На 21.9.2015 година во просториите на Здружението на судиите на Република Македонија, потпретседателот на Здружението, судија Антоанета Димовска, одржа работен состанок со експерт од Литванија, г-ѓа Реда Молиене, директор на Националната судска администрација на Литванија. На работниот состанок потпретседателот судија Антоанета Димовска и експертот од Литванија г-ѓа Реда Молиене разговараа за активностите за подобрување со перформансите на ССРМ и изготвувањето на критериуми за оценување на квалитетот на работењето на судиите.
Во изминатиот период Здружението на судиите на Република Македонија одржа неколку работни состаноци.
На 18.5.2015 година во просториите на Здружението на судиите на Република Македонија се одржа работен состанок на кој присуствуваа: потпретседателот Антоанета Димовска, судија Надица Андреева и седум експерти од различни области од Европската комисија во Брисел. Состанокот е одржан по барање на г-дин Реинхард Прибе од Брисел, поранешен директор во Директоратот за проширување во Европската комисија во Брисел. На состанокот се разговараше на теми околу актуелните состојби во Република Македонија како и анализа и техничка експертиза на истите.
На 17.6.2015 година во просториите на Здружението на Република Македонија се одржа работен состанок на кој присуствуваа потпретседателот на Здружението судија Антоанета Димовска и тројца претставници на Институтот за европска политика (ЕПИ). На работната средба се разговараше за можна соработка во рамките на проектот „Мрежа 23“, финансиран од Европската комисија во рамките на ИПА Компонента I - Програма за поддршка на граѓанско општество.
На 03.9.2015 година потпретседателот на Здружението на судиите на Република Македонија судија Антоанета Димовска одржа работен состанок со правниот експерт Петер Ѓортлер од Данска и тројца претставници од Центарот за правни истражувања и анализи. На работниот состанок се разговараше за целта на проектот „Поддршка за воспоставување на унифицирана судска пракса во македонскиот правен систем“ имплементиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи. |