Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Одржана 24-та седница на Управниот одбор на Здружението на судиите на Република македонија
 
February 15, 2019

    Здружението на судиите на Република Македонија, на денешната 24-та седница на Управниот одбор расправаше за состојбата со платите и додатоците на плата на судиите, по одржаната средба на претседателот на Здружението во придружба на претседателите на четирите апелациони судови во Владата на РМ и добиените произнесувања од подружниците во однос на овие разговори и понудениот пакет-мерки за решавање на ова прашање. 

    Управниот одбор заклучи дека понудениот пакет-мерки за платите на судиите и останатите додатоци на плата треба да се прифати, а со оглед на фактот дека тој нуди системско решавање на ова прашање, но, Управниот одбор смета дека треба да се обезбедат соодветни формални гаранции за исполнување на оваа понуда, односно договор, при што ги усвои следните предлог-мерки кои треба да се достават до Владата на РМ : 
 
        1.  Веднаш да се формира работна група од страна на Министерството за правда, Министерството за финансии и ЗСРМ која ќе пристапи кон изготвување на законски решенија за измени и дополнувања на Законот за плати на судиите во делот на коефициентот за утврдување на платите на судиите и основицата за пресметување на платите.

        2.  Да се пристапи кон исплата на две заостанати побарувања на додатоци на плата за 2016 година, со што ќе се покаже спремност за реализација на пакетот мерки.

        3. Расправајќи по информации од членовите на Управниот одбор, Зздружението на судиите, остро ги осудува евентуалните притисоци кои се насочени кон судиите, во однос на нивната одлука за начинот на остварување на правата за додатоци на плата, и смета дека тие се контрапродуктивни и не доведуваат до суштинско решавање на ова прашање.

    Управниот одбор, уште еднаш го афирмира ставот дека платите и останатите примања по основ на плата, се лични и поединечни права на судиите и за истите тие треба да одлучат поедниечно, при тоа, имајќи го во предвид понудениот пакет од страна на Владата на РМ, начинот и времето за остварување, но секако и перспективата на отворениот дијалог и можните трајни решенија во полза на судиите. 

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)