Судско медиумскиот совет при Здружението на судиите на Република Северна Македонија, денес го одржа 13от состанок, односно првата седница во 2020 година на која беше разгледувана иницијативата на претседателката Гордана Дувњак, а во врска со предлогот на ЈО Ленче Ристоска во однос за преиспитување на одредбите за јавноста на главната расправа во Законот за кривична постапка и судскиот деловник.
Во иницијативата беше наведено дека постои можност за влијание врз сведоците за кои известува јавноста на главната расправа преку директно пренесување на содржината на рочиштето и детали од исказот на сведоците. Понатаму во иницијативата се упатува и на надлежноста на судот како гарант за објективноста и интегритетот на доказите во рамки на судската постапка, вклучително и исказите на сведоците.
На седницата беше поканета ЈО Ленче Ристоска, каде усно ја образложи содржината на предлогот. По нејзиното образложение вклучително и елаборираната европската практика - членовите на Судско медиумскиот совет отворија дебата на која ги изнесоа своите ставови и согледувања за иницијативата.
На следната седница Советот ќе донесе мислење во кое ќе бидат сумирани: Содржината на иницијатавата, мислењата на членовите и завршното советодавното мислење на советот. |