Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Декларација
 
February 28, 2023
 

ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДИИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ДЕКЛАРАЦИЈА

Усвоена на Шеснаесетото Редовно Собрание одржана на 21 февруари 2023 година

Тргнувајќи од целите и задачите на Здружение на Судиите на Република Северна Македонија, програмските определби и континуираните заложби за самостојно и независно судство, Собранието на ЗСРСМ ја усвои следната декларација:

I

Денес, човековата цивилизација е исправена пред нови предизвици кои го менуваат светот. Оваа состојба, не обврзува да ги удвоиме нашите напори за обезбедување на услови за ефективно функционирање на правосудниот систем, владеење на правото и правната држава.

Денешниот концепт на правна држава секојдневно отвара нови хоризонти на човековите слободи и права, во различни услови на функционрање на државите. Ваквиот концепт, бара широка подршка од надлежните власти (институции), во насока на обезбедување на неопходни правни, материјални и останати претпоставки, за функционирање на правосудниот систем и владење на правото.

Во овој контекст, различните државни власти овозможуваат функционалност на една демократска државата, само доколку секоја пооделно се фокусира на своите надлежности, притоа исполнувајќи ги должностите кои произлегуваат од нивната Уставна поставеност.

II

Здружение на судиите на Република Северна Македонија, со особено внимание ги следи актуелните состојби во судството, особено прашањата кои се однесуваат на независноста и самостојноста на судскиот систем, загарантирани со Уставот и Меѓународните акти и документи.

Здружение на судиите укажува дека независноста на судството е неопходно за обезбедување на непристрасна правда, и поради тоа судијата истата треба да ја подржи и да дава пример на судската независност, во нејзиниот индивидуален и институционален аспект.

Здружение на судиите укажува дека судијата ја врши судската функција независно, врз основа на неговата проценка на факти и во согласнот со совесното разбирање на законот, без никакви надворешни влијанија, поттикнувања, притисоци, закани или мешање од која било страна или од било која причина.

Собранието на ЗСРСМ, најостро ги осудува сите видови на напади и притисоци врз судиите, кои имаат за цел да ја дефокусираат јавноста, од потребите и заложбите на правосудниот сектор.Од друга страна, Собранието ги повикува судиите да го потврдат својот интегритет, преку нивните одлуки и секојдневното однесување, истовремено охрабрувјќи ги медиумите на сеопфатно и објективно пренесување на информациите, со цел овозможување соодветни предуслови за реална перцепција на граѓаните кон работата на судиите.

III

Имајќи ги предвид досегашните напори на ЗСРСМ, нејзината определба за подобрување на материјалниот и севкупниот статус на судиите, низ дијалог со надлежните институции во изминатите години, притоа, манифестирајќи целосно разбирање за капацитетите на државата и условите во кои се одвиваа преговорите со Владата на РСМ, свое волно откажувајќи се од легитимните права кои им припаѓаа и можеа да го остварат по судски пат, судиите манифестират крајна резигнираност и осуда на инертниот однос на надлежните институции од извршната и законодавната власт, кои одбрале процедурално одолговлекување наместо должно постапување, кон барањата на оваа група на граѓани и имплементирање на постигнатиот договор за Измени и дополнувања на Законот за плата на судиите и Законот за плата на членовите на Судскиот совет, јавно презентиран повеќе пати.

Ваквиот приод, не остава впечаток на партнеритет, дијалог и меѓусебно почитување, од причина што јавно преземените обврски од носителите на јавни финкции се посилни и од пишани договори и донесени пресуди, и бараат соодветна имплементација.

Собранието и останатите носители на органи и тела на ЗСРСМ, се затечени од ваквиот приод на надлежните власти, од тие причини судиите ќе продолжат и понатаму со своите напори, се до обезбедувањето на мериторен статус и достоинствени услови за судската власт, која треба да обезбеди функционални гаранции за владеење на правото и правната држава.

Скопје, 21 февруари 2023 година.

                                                                                                                                     Собрание на ЗСРСМ

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)