Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
ЗАПИСНИК со ЗАКЛУЧОК Од седница на Редакциски одбор на Здружението на судии на Република Македонија одржана на 15.01.2013 година
 
January 17, 2013

Редакцискиот одбор на „Судиска ревија“, специјализирано стручно списание на Здружението на судиите на Република Македонија во состав од Ранко Максимовски – уредник на списанието, Зоран Михајловски, Виолета Илиевска и Иван Џолев – членови на одборот и претседателот на Здружението на судии – Судија Николчо Николовски,(оправдано отсутна  судијата Мирјана Радевска – член на одборот), одржа состанок на кој беше разгледан предложениот текст на Фиданчо Стоев – судија во пензија, насловен како Управно – судската заштита на човековите права.

  На почетокот на седницата, Претседателот на ЗСРМ, Николчо Николовски, истакна дека треба да се има предвид Одлуката за промена на формата и начинот на издавање на списанието „Судиска ревија“, од пишана во електронска форма, донесена на 11.07.2011 година. Во таа насока, додаде дека загрижува фактот што судиите не ја прифатија ВЕБ страната на ЗСРМ и можностите кои таа ги пружа за комуникација, размена на мислења, објавување на стручни мислења, дилеми и сл., а посебно што во делот на „Судиска ревија“, скоро и да нема никава заинтересирансот за објавување на стручни правни мислења и тези. ЗСРМ има заклучок од УО дека е потребно во 2013 година да се превземат активности за реафирмација на интерактивната WEB – страна на ЗСРМ. Како дел од програмските активности на Здружението за 2013 година, предвидено е одржување на четири работилници во сите Апелациони подрачја, со цел актуелизирање на можностите кои ги нуди интерактивната WEB– страна на ЗСРМ, што би допринело и за анимирање на судии за објавување на нивни текстови во „Судиска ревија“.Воедно, побара мислење од присутните членови, како да се афирмира интерактивата WEB – страна, со оглед дека на споменатите работилници, кои имаат за цел актуелизирање на WEB - страната ќе стане збор и за „Судиската ревија“.

  Ранко Максимовски – уредник на списанието „Судиска ревија“, - судија во пензија, додаде дека е важно темата на доставените текстови за објавување да биде во тренд со времето, односно да се обработуваат актуелни прашања од областа на правото. Смета дека доставениот текст на Фиданчо Стоев – судија во пензија обработува актуелна тема, па затоа е согласен текстот да се објави во стручното списание „Судиска Ревија“.

  Судијата Виолета Илиевска се надоврза на претходното, но со оглед на тоа што нема искуство во начинот на работење на Редакцискиот одбор, а текстот и е приложен на седницата, потребно и е време да го прочита, за да даде мислење по однос на напишаното.

  Претседателот, судија Николчо Николовски сугерираше, без да навлегува во квалитетот на текстот, да биде прифатен за негово објавување, со оглед на фактот што тоа е првиот доставен текст, по донесувањето на Одлуката на УО на ЗСРМ, за објавување на „Судиска ревија“ во електронска форма.

  Ранко Максиомовски уредник на списанието „Судиска ревија“, - судија во пензија, наведе дека е потребно анимирање на судиите да пишуваат на актуелни теми, кои претставуваат проблем и тема за полемизирање.

  Судија Иван Џолев, предложи еден од начините за актуелизирање и популаризирање на WEB – страната, а со тоа и судиската ревија, би можело да биде нагласувањето дека списанието во иднина треба да содржи решенија и одредници за проблемите со кои се соочуваат судиите. Смета дека првенствено анимацијата на судиите треба да потекнува од колегиумите во судовите, на начин со кој би им се предочило на судиите дека текстовите наменети за Судиската ревија можат да содржат нивни размислувања и ставови за проблеми со кои секојдневно се сретнуваат.

  Претседателот, судија Николчо Николовски додаде дека треба да се работи за текстови кои не се објавени во други стручни списанија.

 Судија Вилета Илиевска, наведе дека би било корисно, судиите – обучувачи во Академијата за судии и јавни обвинители, доколку се подготвени за соработка, своите презентации да ги преточат во пишани текстови, кои понатаму би се објавиле во „Судиската ревија“.

  Со согласност на сите членови на Редакцискиот Одбор беше донесен следниот

ЗАКЛУЧОК: Да се упати допис до Претседателите на Подружниците на ЗСРМ, со цел да ги запознаат судиите во нивните судови за покренатата иницијатива за објавување на стручното списание на Здружение на судии на Република Македонија „Судиска ревија“.

Да се упати допис до Академијата на судии и јавни обвинители на Република Македонија, судиите – обучувачи, своите предавања и презентации, да ги изработат во пишана форма и да ги презентираат како трудови за нивно објавување во стручното списание на Здружение на судии на Република Македонија „Судиска ревија“.

Овој заклучок да се објави на ВЕБ страната на здружението со цел да се запознае и пошироката стручна јавност за можноста да се објавуваат трудови и статии од разни области на правниот живот, толкувања и примена на правни прописи и правила, меѓународни договори и конвенции, погледи врз организацијата на судството, статусот на судијата и слично, се со цел списанието да се доближи до сите целни групи.

Обајевно на WEB – страната на ЗСРМ, текстовите да се доставуваат до канцеларијата на ЗСРМ или на e – mail: mja@mja.org.mk

Скопје, 15.01.2013 година

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)