На 26.4.2018 година во хотел ТЦЦ Гранд Плаза- Скопје, Здружението на судиите на РМ со поддршка и соработка на Амбасадата на САД во РМ, а во рамки на проектот “Зајакнување на улогата и независноста на судиите во РМ” одржа промоција на правната анализа со наслов “Казнена политика на судовите на РМ и практичната примена на Законот за одредување на видот и одмерување на казните” и “Примена на алтернативните мерки и пробацијата”. Автори на анализата се Судија д-р Џемали Саити, Судија Шпенд Деваја, проф. Беса Арифи и м-р Андреј Божиновски. Анализата е производ на годишното истражување што авторите го направија во рамките на истоимениот проект.
Анализата можете да ја погледнете тука


 |