Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
свечена академија по повод денови на правосудството
 
April 04, 2019
 На 28 и 29 Март, Здружението на судиите во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, оддржаа прослава по повод Денови на правосудството. На настанот зедоа учество повеќе домашни и странски судии и експерти кои дадоа свои излагања на овогодинешната тема на Денови на правосудството со наслов "На патот кон европско судство: предуслови и предизвици".

Вториот ден од настанот поставен како работен дел се дискутирање за инклузивноста на судиите во решавање на статусните прашања и можностите за нејзино зајакнување со компаративни искуства, на кое учество зедоа и судии од Европа. Во церемонијалниот дел од свечената академија за одбележување на денови на правосудството, свои поздравни говори одржаа г-дин Клеменс Која, амбасадор на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, проф-др. Рената Дескоска, министер за правда на Република Северна Македонија, г-ѓа Микаела Швајзер-Блум, вршител на должност Амбасадор на САД во Република Северна Македонија, Амбасадорот на Кралството Холандија г-дин Ваутер Пломп, како и Претседателот на Здружението на судиите, судијата на Врховниот суд д-р. Џемали Саити, кој во својот говор се осврна на политичкиот контекст, во кој се најде судството во последните години, што само ги потврдува реалните потреби за овој тренд да биде потиснат од стандардизиран и универзално прифатлив, правен систем, креиран низ нашиот пат кон полноправно членство во Евроатлантските структури. Нагласувајќи дека само со етаблиран правен систем, релевантни правни и институционални гаранции ќе обезбедат вистинска судска независност. Исполнувањето на овие заложби, Претседателот потенцира дека е потребно институционално лидерство, кое за жал, досега не беше препознатливо.






Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)