На 19.10.2015 година, Здружението на судиите на Република Македонија по пат на телефонско јавување ја одржа седмата седница на Управниот одбор на која врз основа на доставеното барање од Академијата за судии и јавни обвинители за назначување на членови и заменици членови на Комисиите за приемен и завршен испит, донесе одлука за номинирање на членови и нивни заменици во наведените комисии.
Согласно член 67 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители за член и заменик член на Комисијата за приемен испит се назначени: Д-р Џемали Саити – судија на Врховен суд на Република Македонија - член; Мирјана Радевска Стефкова - судија на Врховен суд на Република Македонија - заменик член.
Согласно член 98 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители за член и заменик член на Комисијата за завршен испит се назначени: Снежана Ѓорѓиеска- Зекирија – судија на Врховен суд на Република Македонија - член; Исамедин Лимани - судија на Врховен суд на Република Македонија - заменик член. Изборот е направен согласно одредбите од Законот за Академија за судии и јавни обвинители имајќи предвид дека членови и заменици членови на Комисијата за приемен испит и на Комисијата за завршен испит не можат да бидат членовите и замениците на Управниот одбор, Програмскиот совет, Комисиите за завршен и приемен испит, директорот на Академијата како и предавачите и менторите кои се ангажирани во почетната обука. |