Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Одржана Трета регионална работилница во рамки на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во Република Македонија“
 
November 17, 2017

Предмет на научно- стручната расправа беше насочен кон три примарни точки од реформата на правосудството и пристапот до правдата кои се издвојуваат според сериозноста и комплексноста:
- Пристапот на медиумите до правдата како предуслов за судска независност и транспаретност;
- Практичните предизвици во односот помеѓу судството и медиумите со посебен осврт спрема медиумски пристап до судски предмети во кои се вклучени високи државни службеници;
- Теоретски и практични аспекти на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казните.

На научната расправа свое учество земаа американски и домашни практичари и експерти, кои имааа за цел идентификување примери на добри практики како и да ги дискутираат другите судски примери. На крајот од панел – дискусиите беа донесени финални препораки од расправата, во вид на заклучоци ќе бидат земени во предвид за натамошни измени и дополнувања на законските решенија предмет на оваа расправа.

Финални препораки и заклучоци:
- Односнот помеѓу медиумите и судството треба да биде заснован врз професионалнизам, доверба и непристрасно известување.

- Моменталната состојба на односите меѓу медиуите и судството во Република Македонија е на незадоволително ниво.

- Известувањето за судските случаи мора да биде професионално и непристрасно, а не сензационално.

- Единствениот допир со работата на судовите, медиумите ги имаат преку годишните извештаи на работата на судовите за тековната година.

- Иако постои етички кодекс за професионално медиумско известување, најчесто одредбите остануваат мртво слово на хартија и не се применуваат во практиката.

- Потребно е да се изнајдат дополнителни средства за аудиовизуелно снимање на кривичните постапки согласно правилата од ЗКП.

- Потребно е професионално медиумско известување за сите, но и за високопрофилните кривични судења, со запазување на начелото на презумпција на невиност.

- Потребно е продлабочување на соработката со здруженијата на новинари во Република Македонија, за со цел организирање на дополнителни обуки за членовите на судскиот ПР оддел.

- Потребно е зајакнување на капацитетите на ПР службите во судовите, за практична примена на одредбите од Законот за судовите.

- Јавноста преку медиумите мора да има присуство на судските процеси, освен во случаи предвидени во закон.

- Согласно заклучоците од состанокот со судија Роберт Корди од Врховниот суд на Масачусетс, може да се разгледа идејата за создавање на независно судско – медиумска Комисија составена од судии и претставници од медиуите за со цел, изнаоѓање, креирање и спроведување на политики за известување на судските процеси.

- Одредувањето на казната е подрачје кое е отворено за дополнително регулирање со судската практика.

- Воедначувањето на казнената политика треба да се прави согласно одредбите од Законот за судовите и ставовите и мислењата на Врховниот суд на РМ.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)