Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Средба на Судскиот совет со Здружение на судиите: повисоки плати, екипирање на судовите и создавање ефикасен систем
 
March 11, 2022
 

Денеска се одржа работен состанок на претседателката на Судскиот совет и членови на Советот со претседателот и претставници на Здружението на судиите на која се анализираа состојбите во судството со предлог идни активности со цел зајакнување на независноста, ефикасноста и материјалниот статус на судиите.

Во врска со анализираните состојби беше потенцирано дека судството има капацитет и знаење да изгради независен, ефикасен и транспарентен систем, со цел да овозможи правда за граѓаните, а со тоа и да ја зголеми нивната доверба во судството. Беше нагласено дека интегритетот и стручноста на судиите се важни елементи кон обезбедувањето брза и ефикасна правда и дека активностите на Судскиот совет и на Здружението на судиите се во тој правец.

На состанокот беше дискутирано и за неопходноста од екипирање на судовите, како со судии, така и со стручни служби. Беше истакнато дека во иднина мора да се стави фокус на овој сегмент од судството за да можат судовите да бидат поефикасни и поажурни. Определбата за нов кадар во судството станува приоритет и важна задача на Судскиот совет и на Здружение на судиите.

На средбата претседателот ги презентираше активностите на Здружението, за подобрување на материјалниот статус на судиите при тоа истакнувајќи ја потребата од соработка со надлежните судски институции, со цел реализирање на долгогодишните барања на судиите. На средбата беше заклучено дека заложбите за повисоки плати треба да се интензивираат со цел да се обезбеди подобар материјален статус.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)