Советодавното тело за судиска етика на денешен ден одржа работилница во Основен суд Битола предвидена со проектот „Функционализација и операционализација на Советодавното тело за судиска етика“ финансиски подржана од страна на Проект на USAID за граѓанско учество.
На работилницата свое учество земаа судии и судии поротници од сите судови во Апелационо подрачје Битола.
По дискусијата се специфицираа потребите на судиите и судиите поротници кои ќе бидат решени во понатамошната работа на Советоданото тело за судиска етика.


|