Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Одржана седница на дванаесеттото Редовно Годишно Собрание
 
June 16, 2017

Собранието расправаше и за моменталните состојби во судството, при што ги донесе следните заклучоци:
• Собранието на ЗСРМ, ја утврди потребата од отварање на процесот на реформски активности во секторот правосудство, во Република Македонија, со цел зајакнување на судската независност, преку креирање на соодветни нормативни и останати претпоставки,
• Собранието препорачува вклучување на Здружението во работните тела на институциите, надлежни во постапката за донесување на закони и други правни претпоставки, во однос на судството, како единствен релевантен партнер,
• Собранието, заклучува дека е потребен проактивен пристап на Здружението, преку самостојни анализи на состојбите во судството и изготвување на предлог законски решенија,
• Собранието препорачува, релевантно учество на ЗСРМ,во имплементацијата на новите законски решенија, особно по прашањата од статусен карактер (обезбедување на независни механизми за следење на работата судските органи и тела, како што се судскиот совет и судски буџетски совет, мониторирање и контрола на работата на овие органи и други прашања од интерес за судиите),
• Во однос на сите овие прашања потребно е воспоставување на  партнеритет и градење на мерки на доверба, со надлежните органи, но и креирање на препознатливи механизми за зачувување на автономијата и самостојноста при делувањето,
• Собранието изразува загриженост за несоодветниот пристап на надлежните органи во врска со финансирањето на судството и платите и другите надоместоци на судии и ги повикува истите да превземат активности во насока на воспоставување на вистински дијалог со ЗСРМ, за изнаоѓање на соодветно решение.
• Собранието, изразува загриженост за степенот на доверба во судството, и предлага воспоставување на релевантни индикатори за мерење на судската независност, со цел утврдување на степенот на веројатност на перцепцијата врз судството, во досегашниот и идниот период.

 

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)