На 14.11.2018 година се одржа првиот состанок на Работната група при Министерството за правда на РМ за имплементација на преостанатите препораки на ГРЕКО - Четврт круг. Здружението на судиите на РМ има свое учество во работната група преку двајца претставници: судија Весна Стрезовска, судија во Основен суд Скопје 2 Скопје и член на Советодавното тело за судиска етика на ЗСРМ, и м-р Андреј Божиновски, правен советник во ЗСРМ.
На состанокот беше разгледуван Вториот Извештај на ГРЕКО за усогласеност на РМ - Четврт круг, како и Преглед на статусот на имплементација на препораките согласно овој Извештај, по што беше утврдена временска рамка на активностите за имплеметација на препораките.
Во прилог е Извештајот на ГРЕКО. GrecoRC4(2018)6-Final-mac-FYROM-2ndRC-PUBLIC.docx.pdf |