Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВО ВРСКА СО Предлог на закон за изменување на Законот за платите на судиите, по скратена постапка
 
February 28, 2024
 

СООПШТЕНИЕ

Предлог на закон за изменување на Законот за платите на судиите, по скратена постапка.

Управниот одбор на ЗСРСМ, на XXVII (дваесет и седмата) седница одржана на 28.02.2024 година, расправаше за најавените измени на Законот за плати на судии и Законот за плати на членовите на судски совет во скратена постапка, кои се на дневен ред на Пленарната седница на Собранието на Република Северна Македонија, закажана за ден 28.02.2023 година.

Управниот одбор на Здружение на судиите смета дека е неприфатлив ваквиот нетранспарентен начин на работа и одлучување на Собранието на РСМ, без соодветна јавна дебата и вкучување на засегнатите страни, за уште еден од низата закони кои се однесуваат на судската власт како независна и самостојна власт.

Управниот одбор на ЗСРСМ изразува загриженост за ваквиот пристап и во ова време, и ги повикува предлагачите да го повлечат Предлогот на закон за изменување на Законот за платите на судиите иПредлогот на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет, со што ќе се овозможи поширока дебата и содветни консултации на националната и меѓународната регулатива, во која се востановени гаранции за постојаноста на платите на судиите, како легитимни и загарантирани очекувања.

Овој интервенционизам под плаштот на најдобриот општ интерес, преку таканареченото статус - кво на платите на судиите, замислен преку намалување на коефициентите како еден од основните сегменти за определување на личните примања на судиите, претставува директен атак врз судската независност и самостојност, од причина што намалувањето на коефициентот за определување на платите на судиите претставува намалување на примањата како легитимини очекувања на судиите, спротивно на веќе воспоставените правни гаранции за платата на судиите и членовите на Судскиот совет на РСМ.

На место очекуваното зголемување на коефициентот договорен низ шест-годишен дијалог на ЗСРСМ и Владата на РСМ, денес сме сведоци на суспендирање на договореното, сега веќе со образложение дека е обезбедено издржливо уставно решение.

Од тие причини, уште еднаш го повикуваме предлагачот да ги повлече овие измени, со што ќе се евитираат непотребните трошоци по буџетот на државата, при евентуална реакција на судиите во соодветни судски постапки.

Несогласувајќи се со овој пристап, Здружението на судиите ќе ги употреби сите можни правни и останати средста за суспензија на овие евентуални законски измени, кои ги доведуваат во прашање загарантирани лични примања на судиите.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)