Во првиот ден од работилницата панелистите и учесниците дебатираа за реформата за зајакнување на судството согласно планот 3-6-9 како предуслов за обезбедување на судска независност; Етаблирањето на транспарентни механизми за евалуација одговорност на судиите со посебен фокус на реформата на улогата и надлежностите на Судскиот совет на Република Македонија. Дискусијата заврши со осврт кон професионалното судство преку реформа на критериумите и постапката за избор на судиите.
Во вториот ден од четвртата регионална работилница, учесниците дебатираа за кривичното законодавствто и казнената политика на судовите во светло на Реформата на правосудството, во кое што свое излагање имаа домашни и странски експерти. Правни експерти се осврнаа и на реформата на казнената политика на судовите од теоретски и практични аспекти како и адресирање на нови стратегии за воедначување на казнената политика на судовите. Последниот панел отвори дискусија за нормативните и практичните претпоставки за практичната примена на Законот за пробација во светло на реформата на правосудството.
Последниот ден од тридневната регионална работилница, учесниците и говорниците ја адресираа транспарентноста на судовите и практичните предизвици во случаевите на корпуција на високи јавни службеници, а новинарите панелисти, ја поттикнаа дискусијата за односот помеѓу медиумите и судовите и нивна взаемна соработка.
Заклучоци Маврово.docx |