Средба на претседателот Саити со евроамбасадорот Жбогар
20.12.2017 година
Претседателот Саити придружуван од потпретседателката - судија Емилија Шопар Јованова, и членот на Управниот одбор - судија Иван Џолев, на 20.12.2017 година остварија средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Во рамки на средбата, соговорниците разговараа за моменталните состојби, правецот и динамиката на реформите во правосудниот сектор, како и за релевантноста и влијанието на Здружението на судиите на РМ како активен партиципент во овие процеси.
Делегацијата на ЕУ изрази спремност за продолжување на соработката и поддржување на активностите на Здружението чија крајна цел е подобрување на статусот на судиите, градење на механизми за обезбедување независно и самостојно судство, заради целосно остварување на принципот на владеење на правото и правната држава.
 |