На 28.08. 2018 година, претседателот Џемали Саити, придружуван од потпретседателката Емилија Јованова Шопар, одржаа состанок со делегација на конгресмени, млади политички лидери, во просториите на Здружението на судиите.
На состанокот, претседателот ја нагласи важноста на Здружението во реформскиот процес на државата, како и мал осврт на тековните реформски процеси. Претседателот, исто така, се осврна на предизвиците со кои се соочуваат судиите како и напорите за нивно надминување. Делегацијата на конгресмени, ја препознаа и поздравија заложбата на Здружението во процесот на реформи, и споделија нивни позитивни искуства од САД.
|