Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Информација за инцидент и размислувањата на Норвешкото здружение за предлог мерки за нивно отстранување
 
November 28, 2014

Здружението на судиите на Република Македонија како член на Меѓународната асоцијација на судии, на ден 28.11.2014 година доби информација од страна на Норвешката асоцијација за претрпување на сериозен безбедносен инцидент врз судија од Норвешка.

Норвешката асоцијација на судии ја испрати следнава информација, со цел добивање размислувања за предлог мерки за нивно отстранување:
„Во текот на летото 2013 година судија во Норвешка доживеа сериозен безбедносен инцидент. Неговата куќа беше запалена, додека неговата ќерка и пријателот спиеја на приземје. Ќерката и нејзиниот пријател беа спасени во последен момент, но куќата е целосно уништена во пожарот.
Случајот е под истрага за подметнување пожар. Неколку дена пред инцидентот  судијата добил закани, кои се исто така под истрага. Постои причина да се верува дека нападот е директно поврзан со работата на судијата.  Потоа, ова  може да се смета како напад врз судиската активност и напад врз владеењето на правото. Ова претставува и закана на клучните вредности во нашиот Устав, и судиите мора да бидат заштитени од ваквите напади.

По инцидентот голем број на основни и практични прашања и проблеми беа собрани, и во нив биле вклучени прашањата поврзани со:
• Можност за судијата да продолжи да ја спроведува својата независна судиска функција
• Надоместок за економски и неекономски загуби за сите засегнати страни (на судијата и на неговото семејство)
• Покривање на трошоците поврзани со безбедносни мерки превземени од страна на полицијата
• Покривање на сите правни трошоци кои не се опфатени со бесплатна правна помош.

Судската администрација формираше работна група со членови од Норвешката асоцијација на судиите и судската администрација за да се испитаат прописите и постапките, а исто така и да се предложат нови правила и прописи за третман по сериозни безбедносни инциденти за кои се верува дека имаат директна врска со судиската активност.

Моето прашање е дали има било какви правила или упатства за ова во Вашите земји, или ако имате познавања од овие правила и политики во целина.

Со почит,
Ingjerd Thune
Претседател на Норвешката асоцијација на судии.“

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)