СООПШТЕНИЕ
На 2-3 ноември 2022 година во Гевгелија се одржа VII-та Меѓународна Судиска Конференција во организација на Здружение на судиите на Република Северна Македонија со подршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и CEELI Institute од Прага, на тема Судска независност и самостојност, предизвици, очекувања и решенија, на која учествува судии, претседатели на судови и членови на Судскиот совет на РСМ, судии од земји членки на Европска Унија и земји со отворени преговори за полноправно членство.
На дводневната Конференција учесниците имаа интерактивна дискусија во оснос на прашањата од судската независност и самостојност во светло на поглавје XXXII, низ проценка на ефектите од последната судска реформа во РСМ, транспарентноста и довербата во правосудниот систем, како справувањето со внатрешните и надворешните влијаниа во работата на судиите како и мерките за справување со копрупцијата и судискиот интегритет, гледано и низ призмата на судскиот активизам и дебатата во самата судска власт.
Оваа Конференција имаше за цел, размена на компаративни искуства и согледувања на можни решенија, за зајакнување на судската независност и самостојност, истовремено испракајќи силна порака за потребата од поголема судска автономија, како примарна национална цела, а потоа и исполнување на обврските кои произлегуваат, на патотот кон полноправно членство.
На оваа конференција беа усвоени прелеминиарни заклучоци.
ЗАКЛУЧОЦИ VII -ма Судиска Конференција 02-03 11 2022 година..docx
|