Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Презентација на Кодексот на судиска етика за судиите во Република Македонија и Практичен водич за новиот етички кодекс
 
July 14, 2016
     На 11.7.2016 година во Гостивар се одржа презентација на Кодексот на судиска етика за судиите во Република Македонија, во организација на Здружението на судиите на Република Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, со финансиска поддршка од ИПА – проектот 2010 – „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и унапредување на пробациската служба и алтернативните мерки.“

    Презентацијата се одржа во присуство на судии, јавни обвинители, адвокати, нотари, извршители, како и претставници на невладини организации чие делување е во областа на демократија и владеење на правото. Во работниот дел беше презентиран и Практичен водич за новиот етички Кодекс чија цел е зголемување на способноста на судиите соодветно и со интегритет да ги извршуваат своите должности во согласност со меѓународните стандарди преку спроведување и примена на Кодексот за судиска етика.

Во наредниот период, планирано е презентацијата на Кодексот и Водичот да се одржи на сите апелациони подрачја во Република Македонија.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)