Работилницата на тема “Известување за правдата: Патоказ за унапредување на судско-медиумските односи за судии и новинари”, беше со цел да го унапреди дојалогот помеѓу новинарите и судиите во аспект на известување на судските случаи и јакнење на јавната доверба во работата на судството, а кон насока на создавање на Судско-медиумската комисија. Клучни говорници на овој настан се г-ѓа Анне Шварц- Директор за комуникации и односи со јавност на Министерството за правда на Висконскин и Г-дин Кристофер Лајгл, Помошник јавен обвинител-Министерство за правда на Висконскин. Фокусот на работилницата беше насочен кон овозможување на платформа за дискусија за заеднички прашања меѓу новинарите и судиите и како да се подобри судската транспарентност. Во заклучноте согледувања, г-динот Дејвид Стивенсон се осврна на потребата за понатамошен дијалог меѓу новинарите и судиите, бидејќи и судиите и новинарите работат за иста цел - за граѓаните. Претседателот на Здружението на судиите - д-р Џемали Саити, судија на Врховниот суд укажа на потребата за заемно запознавање на професиите, како и овозможувањето на дополнителна обука и едукација и за судиите и новинарите. Учесниците на дискусијата заедно ја потврдија идејата за етаблирање на Судско-медиумски совет во кои на неформален начин би се дискутирале прашањата од заеднички интерес на судиите и новинарите. |