 Денеска во Апелацискиот суд во Штип четиринаесетина судии од ова апелациско подрачје, академци од Академијата за судии и јавни обвинители и стручни соработници, присуствуваа на обуката за комуникациски вештини и односи со јавност што ја одржаа новинарите Елена Ивановска-Мукоска и Васко Маглешов.
 Учесниците на обуката пишуваа соопштение за јавност, изрекуваа пресуда пред ТВ камера...
 Обуката е дел од активностите на Судско-медиумскиот совет, што се реализира со поддршка на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, со цел продлабочување на довербата и соработката меѓу судиите и новинарите. |