Здружението на судиите на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани судии, адвокати, правници, истакнати професори по правни науки, да испратат свои трудови за публикација во специјализираното списание "Судиска Ревија". Темите не се ограничени, можат да бидат трудови и статии од разни области на правниот живот, толкување и примена на правни прописи и правила, меѓународни договори и конвенции, погледи врз организацијата на судството, статусот на судијата и слично.
Текстовите ќе се примаат во електронска форма преку официјалниот e- mail на Здружението на судиите на Република Македонија - mja@mja.org.mk кои потоа ќе бидат разгледувани и редактирани од страна на Редакцискиот одбор.
За сите редактирани и одобрени текстови кои ќе бидат објавени во Судиската Ревија, ќе бидат исплатени соодветни надоместоци согласно чл.8 од Правилникот за начинот за издавање на стручното списание на Здружението на судиите на Република Македонија „Судиска ревија“, усвоен на седница на Управен одбор, одржана на ден 11.07.2011 година. |