Во рамки на проектот „Промовирање на регионална соработка во Југоисточна Европа преку воспоставување на мрежа на надлежни институции оговорни за животна средина и правда“ која се спроведува од страна на Реионалниот центар за животна средина за Центраална и Источна Европа (РЕЦ), а со финансиска поддршка на Австриската развојна соработка, во периодот од 22-24 Ноември 2016 година во Хотел „Епинал“, Битола, е одржа обука на тема: Спроведување на законодавството за животна средина и криминал во животната средина.
На обуката, на која учествуваа 10 судии – членови на Здружението на судиите на Република Македонија, присуствуваа меѓународни експерти од оваа област од Австрија и Хрватска, како и национални претставници од повеќе релевантни институции: Државниот инспекторат за животна средина, Министерството за животна средина и просторно планирање, Интерпол, Министерство за правда, Царинската Управа на Република Македонија, Јавно обвинителство, како и други претставници од експертската област. |