,, Претседателот на Здружение на судиите на Република Северна Македонија, судија д-р Џемали Саити, оствари средба со Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески.
Двете страни се договорија за давање на афирмативен пристап и изнаоѓање на современи решенија кои ќе одговараат на македонскиот правосуден систем, се со цел подобрување на перцепцијата на граѓаните во судската власт.
Министерот за правда д- р Тупанчески ја поздрави работата на Здружението на судии, на Телото за Етика на судиите и судиите поротници и Судско медиумскиот совет.‘‘
|