на Република Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија на 21.12.2017 одржаа заедничка прес-конференција во просториите на Здружението. Прес-конференцијата беше посветена на промоција на проектот „Подобрување на механизмите за зајакнување на судската етика – споделување на добрите практики во регионот и ЕУ“, финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, кој Здружението го спроведува како имплементирачки партнер во соработка со Холандското Здружение на судии и Здружението на судиите на Република Србија.
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот Саити со евроамбасадорот Жбогар
20.12.2017
Претседателот Саити придружуван од потпретседателката - судија Емилија Шопар Јованова, и членот на Управниот одбор -судија Иван Џолев, на 20.12.2017 година остварија средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар.
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот Саити со експерти од Оценската мисија на Европската Комисија
15.12.2017
На 15.12.2017 година претседателот Саити оствари средба со експертите од Оценската мисија на Европската комисија, чија цел е да се обезбеди на ЕК и земјата-корисничка проценка за капацитетот на земјата за ефикасно решавање на случаи на корупција и организиран криминал од висок профил, вклучително и перењето пари,преку анализа на случаи и како по нив е постапено во текот на фазата на истрага, гонењето и судскиот процес до правосилноста на пресудата, вклучувајќи ја и конфискацијата на приноси од криминал.
прочитај повеќе >
 
Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија и претседателот на Здружението на судиите на Република Бугарија потпишаа меморандум за соработка
15.12.2017
Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, судија д-р. Џемали Саити и претседателот на Здружението на судиите на Република Бугарија судија Атанас Атанасов на 6.10.2017 година во Скопје го потпишаа Меморандумот за взаемна соработка помеѓу двете здруженија за активности од заеднички интерес. Фокусот на соработката меѓу двете здруженија се става на можностите за размена на искуства помеѓу македонски и бугарски судии и учество во заеднички проекти насочени кон размена на искуства и добри практики меѓу судиите од Македонија и Бугарија. со потпишувањето на Меморандумот за соработка се потврдува соработката и отвореноста на ЗСРМ со регионалните асоцијации и здруженија на судии со цел зајакнување на начелото на судска независност
прочитај повеќе >
 
Тридневна работилница на тема“Пристап до правдата преку правни и судиски реформи за подобрување на судството, казнената политика и пробацијата”
12.12.2017
Во рамките на проектот “Зајакнување на улогата и независноста на судиите во Република Македонија” имплементиран од Здружението на судиите на Република Македонија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, се оддржа четвртата, тридневна регионална работилница на тема “Пристап до правдата преку правни и судиски реформи за подобрување на судството, казнената политика и пробацијата”. Предметот на научно- стручната расправа беше насочен кон три примарни точки од реформата на правосудството и пристапот до правдата: -Реформа за зајакнување на капацитетите на судството соглано планот 3-6-9 како предуслов за обезбедување на судска независност; -Реформа на кривичното законодавство и казнената политика на судовите во светло на реформата на правосудството; -Зајакнување на транспарентноста на судовите и подобрување на односот судство-медиуми. На научната расправа свое учество земаа американски и домашни правни практичари и експерти, чија цел беше идентификување примери на добри практики како и дискусија за други судски примери. Финалните заклучоци и препораки кои произлегоа од дискусионите панели преку Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија д-р. Џемали Саити, ќе бидат доставени до Советот за реформа на правосудството.
прочитај повеќе >
 
Претседателот Саити за "Voice of America": „Се подготвува нов механизам за конторла на Судскиот Совет на РМ“
11.12.2017
Во рамки на тринеделната Меѓународната програма за лидерство на посетители (IVLP) за професионална размена на Стејт Департментот, претседателот Саити во интервју за "Voice of America" зборува за учеството во Советот за реформа на правосудниот сектор. Појаснува дека се подготвува нов механизам за контрола на Судскиот Совет на РМ, имено, членовите на Советот би давале отчет пред избирачите, а тоа би биле судиите кои учествувале во нивниот избор. - „Предлагаме полупрофесионален Судски Совет што би значело дека судиите би биле членови на Судскиот Совет и би ја работеле судиската функција истовремено“, изјави претседателот Саити во интервјуто. Меѓудругото, тој зборува за неодамна донесената одлука на Врховниот суд на РМ за случајот „Монструм“. Во прилог е линк од интервјуто.
прочитај повеќе >
 
Одржана Трета регионална работилница во рамки на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во Република Македонија“
17.11.2017
Здружението на судиите на Република Македонија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија на ден 16.11.2017 година, во Скопје одржаа научна и стручна расправа на тема „Пристап до правдата: транспарентност на судството, медиумите и казнената политика како предуслов за зајакнување на судската независност“, трета од низата работилници во рамки на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во Република Македонија“.
прочитај повеќе >
 
Работен состанок на претседателот Саити со претставник од Генералниот Директорат за правда на Европската Комисија
15.11.2017
Во рамки на континуираните активностите на Здружението на судиите на Република Македонија кон инклузија на судската фела во реформските процеси, на 15.11.2017 година претседателот Саити одржа работен состанок со г-дин Аурелиан Жулиард, претставник од Генералниот Директорат за правда на Европската Комисија. Состанокот, кој се одржа на иницијатива на Делегацијата на ЕУ во РМ, следуваше по вчерашниот 12-ти Состанок на Поткомитетот за правда и внатрешни работи помеѓу Европска Унија и Република Македонија, на кој помеѓу другите претставници, во работата учествуваше претседателот Саити. На состанокот г-дин Жулиард изрази задоволство за досегашниот напредок на реформскиот процес и насоките во кои се движи Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, особено поради фактот што политиката на ЕУ за проширување е повторно на агендата во Брисел. Претседателот Саити информираше за прашањата поврзани со судската независност, предлозите за законски реформи во делот на статусните прашања на судиите како избор, евалуација, одговорноста на судиите, како и за идната поставеност на Судскиот Совет на РМ, како гарант на судската независнот и самостојност.
прочитај повеќе >
 
Одржана Меѓународна Судска Работилница во Охрид
10.11.2017
Здружението на судиите на Република Македонија во соработка и со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија и Институтот CEELI од Прага, организираше Меѓународна Судска Работилница на тема „Судска одоговорност – Обезбедување соодветна заштита во дисциплински постапки против судиите и подобрување на траспарентноста на судството“(континуитет на Првата Меѓународна Судска Конференција, одржана во Охрид, 28-29 Октомври 2016 година), која се одржа од 2-3 Ноември 2017 година, во Охрид. На конференцијата ќе учествуваа 70 судии од 8 земји. Во рамки на дискусионите панели беа донесени заклучоци и препораки кои имаат за цел да ја подигнат јавната свест, како и да поттикнат понатамошни законски реформи.
прочитај повеќе >
 
Повик за трудови во Судиска Ревија
20.10.2017
Со задоволство ве известуваме дека Здружението на судиите на Република Македонија објавува јавен повик за доставување трудови за објавување во новиот број на стручното списание „Судиска Ревија“ што се однесува на зајакнување на независноста и транспарентноста на судството во Република Македонија, како основен дел од начелото на владеење на правото.
прочитај повеќе >
 
Втора Регионална Работилница во Штип
12.10.2017
Во рамки на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во РМ“, Здружението на судии на РМ и Амбасадата на Соединетите Американски Држави на 12.10.2017 во просториите на Правен Факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, одржаа втора регионална работилница за судии, обвинители и адвокати во Апелциско подрачје Штип.
прочитај повеќе >
 
Регионална работилница во Битола
28.09.2017
Здружението на судиите на Република Македонија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје на ден 28.09.2017 година во Битола организираа научна и стручна расправа на тема „Судска реформа за подобрување на капацитетите на судството и казнена политика на судовите во Република Македонија“, како активност во рамки на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во РМ“. Дебатата беше насочена кон две примарни точки од судската реформа кои се издвојуваат според сериозноста и комплексноста. Тоа се реформа за подобрување на капацитетите на правосудството согласно План 3-6-9 на Владата на Република Македонија и влијанието на законот за одредување на видот и одмерување на висината на казните врз казнената политика на судовите во РМ: конкретни предизвици и решенија.
прочитај повеќе >
 
Претседателот Саити оствари средба со обвинителот Мек Нил, постојан правен советник во Амбасада на САД во Македонија
31.08.2017
Во рамки на континуираната соработка со Амбасадата на САД во Македонија, претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити, оствари средба со обвинителот Џон Мек Нил, кој доаѓа на местото на досегашниот постојан правен советник во Амбасадата, обвинителката Емили Реј Вудс. На средбата, соговорниците разговараа за моменталните предизвици во судството и идните чекори, како и за активностите на Здружението во контекст на реформските процеси. Претседателот Саити истакна дека улогата на Здружението во реформските активности е од големо значење, имајќи предвид што во стратешките цели се инкорпорирани заклучоците од средбите кои ги организираше ЗСРМ во изминатиот период, а на кои беа дискутирани прашања од суштинско значење за подобрување на состојбите во правосудството.
прочитај повеќе >
 
Претседателот Саити на работен состанок со раководството на подружницата на ЗСРМ во Управен суд
25.08.2017
На 23.8.2017 претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити одржа работен состанок со претседателот на подружницата на ЗСРМ при Управен суд, м-р Ѓоко Живковски и потпретседателот, м-р Дитурије Елези Незири. На состанокот, се разговараше за актуелните состојби во судството, со посебен акцент на последните случувања во рамки на Управниот суд, кои се однесуваат на покренатите кривични постапки против судии на овој суд.
прочитај повеќе >
 
Прва средба на членовите на Советот за реформа на правосудниот сектор
04.08.2017
На 27.07.2017 година претседателот Саити учествуваше на првата средба на членовите на Советот за реформа на правосудниот сектор. На средбата, министерот за правда ги запозна членовите со активностите на Владата на република македонија кои се преземаат во правец на реализација на итните реформски приоритети.
прочитај повеќе >
 
Претседателот Саити на средба со Групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото предводена од г-дин Рајнхард Прибе
19.07.2017
На 17.07.2017 година, Претседателот на Здружението на судиите на д-р Џемали Саити, со судиите д-р Лазар Нанев и м-р Бетим Јахја, членови на Управниот одбор на Здружението, остварија средба со Групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото предводена од г-дин Рајнхард Прибе. Оваа средба беше остварена во рамките на мандатот и вкупните активности на Групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото, а на која се дискутираше за повеќе аспекти и прашања кои се однесуваат на воспоставувањето на ефикасни механизми за владеењето на правото и развојот на правната држава.
прочитај повеќе >
 
Соопштение
18.07.2017
На 17.07.2017 година, во просториите на Здружението на судиите на Република Македонја претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити, одржа состанок со претседателот на Основен суд Дебар, судија Илир Исени, Биљана Јачева, судија во Основен суд Велес и Александра Палашевска, судија во Основен суд Скопје 2 Скопје, учесници на обука спроведена од МАТРА програмата за обуки за владеење на правото, во Лајден, Кралството Холандија. Судиите го информираа претседателот Саити за обуката на која учествувале во периодот од 7-16 јуни 2017 година, во рамки на оваа програма, на тема „Спроведување на правдата“. Притоа, тие оценија дека овие обуки и размена на искуства на меѓународно ниво се од голема важност за судиите заради нивно стручно усовршување и јакнење на професионалните капацитети. По разговорот, претседателот Саити изрази задоволство за проактивниот пристап на судиите, што значи придобивка на Здружението со членство кое активно се залага за остварување на целите и задачите на асоцијацијата.
прочитај повеќе >
 
Работен состанок во врска со реализираните препораки на ГРЕКО
18.07.2017
На 17.07.2017 година, претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити, присуствуваше на координативен состанок во врска со реализацијата на препораките на Групата на држави против корупција – ГРЕКО на Совет на Европа од Четвртиот круг на евалуација, кој се одржа во во Министерството за правда, на тема: “Спречување на корупцијата кај членовите на Собранието, судиите и јавните обвинители“. Состанокот го водеше Министерот за правда, г-н Билен Саљији, а присуствуваа и г-ѓа Анета Арнаудовска, шеф на Делегацијата на РМ во ГРЕКО, претседателот на Судскиот совет, претседателот на Здружението на јавни обвинители, претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, претставник на Собранието на РМ и претставници на надлежните сектори од Министерството за правда. Учесниците на состанокот информираа за преземените активности за понатамошна реализација на препораките за кои ГРЕКО, во Првиот Извештај за усогласеност за Република Македонија – Четврт круг, заклучи дека се нереализирани и делумно реализирани. Со оглед на фактот дека ГРЕКО, со гореспоменатиот извештај, го утврди 31 јануари 2017 година како краен рок за реализација на препораките, беа разменети и информации за состојбата и плановите на институциите во претстојниот период во оваа насока.
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот на ЗСРМ со министерот за правда на Република Македонија
14.07.2017
Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити, на 12.07.2017 година оствари средба со министерот за правда на Република Македонија, г-дин Билен Саљији. На средбата соговорниците разговараа за моменталните состојби во судството и тековните активности на ЗСРМ, притоа претседателот Саити ги афирмираше заклучоците од последното Собрание на Здружението на судии на РМ, одржано на 16.06.2017 година, при што беше промовирана потребата од пристапување кон реформски активности во правосудството и активно учество на Здружението на судии на РМ како рамноправен партнер, со сите останати чинители во овој процес. Министерот Саљији даде целосна поддршка на активностите на Здружението и го информираше претседателот на Здружението за тековните активности кои призлегуваат од Планот 3-6-9 на Владата на РМ. Од оваа средба, како заеднички заклучок произлезе потребата за продлабочување на натамошната соработка, притоа ставајќи го фокусот на прашањата кои обезбедуваат независно и самостојно судство и владеење на правото.
прочитај повеќе >
 
Делегација на Здружението на судии на студиска посета во Загреб, Р.Хрватска
14.07.2017
Во рамки на активностите на Здружението за зајкнување на меѓународната соработка и размена на добри практики и искуства во врска со организација и соработка со судски и владини инстуции, во периодот од 3 - 7 јули претседателот Саити, потпретседателката Емилија Шопар Јованова и секретарот Бетим Јахја реализираа студиска посета на Здружението на судии на Република Хрватска и други правосудни институции во Загреб и Вараждин, Р.Хрватска.
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот Саити со претседателот на Владата – г-дин Зоран Заев
14.07.2017
Во рамките на континуираните активности, претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити придружуван од потпретседателката - судија Емилија Шопар Јованова и судија Шпенд Деваја – член на Управен одбор на Здружението, на 29. 6.2017 година остварија средба со претседателот на Владата г-дин. Зоран Заев. На средбата, соговорниците разговараа за моменталните предизвици во судството и идните чекори. Во таа насока, претседателот Саити го информираше претседателот на Владата за тековните активности и приоритетите на Здружението, притоа афирмирајќи ги заклучоците од последниото Собрание на ЗСРМ одржано на 16.06.2017 година, кои ја афирмираат потребата од пристапување кон реформски активности и активно учество на Здружението во нивната имплементација. Акцентот беше ставен на потребата од вклучување на Здружението во овие активности, како рамноправен партнер на сите останати чинители. Премиерот Заев ги поддржа досегашните активности на Здружението и изрази подготвеност за продлабочување на соработката со цел зајакнување на независноста на судството и владеењето на правото и правната држава, притоа имајќи ја во предвид самостојноста во дејствувањето на Здружението на судиите. На крајот, соговорниците заклучија дека идните реформски активности треба да бидат транспарентни и во овој процес да се вклучат сите релевантни фактори на правосудсниот сектор.
прочитај повеќе >
 
Претседателот Саити за ТВ 24 Вести: Здружението како партнер во реформски активности за зајакнување на независноста на судството
19.06.2017
Претседателот Саити во интевју за ТВ 24 Вести зборува за состојбите во судството, улогата на Здружението на судиите на Република Македонија и идните активности. Во прилог е линк од интевјуто.
прочитај повеќе >
 
Одржана седница на дванаесеттото Редовно Годишно Собрание
16.06.2017
На 16 јуни 2017 година , во амфитеатарот на МАНУ во Скопје, се одржа XII-тото Редовно Годишно Собрание на Здружението на судиите на Република Македонија. На денешната седница Собранието го усвои годишниот Извештај за работата на Здружението, донесе измени и дополнувања на Статутот на Здружението на судиите на Република Македонија и разгледа други прашања од интерес за работата на Здружението. Собранието расправаше и за моменталните состојби во судството, при што ги донесе следните заклучоци:
прочитај повеќе >
 
XII-то Редовно Годишно Собрание на Здружението на судиите на Република Македонија
15.06.2017
На ден 16.6.2017 година во 11:00 часот, во амфитеатарот на МАНУ во Скопје, ќе се одржи седница на XII-тото Редовно Годишно Собрание на Здружението на судиите на Република Македонија.
прочитај повеќе >
 
Работни материјали за седница на XII - то Редовно Годишно Собрание на ЗСРМ
12.06.2017
Почитувани, во прилог се работните материјали за седницата на XII - то Редовно Годишно Собрание на Здружението на судиите на Република Македонија, која ќе се одржи на 16.6.2017 година во 11:00 часот, во амфитеатарот на МАНУ, во Скопје.
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот Саити и евроамбасадорот Жбогар
07.06.2017
Во насока на континуираната соработка со Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити придружуван од потпретседателката - судија Емилија Шопар Јованова, претпладнево оствари средба со шефот на Делегацијата, Самуел Жбогар. На средбата, соговорниците разговараа за моменталните предизвици во судството и идните чекори. Во таа насока, претседателот Саити го информираше амбасадорот Жбогар за тековните активности и приоритетите на Здружението во однос на најавените реформи во судството. Акцентот беше ставен на потребата од вклучување на Здружението во овие активности, како рамноправен партнер на сите останати чинители. Амбасадорот Жбогар го изрази своето задоволство од досегашната соработката, истовремено поддржувајќи ги активностите на Здружението во насока на подобрување на статусот на судиите и градење на релевантни механизми за владеење на правото. На крајот, соговрниците заклучија дека идните реформски активности треба да бидат транспарентни и во овој процес да се вклучат сите релевантни фактори на правосудсниот сектор.
прочитај повеќе >
 
Соопштение од одржана седница на Управен одбор на Здружението на судиите на Република Македонија
05.06.2017
Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија, на седницата одржана на 01.6.2017 година, ги усвои предлог измените и дополнувањата на Статутот на Здружението, предложени од Комисијата за нормативна дејност, а по претходно спроведена јавна расправа во подружниците на ЗСРМ. Во оваа насока, Управниот одбор ги разгледа и подготвителите активности за одржување на редовното Годишно собрание и усвои мерки за негово успешно организирање. На оваа седница, Управниот одбор расправаше и за состојбата со платите во судството, при што уште еднаш заклучи дека надлежните органи, односно Судскиот Совет на РМ и Судски буџетски совет, не манифестираат релевантен пристап кон ова прашање т.е барањата на судиите за законско усогласување на платите и последните покачувања во Јавното обвинителство. Оттука, Управниот одбор на ЗСРМ повторно остро реагира на таквото однесување и повикува на соодветен и одговорен пристап кон овие прашања,со цел исполнување на барањата на судиите. Во овој контекст и понатаму Управниот одбор на ЗсРМ, инсистира на воспоставување на вистински дијалог за изнаоѓање на соодветно решение. Овие активности на Управниот одбор, водени се, од ставовите и препораките на подружниците, кои воедно ги осудуваат ваквите постапки на надлежните органи и ги охрабруваат активностите на Управниот одбор и претседателот на Здружението, се до изнаоѓање на соодветно решение, со предлог - мерки за модификација на досегашните активности, во однос на ова прашање. Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ, расправаше и за новите предизвици во судството, притоа ја утврди потребата од градање на соодветен пристап, а со цел зачувување на автономниот пристап на Здружението, во напорите за заштита на интересите на судиите.
прочитај повеќе >
 
Финансиски извештај за работата на Здружението на судиите на Република Македонија за периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016 година
30.04.2017
прочитај повеќе >
 
СООПШТЕНИЕ
20.04.2017
Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија на седница одржана на 20.4.2017 година, расправаше за состојбата со платите во судството, и притоа заклучи дека е потребно продолжување на активностите до целосна реализација на заложбите за нивно зголемување согласно зголемувањата на платите во јавното обвинителство. Во таа насока, Управниот одбор ги поддржа досегашните напори на претседателот на Здружението со предлог истите да продолжат и да бидат насочени кон надлежните институции, особено кон Судскиот Совет на РМ и Судски Буџетски Совет. Управниот одбор утврди дека надлежните органи не покажале сериозен пристап кон ова прашање и барањата на судиите, па оттука остро реагира на таквото однесување и повикува на соодветен ангажман со цел исполнување на барањата на судиите засновани на релевантната законска регулатива, а заради заштита на достоинството и угледот на судијата и судиската функција. Управниот одбор заклучи, дека е потребно натамошните активности да се насочат во правец на отворање на вистински дијалог за изнаоѓање на соодветно решение, а за таа цел овие активности да бидат водени и од ставовите и препораките на подружниците.
прочитај повеќе >
 
10 дневна тренинг - програма за спроведување на правдата во Лајден и Хаг, Холандија од 7-16 Јуни 2017 година
12.04.2017
Во рамки на својата Матра програма на обуки за владеење на правото, Холандската амбасада објавува повик за 10-дневна тренинг - програма на тема „Спроведување на правдата“, од 7-16 Јуни 2017 година. Програмата е наменета за судии со искуство заинтересирани за судски менаџмент и одговорности за организација во спроведување на правдата. Вкупниот број на учесници е 36 судии, од 10 различни земји и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија, Турција и Украина. Холандската влада обезбедува целосна стипендија за избраните учесници. Краен рок за аплицирање е 25 Април (вторник), на следниот линк: http://www.nhc.nl/topics/matra_rule_of_law_training_programme/application_procedure_administration_of_justice/ Во прилог е брошурата со детални информации за програмата.
прочитај повеќе >
 
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПРАВОСУДСТВОТО
03.04.2017
Во рамките на проектот Денови на правосудството – Независност и ефикасност на судството, Здружението на судиите на Република Македонија со поддршка на Отсекот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Британската амбасада и Центарот за правни истражувања на 31.3.2017 година го одржа завршниот настан, на кој му претходеа три регионални дискусиони форуми. На настанот се обратија амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Соумалаинен, и Британскиот амбасадор, Чарлс Гарет. Абасадорката ја истакна определбата на Мисијата кон поддршка на активностите на Здружението на судиите, а во насока на реформата во правосудството, додека Британскиот амбасадор, Чарлс Гарет, ја нагласи неопходноста од зајакнување на владеењето на правото во Република Македонија, и во оваа насока ја истакна подршката на Велика Британија. Во рамки на работниот дел, свое обраќање имаше претседателот Саити, кој се осврна на активностите на Здружението, насочени кон независно и самостојно судство, притоа ја нагласи потребата од меѓу – институционално координирање на активностите. Во продолжение ја истакна потребата од вистинско балансирање помеѓу независноста и одговорноста на судиите, интегритетот, надградување на етичките стандарди, како и градење на стратегија за односи со медиумите. Останува предизвикот кон градење вистински стандарди, кои ќе бидат сеопфатни и објективно мерливи, и ќе доведат до реална проценка за независноста и довербата на граѓаните кон судството. Претседателот на Врховен суд на Република Македонија, судија Јово Ванѓеловски, се осврна на моменталната состојба во судството и потребата за ревидирање на клучните законски решенија кои се однесуваат на статусот на судиите, како и повеќе дискутабилни материјални и процесни закони. На пленарната седница се обрати претседателката на Здружението на судии на Република Србија, судија Драгана Бољевиќ, која ја образложи улогата на професионалните здруженија во реформските процеси на правосудниот систем. На свечената академија која следуваше по работниот дел, се обратија и министерот за правда на Република Македонија, г-дин Валдет Џафери, и претседателот на Судски Совет на Република Македонија, г-дин Зоран Караџовски, при што на присутните им го честитаа Денот на правосудство со порака за понатамошна идна соработка во светло на јакнење на капацитетите на судството.
прочитај повеќе >
 
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ПРАВОСУДСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
24.03.2017
Одбележувајќи ги деновите на правосудството, Здружението на судиите на Република Македонија во соработка со Отсекот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Британската амбасада и Институтот за правни истражувања и анализи имплементираше три форуми за дискусија за претставниците од судството на четирите апелациони подрачја и централен завршен настан кој ќе се одржи на 31 март 2017 година, во хотелот “Александар Палас“ во Скопје. Работната сесија на централниот завршен настан, е со почеток во 10.00 ч., додека свечената академија која е отворена за сите судии и релевантните чинители на правосудсниот систем започнува во 14:00ч. Агендата за настанот е во прилог.
прочитај повеќе >
 
ДИСКУСИЈА ЗА СУДСКАТА ПРАКСА НА ФОРУМ ВО БИТОЛА
24.03.2017
По повод Денот на правосудството, Здружението на судиите во рамки на планираните активности организираше низа форуми за дискусија за различни аспекти на независноста и ефикасноста на судството. Третиот од низата форуми за дискусија се одржа во заедничката соработка со Центарот за правни истражувања и анализи, на 23 март 2017 година, во хотелот “Епинал“ во Битола. Целта на расправата беше да овозможи дискусија меѓу судиите од подрачјето на Апелационен суд Битола за прашања поврзани со развојот и промоцијата на судската пракса во Република Македонија. Како и на претходните форуми, во Битола беа усвоени заклучоци кои произлегоа од дискусијата на судиите и експертите, а истите ќе бидат промовирани на Завршниот форум предвиден за 31 -ви март 2017 година.
прочитај повеќе >
 
ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗСРМ ВО ВРСКА СО СОСТОЈБИТЕ СО ПЛАТИТЕ ВО СУДСТВОТО
20.03.2017
На 17.3.2017 година, Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија одржа телефонска седница во врска со состојбите со платите во судството, а во контекст и на последните зголемувања на платите во јавното обвинителство, на која беше прифатен предлогот на претседателот на Здружението, да ги продолжи активностите во ова насока, пред надлежните органи, се до изнаоѓање на задоволително решение.
прочитај повеќе >
 
втор регионален форум во скопје
16.03.2017
По повод Денот на правосудството 31 - ви март, а во рамките на проектот Денови на правосудството – Независност и ефикасност на судството, Здружението на судиите на Република Македонија со поддршка на Отсекот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 16.03.2017 година, во Скопје го одржа вториот регионален форум, на кој учествуваа судии од Апелационите подрачја Скопје и Гостивар, на тема „Независност на судството – Предизвици за независно судство, балансирање помеѓу судската независност и одговорност“, на која учесниците дебатираа за повеќе правни и практични аспекти, со акцент на националните и меѓународните гаранции за независно судство, интегритет и други прашања од важност за зголемување на довербата во судството. Фокусот на главната расправа беше насочен на предизвиците за независно судство, институционална и финансиска независност; основните стандарди за избор и разрешување на судиите. Стана збор за претпоставките за судскиот интегритет со фокус на концептот на оценување на работата на судиите и нивниот професионален развој, како и целта на оценувањето vis a vis унапредувањето во кариерата. На овој форум беа усвоени соодветни заклучоци како дел од финалните заклучоци, кои ќе бидат промовирани на Завршниот форум предвиден за 31 -ви март 2017 година.
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот на ЗСРМ со министерот за правда
14.03.2017
Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити, придружуван од потпретседателката - судија Емилија Шопар Јованова, и членот на Управниот одбор - судија Шпенд Деваја, на 13.03.2017 година оствари средба со министерот за правда, г-дин Валдет Џафери. На средбата соговорниците разговара за моменталните состојби во судството и тековните активности на ЗСРМ, притоа претседателот Саити го пренесе незадоволството на судиите за состојбата со платите и нивното неусогласување, а поттикнато од последните зголемувања на платите во јавното обвинителтво, сето ова имајќи ја предвид Уставната и законска поставеност на судството. Во овој контекст, претседателот Саити ја изрази својата загриженост за платите на судиите и судската администрација и побара министерот Џафери согласно своите надлежности да преземе соодвети активности за надминување на ваквата состојба. По кратко запознавање на претставниците на Здружението со текот на овој процес, министерот Џафери изрази подготвеност да се заложи за поставување на ваквите барања на судиите во агендата на Владата, со цел изнаоѓање на соодветни рашенија. Во продолжение, министерот беше информиран за текот на проектот Денови на правосудството, кој се одвива овој месец, а ќе финализира на 31 март, со централната манифестација за одбележување на денот на правосудството, за што министерот даде конкретна подршка.
прочитај повеќе >
 
Одржан регионален форум за дискусија во Штип
10.03.2017
По повод Денот на правосудството 31 - ви март, а во рамките на проектот Денови на правосудството – Независност и ефикасност на судството, Здружението на судиите на Република Македонија со поддршка на Отсекот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 09.03.2017 година, во Штип го одржа првиот регионален форум, на кој учествуваа судии од Апелационото подрачје Штип, на тема „Судиска етика и одговорност на судиите“,на која учесниците дебатираа за повеќе правни и практични аспекти кои се однесуваат на независно и самостојно судство, со акцент на националните и меѓународните гаранции за независно судство, интегритет и други прашања од важност за зголемување на довербата во судството. На овој форум беа усвоени соодветни заклучоци како дел од финалните заклучоци, кои ќе бидат промовирани на Завршниот форум предвиден за 31 -ви март 2017 година.
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот Саити со амбасадорката на ОБСЕ Соумалаинен
08.03.2017
Претседателот Саити придружуван од потпретседателката - судија Емилија Шопар Јованова, и членот на Управниот одбор - судија Лидија Димчевска, на 06.03.2017 година остварија средба со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Соумалаинен. Амбасадорката ја истакна опредлбата на Мисијата за поддршката на правосудството во Република Македонија, во насока на понатамошниот развој на правосудниот систем согласно новите предизвици. Претседателот Саити во име на Здружението, изрази благодарност за поддршката од страна на Мисијата на ОБСЕ, која е од одгромно значење за реализација на планираните активности и подобрување на капацитетите на Здружението, со надеж дека оваа соработка ке продолжи, а во насока на градење на општоприфатени стандарди за независно и самостојно судство, како основна определба на Здружението.
прочитај повеќе >
 
СООПШТЕНИЕ
07.03.2017
Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија во врска со нападите над материјалните добра на судија Билјана Белевска Пројковска, на ден 07.3.2017 година го дава следното: СООПШТЕНИЕ Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија го осудува нападот над материјалните добра на судија Билјана Белевска Пројковска, судија во Основен суд Охрид, и особено доколку истите се насочени кон заплашување, односно обид за влијание во постапката за правораздавање. Истовремено, Здружението на судиите ја истакнува својата загриженост од ваквите и случни напади на личниот интегритет и безбедност на судиите, во очекување дека надлежните органи во рамките на своите овластувања ќе преземат мерки за заштита и соодветно процесуирање на овие случаи.
прочитај повеќе >
 
Денови на правосудството – независност и ефикасност на судството
28.02.2017
По повод Денот на правосудството 31 - ви март, а во рамките на активностите предвидени со годишната програма за работа, Здружението на судиите на Република Македонија и Отсекот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во текот на месец март организираат низа форуми на кои ке се дискутира за различни аспекти во однос на независноста и ефикасноста на судството.
прочитај повеќе >
 
Здружението на судиите со свои претставници на тркалезна маса во CEELI – Институт, Прага
06.02.2017
Во периодот од 26-28 Јануари 2017 година, во седиштето на CEELI – Институтот во вила Гребовка, Прага, Република Чешка, се одржа судска тркалезна маса на која учествуваа 30 судии од 17 држави од централна, источна и југоисточна Европа. На покана на Институтот, Здружението учествуваше со свои претставници-членови на Управниот одбор, судија д-р Лазар Нанев и судија Бетим Јахја. Во рамки на работниот дел, судиите и останатите претставници дискутираа на тема „Практичните антикорупциски прашања со кои се соочува правосудството“, преку презентација на меѓународните стандарди и европските антикорупциски тела. На тркалезната маса свои излагања имаа судии и експерти кои преку практични примери се осврнаа на прашања посебни и карактеристични за антикорупциските случаи.
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот Саити со евроамбасадорот Жбогар
23.01.2017
Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити придружуван од потпретседателката - судија Емилија Шопар Јованова, и членовите на Управниот одбор - судија Шпенд Деваја и судија д-р Лазар Нанев, на 17.01.2017 година остварија средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар. На средбата претседателот Саити накусо го информираше амбасадорот Жбогар за работењето на Здружението, со акцент на активностите кои се однесуваат на статусот на судиите и други прашања во врска со јакнењето на независноста и транспаренстноста во судството. Двете страни изразија задоволство од досегашната успешна соработка, потенцирајќи ја потребата за интензивирање на истата преку конкретни активности кои ќе бидат утврдени во периодот кој следува. На крајот, соговорниците ја истакнаa потребата од унапредување на партнерскиот однос на Здружението и Делегацијата како неопходен фактор за позитивен импут во однос на напредокот на државата.
прочитај повеќе >
 
Одбележан денот на човековите права
29.12.2016
На 9-ти Декември 2016 година на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово беше одбележан Денот на човекови права, на кој учествуваа претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р.Џемали Саити и судија Шпенд Деваја, член на Управниот одбор на Здружението. На панел дискусијата поздравно обраќање имаше проф.д-р Замир Дика, ректор на Универзитетот. Во работниот дел претседателот Саити имаше свое излагање на тема „Моменталните предизвици на судството во Република Македонија“.
прочитај повеќе >
 
Учество на обука за криминал во животната средина
29.12.2016
Во рамки на проектот „Промовирање на регионална соработка во Југоисточна Европа преку воспоставување на мрежа на надлежни институции оговорни за животна средина и правда“ која се спроведува од страна на Реионалниот центар за животна средина за Центраална и Источна Европа (РЕЦ), а со финансиска поддршка на Австриската развојна соработка, во периодот од 22-24 Ноември 2016 година во Хотел „Епинал“, Битола, е одржа обука на тема: Спроведување на законодавството за животна средина и криминал во животната средина. На обуката, на која учествуваа 10 судии – членови на Здружението на судиите на Република Македонија, присуствуваа меѓународни експерти од оваа област од Австрија и Хрватска, како и национални претставници од повеќе релевантни институции: Државниот инспекторат за животна средина, Министерството за животна средина и просторно планирање, Интерпол, Министерство за правда, Царинската Управа на Република Македонија, Јавно обвинителство, како и други претставници од експертската област.
прочитај повеќе >
 
Средба на претседателот Саити со германската амбасадорка Алтахузер
06.12.2016
Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити на 05.12.2016 година, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, д-р Кристине Д. Алтхаузер. На средбата претседателот Саити ја запозна амбасадорката Алтахаузер со динамиката на работење на Здружението во последниот период и правецот во кој се движат предвидените активности. Во рамките на средбата беше истакната досегашната соработка на Здружението на судиите на Република Македонија со Германската амбасада, како и соработката со IRZ - Германската фондација за меѓународна правна соработка, како партнери чија поддршка е значајна за имплементација на активностите кои Здружението ги планира во претстојниот период.
прочитај повеќе >
 
СООПШТЕНИЕ
29.11.2016
На 23-ти Ноември 2016 година во хотел „Арка“, во Скопје, се одржа стручна и научна расправа на тема „Судско одмерување на казните и практична примена на алтернативните мерки во македонското законодавство“ во организација на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија во соработка со Здружението на судиите на Република Македонија и IRZ – Германска фондација за меѓународна правна соработка, на која учествуваа судии, обвинители, адвокати, универзитетски професори, домашни и странски експерти, како и претставници од државните институции. Учесниците се осврнаа на предизвиците при практичната примена на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната и примената на алтернативните мерки во Република Македонија, а во контекст на Законот за пробација, за што ќе бидат изготвени конкретни заклучоци и предлози, кои на соодветен начин ќе бидат проследени до стручната и научна јавност.
прочитај повеќе >
 
Презентација на Кодексот на судиска етика за судиите во Република Македонија
22.11.2016
На 21-22.11.2016 година во Скопје се одржа дводневна презентација на Кодексот на судиска етика за судиите во Република Македонија, во организација на Здружението на судиите на Република Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, со финансиска поддршка од ИПА – проектот 2010 – „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и унапредување на пробациската служба и алтернативните мерки.“
прочитај повеќе >
 
СООПШТЕНИЕ
17.11.2016
Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити на 16.11.2016 година, оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Н. Е. Ваутер Пломп. На средбата беше истакната досегашната соработка на Здружението на судиите на Република Македонија со амбасадата на Кралството Холандија во Р. Македонија, чија што поддршка е во насока на континуираните напори за зајакнување на независноста и самостојноста на судството, владеење на правото и правната држава. Меѓудругото, се разговараше за актуелните состојби во судството и идните правци на неговиот развој, како и поставените приоритети на Здружението на судиите на Република Македонија.
прочитај повеќе >
 
Стручна расправа на тема „Судско одмерување на казните и практична примена на алтернативните мерки во македонското законодавство“
08.11.2016
Здружението за кривично право и криминологија на Македонија во соработка со Здружението на судиите на Република Македонија и IRZ - Германската фондација за меѓународна правна соработка, на 23.11.2016 година во хотел Арка, со почеток во 10.00 часот ќе организираат научна и стручна расправа на тема „Судско одмерување на казните и практична примена на алтернативните мерки во македонското законодавство“.
прочитај повеќе >
 
Одржана првата Меѓународна Судска Конференција во Охрид, 28-29.10.2016
03.11.2016
Во периодот од 28-20 Октомври 2016 година, во Охрид се одржа прва Меѓународна судска конференција во организација на Врховниот суд на Република Македонија и Здружението на судии на Република Македонија, а во соработка со CEELI Institute Prague и со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, на која учествуваа претседатели на судови и судии од повеќе држави и претставници на здруженија на судии од регионот.
прочитај повеќе >
 
СООПШТЕНИЕ