Во контекст на последните случувања и објавените аудио снимки на една од политичките партии, кои во јавноста се конотираат како директно мешање на судската власт и атакт врз независноста на судиите, Здружението на судиите на Република Македонија истакнува загриженост и смета дека е непримерно судиите да се ставаат во состојба јавно да се бранат од притисоци.
Во таа насока Управниот одбор заклучи да го слушне мислењето и да ги сублимира изградените ставови на подружниците на сите судови после кое ќе следи конзинстентен став.
|