Здружението на судиите на Република Македонија Ве извествува дека во Јули, 2014 година ќе се одржи третата летна сесија на Меѓународната Академија на судии на Правниот факултет при Универзитетот Хаифа, Израел. Во програмата на третата летна сесија се имплементирани следните три курса:
- Теоретска и компаративна правна постапка
- Владеење на правото: Современи предизвици
- Право и општество
Предавачи на оваа летна работилница ќе бидат најдобите правни експерти и судии на Меѓународната Академија на судии на Правниот факултет при Универзитетот Хаифа.
Правниот факултет при Универзитетот Хаифа е еден од водечките Факултети во Израел, специјализиран за глобална правна едукација, вклучувајќи и специјализирани мастер програми за интер – национални студенти, мастер програми по право и здравје и казнени процедури. Истовремено, овој факултет се фокусира и кон јавно право, човекови права, граѓанско право и други области.
Правниот факултет при Универзитетот Хаифа има развиено експертиза за академски тренинг на судии. Од 2004 година во кооперација со Институтот за Израелски напредни правни студии располага со успешна и единствена мастер програма за израелски судии. Повеќе од 15 % од вкупниот број на судии во Израел, магистрирале по оваа уникатна програма.
Овозможени се два вида стипендии за некои од учесниците на оваа програма: Првата е во износ од 3000 $ и покрива дел од вкупната партиципација во износ од 5500 $ (оваа стипендија не ги вклучува трошоците за сместување, оброци и друго). Втората стипендија е во износ од 5500 $ и ги покрива сите трошоци (со исклучок на трошоците за пат до Израел).
Заинтересирани судии поподробно може да се информираат за условите под кои може да се аплицира и евентуалната своја апликација да ја достават на:
Judgesac@univ.haifa.ac.il
http://weblaw.haifa.ac.il/en/JudgesAcademy
Веруваме дека оваа летна работилница, ќе обезбеди интересна и вредна размена на искуства помеѓу судии од различни држави.
За сите дополнителни информации, Ве молиме да се обратите во канцеларијата на Здружението на судиите на Република Македонија, на тел: 02/3109 943 или 02/3120 913.
|