Во 2012 година Здружението на судиите на Република Македонија во тесна соработка со Одделот за владеење на правото имплементираше заеднички проект кој има за цел да ја прикаже тековната казнена политика на домашните кривични судови. Проектните активности вклучуваа формирање работна група од пет судии и ангажирање на домашна консултантска фирма специјализирана за обработка на податоци; развој на основни критериуми за собирање на податоци и, во оваа активност, избор на репрезентативен примерок од пресудите; и изготвување на конечната Анализа за казнената политика. Анализата содржана во оваа книга претставува суштествена алатка, производ на заедничките напори на домашните и меѓународните експерти. Наодите во неа одразуваат слика на тековната казнена пракса на домашните кривични судови, избрани систематски по случаен избор и поткрепени со податоци. Таа е значајна основа која може да им послужи на практичарите од сферата на кривичното право во разгледување прашања и дискутирање околу казните, како и да им помогне на креаторите на политиката во развивањето квалитетни насоки за сите практичари од областа на правото, особено за оние кои се директно вклучени во процесот на спогодување.
MAC Final Sentencing policy Report (web).pdf |